Горна Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Координати: 41°45′N 20°39′E / 41.750° СГШ; 20.650° ИГД / 41.750; 20.650

Карта на Горна Река на која посветлите делови се местата кои понекогаш се сметаат за горнорекански поради културно-јазичната сличност, но всушност се дел од соседната област Горен Полог

Горна Река (албански: Reka e Epërme) — географска и етнографска област која го зафаќа северниот дел од Реканскиот регион, односно горното течение на реката Радика, во Западна Македонија. Нејзината територија административно им припаѓа на општините Маврово и Ростуша и Гостивар. Подрачјето е населено со муслиманско и православно христијанско население со албански како мајчин јазик, познато под името Шкрети, главно со македонско[1][2] и во помал дел со албанско самосознание.[3][4][5][6][7]

Горна Река е изразит планински предел ограничен од планините Кораб на запад, најјужната огранка на масивот на Шар Планина — Ничпурска Планина на север и Бистра на исток, додека на југ е отворена кон долината на Радика, но како пределна граница со Долна Река ја има клисурата Барич. Пределот е изразито алпски и суров со пасишта и говеда. Во поново време, најголемо населено место е селото Врбјани.[8] Областа претставува изолирано и неразвиено подрачје со ограничени комуникациски врски, така што пристапот до него е отежнат во снежни услови за време на зимските месеци.[9]

Населението на областа низ историјата главно се занимавало со земјоделство, а дел од него и денес се занимава со оваа стопанска дејност.[10] Во минатото, областа била склона на иселување поради сезонските или постојаните преселби кон околните области, но и во странство во потрага по повисок животен стандард.[11] Во текот на XIV век, Горна Река била дел од Српското Царство, а по неговиот распад во 1371 година станало дел од Прилепското Кралство со кое владеела династијата Мрњавчевиќ до 1395 година, кога територијата ја освоил отоманскиот султан Бајазит I и истата била дел од Отоманското Царство до Балканските војни во 1912-13 година. Во текот на XX век, таа најпрвин била дел од Кралството Србија, па од Кралството Југославија, Социјалистичка Федеративна Република Југославија и денес од Македонија.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба и пространство[уреди | уреди извор]

Патот кон с. Беличица

Реканскиот регион е поделен на три дела, и тоа: Мала, Долна и Горна Река.[12] Освен како дел од Реканскиот регион, Горна Река се сметала и од албанска гледна точка и натаму се смета за дал од поголемата област Дебар, кој опфаќа повеќе области во околината на градот Дебар, сместени на обете страни од македонско-албанската граница.[13][14][б 1][б 2]

Горна Река се граничи со Косово на север и Албанија на запад.[15] Областа претставува планинско подрачје со алпски пасишта кои се сместени во горниот тек на реката Радика, а потоа продолжува како Долна Река сè до месноста Бошков Мост, блиску до вливот на Мала Река.[15] Северна и североисточна граница на Горна Река е планината Враца во склоп на Шар Планина, која се протега во близина на Ничпурската Планина со највисок врв Лера (2.194 м).[15] Северозападната и западната граница на областа се движи долж планината Кораб со највисок врв Голем Кораб (2.753 м).[15] Тесниот превој меѓу планините Кораб и Шара на надморска височина од 1.920 м овозможува комуникација и заемодејствие со етно-географската област Гора.[15] Низ овој превој, кој ги поврзува тромеѓниот врв Шерупа (2.092 м) и планината Враца поминува најпогодната комуникациска врска (автомобилски пат, пешачки и козји патеки) меѓу историското село Штировица во најсеверниот дел на Горна Река и селото Рестелица на јужниот раб на областа Гора во Косово.[15]

Јужната граница на областа е десниот брег на Радика меѓу селата Врбјани во Горна и Жировница во Долна Река, која ги отсликува комуникациските и географски ограничувања меѓу двете области поради планината Кораб.[15] Патот кој ги поврзува овие две села претставува главен вид на комуникација меѓу двете области во подрачјето кое се простира сè до Дебар.[15] Источниот дел од јужната граница се простира лево од долината на Радика и во тој дел е сместена планината Бистра со највисок врв Меденица (2.163 м).[15] Источниот пат кој се вкрстува со останатите патишта кај селото Волковија започнува од селото Врбен на источната граница на Горна Река.[15] Патот понатаму продолжува до селото Маврови Анови и Мавровското Езеро, а понатаму продолжува кон градот Гостивар. Освен главното течение на Радика, низ Горна Река течат нејзините притоки Длабока, Бродечка и Рибничка Река.[15][16] Планинските пасишта кои месното население ги користи за пасење на стоката главно се сместени во планинските предели Речка Планина, Нистровски Кораб и Ќафа Кадис.[15][16] Вкупната површина која отпаѓа на пасиштата во оваа област изнесува 358,8 км2.[15]

Клима[уреди | уреди извор]

Рисот е подвид кој се среќава во областа

Горна Река е единствената област во Македонија која се одликува со студена алпска клима. Поради големата надморска височина, оваа област е изложена на ветрови кои дуваат од различни правци.[17] Од исток дува т.н. „бел ветар“ кој има силно влијание, а од југоисток и југозапад топлите воздушни маси носат врнежи од дожд.[17] Областа е изложена на невремиња, главно во текот на летото, додека врнежите од дожд, мразот и појавата на град се јавуваат во склад со сезонските временски услови.[17] Зимите се долги со големи количества на снег, додека останатите годишни времиња се кратки.[9] Снежните врнежи започнуваат кон средината на есента, а се задржуваат сè до средината на пролетта.[9] Често се случува врнежи од снег да бидат забележани до крајот на пролетта, а понекогаш и на почетокот од летото.[9] Поради снежните врнежи, Горна Река често е комуникациски изолирана област за време на поголем дел од годината, така што односите со соседните подрачја се значително ограничени, а понекогаш дури е невозможно да се пристапи до него.[9] Во минатото, населението било принудено за време на краткото лето да обезбеио доволно залихи на житарици, зеленчук и други намирници, имајќи предвид дека комуникацијата за време на зимата би била оневозможена.[9]

Жив свет[уреди | уреди извор]

Поголемиот дел од Горна Река, заедно со Долна Река, е дел од националниот парк Маврово.[18] Одделни делови на областа сè уште содржат шуми со стари и автохтони видови на бука, особено во долината на Длабока Река и северниот дел од долината на Радика.[19] Некои делови од шумата биле исечени во текот на 1950-тите за да може да се отвори пат за изнесување на стоката на пасиштата.[19] Горна Река, исто така, е дом на критично загрозениот балкански рис.[19][20][21] Се смета дека во овој регион се наоѓаат помалку од 100 единки.[22]

Историја[уреди | уреди извор]

Потекло[уреди | уреди извор]

Поврзано: Шкрети

Постојат разни теории за потеклото на населението на Горна Река и неговата поврзаност со балканското население. Еден од првите автори кој пишувал на таа тема бил српскиот новинар Спиридон Гопчевиќ. Во неговиот труд за Балканот, кој денес не ужива доверба,[23][б 3] тој наведува дека населението на оваа област се „албанизирани Словени“.[24] На крајот од 1890-тите, Штилијан Чапароски и фолклористот Панајот Гиноски, обајцата од Галичник, тврделе дека горнореканските говори претставуваат „искривен“ албански кого го разбира само месното население, а содржи мешавина на словенски и албански зборови.[25][26][б 4][б 5] Рускиот јазичар Афанасиј Селишчев во 1930-тите години напишал дека жителите на Горна Река биле Словени потчинети на албанизација, делумно поради некои топоними кои претставуваат албански превод на словенски облици.[27][б 6] Македонскиот и српски етнограф Томо Смилјаниќ од Тресонче изјавил дека Горна Река во пресрет на Првата светска војна имала 274 автохтони домаќинства, а од нив 109 домаќинства имале потекло од области кои станале дел од Албанија во некој миг, а 9 домаќинства од други области.[28] Смилјаниќ потврдил дека населението на Горна Река води потекло од словенските Мијаци, кои тој ги сметал за Срби кои го прифатиле албанскиот јазик помешан со словенски зборови.[28][б 7][б 8][б 9] Поради некои патронимни имиња на семејствата, српскиот филолог Душан Неделковиќ тврдел дека некои семејства од Горна Река имаат влашко потекло заедно со словенските корени кои се албанизирани.[29][б 10] Историчарот Ник Атанасовски, кој работел во Долна Река, тврдел дека подрегионите Мала, Долна и Горна Река биле потчинети на исламизација, но не и колонизација.[30][б 11] За разлика од него, македонскиот антрополог Мирјана Мирчевска, која работела во Горна Река во текот на 2000-тите, тврди дека и муслиманите и христијаните од овој регион водат потекло од македонските Словени со можни албански елементи во нивната етногенеза.[31] Населението во XVIII век било исламизирано и албанизирано со доаѓањето на католичките и муслимански Албанци од областа која е денес Албанија.[31] Мирчевска исто така наведува дека несловенскиот карактер и потекло на поединци од Горна Река, забележан во отоманскиот катастар и воочен кај современите семејства, всушност има влашко потекло.[31] Овие тврдења се темелат на имиња од минатото, но и изразите од современиот јазик кои може да се поврзат со влашкиот, но не и со албанскиот јазик.[31][б 12][б 13][б 14]

Куќата на Глигоровци, во Волковија, примерок на градителството во Горна Река

Бугарскиот етнограф Васил К‘нчов, кој составил детални етнолингвистички податоци за тогашното население на Македонија, во 1900 година запишал дека областа Горна Река била населена со муслимански и христијански Албанци.[32] Тој исто така забележал дека нивното присуство е старо и можеби содржи и албанизирано словенско население.[32] Галаба Паликрушева, изучувајќи ги средновековните отомански даночни и катастарски евиденции од 1970-тите, во поглед на личните имиња заклучила дека во Горна Река бил истакнат елементот на несловенско албанско или влашко потекло.[33] Врз основа на тоа, таа тврди дека теориите според кои словенското население на Горна Река го прифатило албанскиот јазик за да ја сочуваат христијанската вера се невистинити и неодржливи.[33] Историчарот Димитар Бечев тврди дека христијанските жители на Горна Река се всушност православни верници чиј мајчин јазик е албанскиот,[1] додека историчарот Ноел Малком нив ги смета за православни Албанци.[34][б 15] Албанскиот филолог Едибе Селими-Османи, кој работел во Горна Река во текот на 1990-тите и 2000-тите, тврди дека населението на овој регион има албанско потекло.[35][б 16] Јазичарот Ќемал Мурати, сметајќи го и муслиманското и христијанското население за Албанци, смета дека научниците кои тврдат дека населението на Горна Река претставуваат албанизирани Словени тоа го направиле од националистички причини, со што би го порекнале историскиот албански елемент во овој регион.[36] Тоа е поради тоа што албанските зборови, како директни позајмици од латинскиот, не ја поминале фазата на влашкиот пред воведувањето во албанскиот јазик.[36][б 17] Во раните 2010-ти, научникот Андреа Пјерони и тим од истражувачи со различна национална припадност извршеле теренски истражувања и споредбена студија на горнореканската ботаничка терминологија во минатото и денес. Во своите наоди, тие заклучиле дека населението на Горна Река е она кое било под силно влијание на словенската култура, а не обратно како што тврдел Спиридон Гопчевиќ.[37] Истражувачкиот тим овој процес на акултурација го припишува на влијанието на одредената граница од 1912 година, којашто го ограничила контактот на оваа област со Албанија и заемодејствијата со околните повеќеетнички области со кои се вршела трговска размена.[37][б 18]

Средновеквен отомански период[уреди | уреди извор]

Во текот на XIV век, Горна Река била област во склоп на Српското Царство, а со неговиот распад во 1371 година припаднала на Прилепското Кралство, во чиј состав останала сè до 1395 година, кога оваа територија ја освоил отоманскиот султан Бајазит I. Во 1467 година, отоманскиот катастарски дефтер ја споменува областа Река како вилает и наведува дека во Горна Река имало 15 населени и 3 ненаселени села.[38] Села кои за првпат биле забележани се: Штировица, Рибница, Врбен, Ничпур, Нистрово, Волковија, Жужње, Бродец, Кракорница, Стрезимир и Рибничица (поранешно село), а најнаселено било селото Врбјани.[38] Беличица, Кичиница и Лесково биле наведени како ненаселени села.[38] Денешните села Нивиште, Бибање, Грекање, Реч и Тануше тогаш не биле наведени како постоечки.[38] Имињата на овие села покажуваат словенски и влашки и/или албански карактер.[33][39][б 19][б 20] Во 1519 година, во селата Врбјани, Сенце, Рибничица и Кучук се избројани неколку муслимански домаќинства.[40] Некои имиња од албанско или влашко потекло кои биле забележани во овој период се: Влаше Тануш, Гон Влаш, Дука или Дока Михаил, Михо Шалис, Гин Шерк, Гего Шерк и други.[33] До 1853 година, бројот на муслимански домаќинства пораснал, сочинувајќи значаен дел од населението во селата Врбјани, Сенце и Врбен, додека муслимански домаќинства започнале да се појавуваат и во селата Кракорница, Стрезимир, Штировица и Жужње.[40][б 21][б 22]

Среден и доцен отомански период[уреди | уреди извор]

Селото Бродец околу 1907 година

Интензивно преобраќање во ислам во Горна Река е забележано на крајот од XVIII век, а продолжило сè до средината на XIX век.[32] Селото Штировица било последно во кое останале 30 христијански семејства кои биле преобратени во ислам во 1855 година.[32][б 23] Бројни муслимански и христијански жители на Горна Река и натаму се сеќаваат на семејните врски и далечните заеднички предци.[41] Малубројно католичко население исто така постоело, кое потекнувало од католички Албанци кои се доселиле во Горна Река од околните области кои денес се наоѓаат во Албанија, но подоцна било асимилирано.[41][б 24][б 25]

Поради изолираноста и тешките животни услови во Горна Река, некои жители се оддале во текот на XVIII и XIX век, додека други се преселиле во други градови и области за да работат.[11][42] Во доцниот отомански период, поширокиот регион Река формирал нахија, односно регион со свој центар во селото Жировница, а нахијата имала административни функционери и мал воен гарнизон.[43] Во овој период, православните христијански села добиле српски или бугарски селски свештеник.[44] Како последица на борбата за Македонија, овие свештеници често се менувале во зависност од верноста на православните жители кон црквата.[44].[б 26] Некои православни верници, како Јосиф Багери, дале значаен придонес за албанското национално будење.[3][б 27]

Југословенски период[уреди | уреди извор]

Отоманското владеење траело сè до Првата балканска војна (1912-13), кога со доаѓањето на српската војска оваа област ѝ припаднала на Србија. Во 1913 година, муслиманските Албанци од Горна Река, предводени од имамот Малик Мема, се кренале против српските сили и успеале да ја ослободат областа и некои села од Општина Гостивар.[45] За време на Првата светска војна, отпорот на месното население продолжил со оглед на тоа дека тогаш областа паднала под бугарска власт. Поради сето тоа, српските и бугарските сили во периодот 1912-1916 ги запалиле селата Трница, Реч, Дубово, Штировица и Стрезимир.[46] Областа подоцна станала дел од Кралството Југославија, а во 1941 година, по окупацијата на Југославија од страна на Силите на Оската, била припоена со Албанија благодарение на фашистичка Италија.[47] Комунистичкиот партизански отпор кој настанал во села, како Беличица, се борел против албанските фашисти предводени од Бали комбетар, кој го поддржувал приклучувањето на Горна Река кон Албанија.[47] На 19 септември 1944 година, по заробувањето на 19 партизани, тие биле погубени од страна на силите на Аќиф Речани заедно со уште 17 мештани на селото Беличица во близина на селото Трница.[47] Овој масовен колеж е познат како Масакр во Беличица, заради што е подигнато и поголемо спомен обележје во Трница. По Втората светска војна, Горна Река била дел од комунистичка Југославија. Областа останала изолирана и неразвиена, што довело до преселби кон оддалечените урбани центри, како што се Белград, Скопје и Гостивар, но и кон западните земји.[10][48][48][49]

Независна Македонија[уреди | уреди извор]

Селото Врбен во 2017 година

Горна Река станала дел од Македонија по стекнувањето на независност на референдумот во 1991 година. За време на воениот конфликт во 2001 година, припадници на македонската воена полиција во селото Тануше ја оштетиле селската џамија за да спречат нејзина можна употреба од страна на Ослободителната народна армија[45][б 28] Во поново време, во Горна Река се појавиле повеќе случаи на културна обнова, како што е фестивалот „Takimet e Rekës së Epërme“ (македонски: Горнорекански средби) кој за првпат бил одржан во август 2014 година во Рибница.[50][51] Културната заедница „Јосиф Багери“ била основана од страна на истакнати жители на Горна Река од муслиманско и христијанско потекло со цел зачувување на културното, историското и јазичното наследство.[52] Во меѓувреме, кај православните жители на Горна Река се појавиле контроверзии во врска со идентитетот и црквата.[4][5][6][7][53][54][55][56][57] На пример, пратеникот Бранко Манојловски од горнореканската православна заедница јавно се изјаснил како Албанец по потекло, додека други, како Бранислав Синадиновски, барале создавање на посебна Албанска православна црква.[4][5][6][7][54][55][56][57] Овој последен повик бил дочекан со студен и невосхитувачки одговор од страна на пошироката православна заедница во Горна Река.[53]

Население[уреди | уреди извор]

Населени места[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Горна Река денес се простира на територијата на општините Маврово и Ростуша и Гостивар. Од населените места во Општина Маврово и Ростуша, во областа спаѓаат Тануше, Нивиште, Рибница, Жужње, Нистрово, Ничпур, Волковија, Кичиница, Кракорница, Беличица, Врбен, Богдево, Сенце, Врбјани, Бибање и Грекај; додека од Општина Гостивар во неа се наоѓа единствено селото Бродец.[58][59][60] Традиционално, три села од соседната област Горен Полог — Дуф и Орќуше во Општина Маврово и Ростуша, и Горно Јеловце во Општина Гостивар — понекогаш се сметаат за дел од Горна Река поради јазичните сличности и културните врски.[61][62][46][63][б 29][б 30][б 31][б 32] Исто така, поради востанијата кренати во областа Горна Река, некои села како Трница, Реч, Дубово, Штировица, Стрезимир и Завојско во целост биле запалени од страна на српските и бугарските сили во периодот 1912-1916 година.[64][46][б 33]

Населени места
Раселени села
Историски села

Етничка припадност[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948 2.799—    
1953 2.922+4.4 %
1961 3.088+5.7 %
1971 2.884−6.6 %
1981 2.315−19.7 %
1991 547−76.4 %
1994 1.385+153.2 %
2002 1.129−18.5 %
Забелешка: Некои села од областа го бојкотирале пописот во 1991 година, така што населението во овие населени места не е земено предвид.
Извор: Податоците од 1948-2002 се според официјалните пописи[65]

Горна Река е област населена со муслиманско и православно население со албански како мајчин јазик. Етнички гледано, населението е составено од Горнореканци[12] и Рекалии (албански: Rekalinj/të).[35][48][66][б 34][б 35][б 36] Тие се нарекуваат и уште Шкрети (албански: shkretë/i),[67][б 37] израз кој на албански означува сиромашни луѓе, а името го добиле поради нивното изолирано живеалиште и тешките животни услови.[68][69][б 38][б 39] Оној дел од населението со албански како мајчин јазик кој го сочинуваат православни верници бил асимилиран и неговите припадници се сметаат за Македонци,[1][2][б 40] додека оние кои го прифатиле исламот се сметаат за Албанци.[2][б 41] Поради преселбите на православните верници кон градските средини пред неколку декади, денешното население главно го сочинуваат Албанци муслимани со мал дел на православни Македонци со албански како мајчин јазик.[49][б 42] Најголемо муслиманско албанско населено место во Горна Река денес е селото Врбјани со 625 жители,[8] додека главно населено место со православно население е селото Врбен со 142 жители.[8] Домаќинствата во Горна Река се нарекувале „шпи“ (албански: shtëpi) и традиционално биле составени од проширени патријархални семејства.[70][71] Овие семејства, од кои денес некои се богати, живееле во големи камени куќи и кули, додека останатото население живеело во мали куќи.[72] Соседната област Долна Река е населена со македонски муслимани наречени „торбеши“, додека малцинството го сочинуваат православни Македонци. За разлика од Горна Река, областа Мала Река е населена исклучиво со православно македонско население, така што населението на Долна и Мала Река припаѓа на словенската етнографска група Мијаци, кои ги говорат реканскиот, галичкиот и во мал дел дебарскиот дијалект на македонскиот јазик.

Стопанство и преселби[уреди | уреди извор]

Стадо крави во Врбен

Поради тешките животни услови и општествено-политичкиот немир, особено во XIX век, Горна Река била историска област со бројни сезонски и трајни преселби.[11] Традиционално, населението се занимавало со сточарство и земјоделство, а мал дел од нив и денес се занимаваат со овие дејности.[10][б 43] За време на доцниот отомански период, машкото население на Горна Река (главно возрасно) за време на сезоната одело на гурбет, односно вршело економска преселба.[73] Тие често наоѓале работа како пекари или алваџии, трговци и продавачи на боза и салеп во тогашната отоманска престолнина Истанбул или регионалните градови, како Скопје и Едрене.[42] Некои жители на оваа област во Романија и Бугарија работеле во градежништво како ѕидари или неимари, а ако за тоа се укажела потреба, оделе тоа да го работат и во Скадар и другите градови во регионот.[74][75][б 44]

Овчар во плашт од овча кожа со луѓе од Штировица околу 1907 година

Трајните преселби кон крајот на отоманскиот период главно биле насочени кон поблиските села и области, каде денес населението од оваа област често сочинува неколку домаќинства меѓу побројното албанско население.[11] Од Горна Река во областа Горен Полог, луѓето се преселиле во следните села: Чегране, Форино, Корито, Балин Дол, Мало Турчане, Долна Бањица, Сретково, Ново Село, Речане, Вруток, Печково, Здуње, Врапчиште, Калиште и Градец.[11] Во Долен Полог се населувале во селата: Горно Седларце, Раковец, Жеровјане, Радиовце, Теново, Луковица, Седларево и Гургурница.[11] Села во околината на Скопје — на пример, Црн Врв, Крушопек, Света Петка и Патишка Река — како и оние во околината на Велес — на пример, Горно Јаболчиште, Согле, Клуковец и Бузалково - исто така биле места во кои се преселило население од Горна Река.[11][75] Населението се преселувало во некои села како христијани, а дури потоа го прифаќало исламот.[76] Во Патишка Река, пак, дојденците останале православни христијани сè до почетокот на Втората светска војна,[75][б 45] односно додека не се преселиле во Скопје.[77][б 46] Некои жители на селото Врбјани во последните неколку декади се преселиле во соседното македонско муслиманско село Жировница, кое припаѓа на областа Долна Река и каде што бројот на албанско население изнесува 258 жители.[78][б 47] Православните христијани од оваа област се преселиле почнувајќи од 1950-тите во тогашната југословенска престолнина Белград, но и во други градови, како Скопје или околниот Гостивар.[48][69][49] Во воениот конфликт во Македонија во 2001 година, селото Тануше било зафатено со борбите, па некои жители се отселиле.[45][24][б 48] Во последно време, младите луѓе од оваа област често се отселуваат во западните земји,[10] додека некои стари жители кои го напуштиле живеалиштето преку лето се враќаат во Горна Река.[48]

Култура и традиција[уреди | уреди извор]

Народни носии[уреди | уреди извор]

Традиционалните носии на Горна Река имаат сличности со носиите од околните области, но се одликуваат со посебен регионален стил и примена на повеќе бои, како и сложени цветни и други шари.[79] Горнореканското село Жужње станало познато по своите занаети и традиционалните женски носии кои содржеле сребрени зрна и филиграни, што ги вбројува меѓу најсликовитите во регионот.[80]

Женска носија[уреди | уреди извор]

Горнореканска женска носија

Традиционалните женски носии се состојат од фустан, украсен со повеќебојна престилка.[79] Важен дел од облеката е и долгата наметка, која е со црвена со длабоко извезени шарени ракави, а делот над градниот кош е од жолт или сребрено бел навој.[79] Муслиманските жени кога излегувале надвор носеле црно или морско сино фереџе или хиџаб со повеќебоен везен навој на делот над градниот кош.[79] Жените исто така носеле елек со длабок жолт вез долж навојот над градниот кош и вратот, како и тесна (обично црна) маица со длабок вез долж ракавите.[79] Ватираните чорапи на потколениците исто така се длабоко везени на црна или црвена ткаенина, а биле носени над повеќебојни чорапи.[79] Накитот се состои од сребрена или златна плочка со гравирани шари покрај виснати монети, која била затегната околу половината.[79] Околу вратот се носел сребрен ѓердан со виснат украс, додека православните христијани и натаму носат сребрен ѓердан со крст.[79][81] Детално разработени марами се носеле на челото, а содржеле редови од виснати монети и украс во задниот дел заедно со дополнителни украсни елементи.[79] Младите девојки понекогаш носеле лаврова круна, која била изработена од цветови.[79] Исто така, се носела и повеќебојна шамија.[79] Жените главно косата ја носат во фризура со повеќе опашки, која обично се состоела од 5-8 плетенки во зависност од возраста.[79]

Машка носија[уреди | уреди извор]

Машката носија се состои од кошула и џемпер.[82] Над овие облеки се носело палто со црн вез на страните. Сите мажи носеле бели волнени панталони со линии од црн вез на делот од половината до зглобовите и делот на џебовите.[82] Овие панталони биле затегнати со волнен каиш, така што традицијата на богатите била да носат свилен каиш.[82] Ватираните чорапи биле носени во опинци.[82] На главата, мажите носеле пилос или кече.[82]

Чествување на празници[уреди | уреди извор]

Христијански празници[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Атанасиј“ во селото Ничпур

Во Горна Река се празнуваат бројни секуларни и религиски празници. Празникот Атанасовден се чествува во текот на февруари секоја година, така што на трпезата се послужува сарма и кикурама.[83] На овој ден, девојките се собираат, забавуваат и готват флија.[83] Православните христијани од Ничпур го празнуваат Атанасовден на 31 јануари (според грегоријанскиот календар).[84] Кон крајот на февруари, муслиманите и христијаните организираат прослава на Тодоровден која се чествува во четврток.[85] Младите водени со песна ги посетуваат куќите на постарите жени со стара ткаенина и совалки од разбој.[85] Празнувањето исто така вклучува палење на логорски оган и изработка на страшило од совалки и стапови, облечено во женска облека кое биле постројувано во селото со придружба на песни.[85] Страшилото потоа се враќа на местото на изработка и се променува во нова облека, по што повторно се враќа околу селото во придружба на љубовни песни.[85] Ритуалот продолжува по трет пат, така што страшилото се променува во машка облека.[85] За крај, селаните ги враќаат дома совалките и стаповите.[85] Ваквата прослава се верува дека била корисна за предизвикување дожд.[85] На 1 март се празнува првиот ден на пролетта.[83] Во текот на XX век биле забележани неколку обичаи со кои се празнувал почетокот на пролетта.[83] На пример, по играње криенка со јајца, девојките ги поставуваат истите над оган за да видат какви се можните изгледи за мажење врз основа на времето потребно за пукање на јајцето.[83] Јајцето кое пука бавно се зема како лош предзнак и мала веројатност за мажење истата година.[83] Раното будење во текот на денот се смета за важно, додека будењето подоцна значи неискористување на денот во текот на летото.[83] Птичјата песна во текот на утрото навестува среќа, додека здогледувањето на стара жена во тој период од денот наведува на лоша среќа.[83] Друг обичај вклучува скришно истурање на пепел во соседниот двор заради истерување на болвите за време на летото.[83]

Шарена чешма во с. Кракорница со вода од планински извор

На крајот од април. куќите традиционално се белат во пресрет на празникот Ѓурѓовден, што го навестува доаѓањето на летото и неговата важност за дарување благослови за следните шест месеци.[83] Мештаните се облекуваат во најубавите облеки, така што момчињата одат на стрелање, а девојките се собираат во ливадите каде пеат, играат и се лулаат во лулашки направени со нивно обесување околу гранка на дрво.[83] Цветовите и зелените гранки се носат дома и две гранчиња се поставуваат на секој прозорец или врата.[83] Друг обичај е одењето до планински извори за кои мештаните велеле дека имаат натприродни сили и се познати како свети бунари.[83] Од нив најчесто биле посетувани оние во близина на селата Вау, Ничпур и Реч.[83] На денот на св. Ѓорѓи, на светите бунари одат и жени кои имале маки.[83] Таму тие пијат вода како лек против која било болест, неплодност и/или за да ги истераат вештерствата или лошите магии со оставање на монета за возврат на помошта од изворот.[83] Во Кичиница, православните го слават и зимскиот празник на Св. Ѓорѓи.[86] На 14 мај се празнува Еремиовден како време кога се сади грав по зајдисонце, чие семе се наводнува со света вода која е благословена од свештеник.[87] Во текот на вечерта, децата ставаат ѕвончиња околу вратот додека трчаат надвор од куќите и удираат во метални садови за да ги истераат змиите и кртовите.[87] Ноќе исто така се пали оган за да се зачуваат домовите од змии.[87]

Следен празник кој се прославува е Крстовден, кој паѓа шест седмици пред Митровден.[83] Празникот важи за ден за одмор со слични обичаи како за Ѓурѓовден, така што се подготвува и јаде алва.[83] Свети Димитриј е патрон на селата Волковија и Нистрово, додека Архангел Михаил на Кракорница.[88] Други празници кои се слават се денот посветен на Свети Никола и Благовештение, којшто исто така им е познат и на муслиманите поради соживотот со христијанското население.[83] Муслиманите исто така го чествуваат овој празник со тоа што одат на гости кај своите православни соседи и добиваат Велигденски јајца бојадисани во црвено[89][б 49] кои исто така ги јадат и месните оџи и имами.[83] Поради таквиот религиски синкретизам во Горна Река, муслиманската уснена традиција укажува дека бојадисаните јајца ја симболизираат крвта на муслимански светец.[83] Другите обичаи за овој празник вклучуваат одење на чешма од страна на домаќинките, полнење стомни со вода и турање во нив на цветови од босилек, сребрена монета и шеќер.[90] Стомните потоа се носат во црква и на крај дома за употреба од страна на дмаќинството.[90] Во попладневните часови, празнична собиранка се одржува на ливада, каде немажени жени облечени во своите најубави облеки пеат и оставаат прстени во тревата.[90] Тревата потоа се откинува со забите и тура во стомни со света вода којашто потоа им се дава на сточните животни за пиење и обезбедување на оплодувањето.[90] Овошките се врзуваат со сламки и за да се обезбеди добра жетва биле сечени со секира.[90] На 4 декември, православните верници во селото Бибање го чествуваат зимскиот празник на Богородица Марија, додека православните во Сенце го чествуваат Рождеството на Пресвета Богородица.[91] На истиот ден, во селото Беличица се чествува Варваринден со благословено лепче разделено меѓу членовите на семејството.[92]

Муслимански празници[уреди | уреди извор]

Во поглед на муслиманските религиски прослави, на пролет се празнува Новруз за одбележување на расцветувањето на природата и крајот на годишната хибернација на животните, што се смета за будење на Богот на животот.[83] За празникот се приготвува алва и истата се споделува со посиромашните во селото.[83] Сребрен прстен исто така се закачува на дрво за да се придобие божја восхит и истиот се откачува на зори следниот ден.[83] Во текот на ноќта, постарите го задржуваат првенството при молење кон Бога и за враќање на душите на мртвите во домот.[83] Горнореканските муслимани исто така ги празнуваат Рамазан и Курбан Бајрам. За Рамазан, верниците одат во џамија и алва се споделува со оние на кои им треба.[83] Во зори, двајца Роми со тапан и флејта ги будат селаните за да го послужат доручекот наречен сухур, како и за да бидат подготвени за денот.[83] Во текот на денот верниците постат, така што само доенчињата се хранат.[83] По зајдисонце, Ромите со тапан и флејта од зорите го навестуваат крајот на дневниот пост и потоа се послужува вечерниот рамазански оброк наречен ифтар.[83] На петнаесеттиот ден од рамазанскиот пост селаните меѓусебно разменуваат алва и ја даваат на сиромашните, а со нешто друго денот обично не се празнува.[83] Во предвечерјето на Бајрам, односно бајрамската вигилија, верниците се капат и добиваат нови облеки и чевли.[83] Сепак, имамите не го одобруваат поимот „вигилија“ како ознака за предвечерјето на празникот.[83] На денот на празникот, верниците се поздравуваат со изразот „арифе“ и си посакуваат најдобри желби.[83] Децата играат во сретселото, а возрасните подготвуваат лепче, други јадења и колеч.[83] Обичај е и да се подаруваат пари за сиромашните или за имамот, така што празникот Рамазан не се сметал за целосен без овој чин на дарување.[83]

Празнувањето на Бајрам започнува со шеќерен Бајрам. Во зори, верниците одат во џамија, а потоа слават и се гоштеваат.[83] Овие обичаи го означуваат крајот на рамазанскиот пост, така што исто така се јаде и грутка шеќер.[83] Мажите се поздравуваат со бакнување во образ, додека младите мажи ги поздравуваат постарите жени со бакнување на раката и последователно поставување на женската рака на машкото чело.[83] Поздравите потоа продолжуваат со честитање на празникот и употреба на изразот „честит Бајрам“, на што се одговара со изразот „тебе исто и нека ти е на здравје“.[83] Во преостанатиот дел од денот, верниците одат на гости едни кај други, така што се послужува шербет[83] и баклава, а со истите десерти се послужуваат и православните соседи.[89] По извесен период се чествува празникот Курбан Бајрам.[83] Шест дена пред празникот, постарите постат исто како за време на рамазанскиот пост.[83] На денот на празникот се жртвува овен, по што верниците одат во џамија, а потоа месото од жртвуваниот овен го споделуваат со сиромашните.[83]

Јазик[уреди | уреди извор]

Горнорекански албански говор[уреди | уреди извор]

Албанскиот јазик кој го говорат жителите на Горна Река претставува подговор кој се зборува во северниот дел на Албанија.[93] Овој дијалект содржи јазични особености кои го разликуваат од останатите албански говори. Така на пример, албанската буква ќ (q) која често се слуша како тврдо ч (ç) во северниот дел на Албанија, на горнореканскиот говор се изговара како меко ч.[94] За разлика од северноалбанските говори, во кои албанските букви gj главно се изговараат како тврдо џ (xh), Горнореканците ги изговараат како меко gj, што повеќе потсеќа на некој јужноалбански говор.[94] Буквите dj, на пример, во зборот djath (сирење) во некои случаи ги заменуваат буквите gj.[94] Групата pl содржани во зборовите plak, pleh и plis во горнореканскиот дијалект во некои случаи се заменува со pt, така што овие зборови стануваат ptak, pteh и ptis,[94] додека групата ps се заменува со mts, па со тоа наместо обликот tepsi се јавува обликот temtsi.[94]

За разлика од другите албански говори, каде групата nd е упростена во d, кај Горнореканците истата е задржана во некои зборови, како на пример katund, nder и vend.[95] Горнореканскиот говор исто така ја задржал и носната вокализација на самогласките ā и ō, така што зборовите dhëmb, dhëndër и këmb се јавуваат во обликот dhāmb, dhōndr и kōmb.[95] Гласот а во зборовите како baballak исто така се менува во о (на пример, baballoku) кога е во определена форма.[93][95] Групата mj во зборовите mjeker и mjalt преминала во mn, па на тој начин се јавуваат во обликот mnjekrr и mnjalt.[95]

Терминологија на роднински врски
Стандарден македонски[96] Стандарден албански[97] Горнорекански албански (Doda, 1900-ти)[98] Горнорекански албански (Мирчевска, 2000-ти)[96]
мајка nënë non (definite: nona), uc daad
татко babë baba baab
сестра motër motr (се користи сопствено име)
брат vëlla vlla vlla (се користи O, vlla)
баба gjyshe (also: nënëgjyshe) nana ptak none
дедо gjysh (или babagjysh) baba ptak ded
тетка teze (или teto, motërmëmë) kek kek (се користи O, kek)
тетин enishte / Tetin (се користи „O, tetin“)
чичко xhaxha (или xha) mixh (во определена форма Mixha) miiç (се користи O, mixha Metodi)
стрина xhaxheshë minxhavic striin (се користи O, striin)
вујко dajë dajxh (во определена форма dajxha) dajxh (се користи O, dajxh)
вујна dajeshë dajxhevic dajxhevic (се користи O, dajxhevic)
золва ? / zolva (се користи zolva jeme)
девер kunat kunat kunati
јатрва kunatë / kunata
баџанак baxhanak / baxhanak
шура ? / shuraku
братучед kushëri kusheri (во определена форма kusherini) kusheriin
дедо, свекор vjehërri / ded (usage: O, ded)
кумови kumbarë (или nun и nunëri) / nun
сват krushk krushk krushk
сваќа krushkë / kruushk

Образование и книжевност[уреди | уреди извор]

Најран познат пример на горкореканскиот албански говор во пишана форма претставува натписот на надгробниот споменик на христијански гроб кој е напишан на кирилица и е стар од 1889 година.[99][б 50] Делото „Albanisches Bauerleben im oberen Rekatal bei Dibra (Makedonien)“ (македонски: Албанскиот селски живот во Горна Река кај Дебар (Македонија)) од Бајазид Елмаз Дода е напишано во 1914 година.[100] Тоа содржи информации за културата, обичаите, јазикот и другите аспекти за животот во Гона Река за време на доцниот отомански период.[100] Пронаоѓајќи го делото на германски јазик во австриските архиви во 2007 година, Роберт Елси претпоставил дека книгата веројатно претставува превод од албански на германски со оглед на големиот број албански зборови во германски облик.[100] Елси тврдел дека главната намера на трудот била да се создаде дело на горнореканскиот албански говор и е напишан во време кога се создавани мал број на дела на албански јазик.[100][б 51] Делото добило пофалба од страна на Елси и други автори, како на пример Андреа Перони, поради тоа што содржи детални и важни информации за Горна Река.[100][24][б 52] Првиот пример на албанската книжевност на подрачјето на Горна Река бил албански текст на евангелие од Новиот Завет од XIX век, напишан со грчко писмо, а пронајден во црквата во селото Дуф.[101][б 53]

Употреба на јазикот[уреди | уреди извор]

Во време на Кралството Југославија, школувањето се вршело на српски јазик, а настава на албански немало.[102] Оттука, дури и во поново време, во областа има постари жени кои имаат некое познавање од српскиот, но воопшто не го познаваат македонскиот јазик.[102] Во периодот по Втората светска војна, школувањето во Горна Река се вршело на македонски јазик, а јазични тешкотии започнале да се јавуваат во 1950-тите години кај православните деца кои како мајчин го зборувале албанскиот јазик.[103][б 54] Како такви, некои жители денес не го владеат во целост албанскиот јазик.[102] Така на пример, во секојдневниот говор се користат македонски зборови, особено оние кои опишуваат современи предмети во домаќинството или означуваат современи концепти, додека нивните истозначници во албанскиот јазик не им се познати на овие луѓе.[102][б 55]

Во денешно време, муслиманските Албанци кои живеат во Горна Река во различен степен се двојазични, односно покрај албанскиот го користат и македонскиот јазик.[49] Меѓу православното население кое и натаму живее во оваа област, во однос на секојдневниот говор, најголем дел од нив се запознаени со албанскиот јазик, вклучувајќи ги и младите.[104] Читањето и пишувањето на македонски му е познато на населението, а младите главно го користат тој јазик, додека писменоста на албански меѓу православното население од сите старосни групи не е застапено во голема мера.[104] Мнозинството православно население во Горна Река кое живее надвор од областа го познава албанскиот јазик како во останатите подрачја на поранешна Југославија.[104] Сепак, многу мал број од нив ја обелоденуваат оваа информација главно поради негативното согледување на албанскиот јазик во домашното општество во кое живеат.[104] Меѓу македонското население во Македонија постои малку свест дека во нивната земја постои православно население кое се служи со албанскиот јазик во секојдневната комуникација.[104][б 56] Како последица на сезонските преселби, населението на Горна Река со тек на време во голема мера станало повеќејазично, служејќи се и со турскиот, грчкиот, српскиот, бугарскиот, романскиот, францускиот и англискиот јазик.[42][102][б 57]

Познати личности[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Природни пејзажи
Културни споменици

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Иако Река како регионален топоним е единствен во сите подрачја населени со Албанци и небило неопходно да се додаде местен именител за именување на околината на река, називот Дебар се среќавал во различни периоди, така што било вообичаено да се каже: Река на Дебар, Река на Тетово или Река на Гостивар.
  2. М. Тирта забележува дека Горна Река, со својата традиција, припаѓа на областа Дебар со истоимениот град. Таа лежи во планинските подрачја по горното течение на реката Радика којашто се влева во Црн Дрим. Како област, Река се дели на Горна Река, по горното течение на Радика; Долна Река, по долното течение на истата река; и Мала Река.
  3. Во 1889 година, новинарот Спиридон Гопчевиќ (1855-1936) објавил наводно научна, но за сите намери и цели српска националистичка монографија за Македонија во Стара Србија. Гопчевиќ сепак никогаш не се сложил дека монографијата е резултат на автентички искуства и навел дека никогаш не бил во Косово. Тој во својата монографија тврди „дека албанското население, како во Горна Река, така и во Косово, има српско потекло.“
  4. На крајот од XIX век, во селата на територијата на Горна Река се говорел оштетен облик на албанскиот јазик, како од страна на муслиманите, така и од страна на христијаните. Тоа не бил ни јазик на предците ниту нивен мајчин јазик, туку мешавина на албански и македонски зборови, а таа мешавина го направила јазикот единствен и разбирлив само меѓу тие говорници.
  5. Во Мала Река се зборвит мијачки јозик, него го зборвет и Турци и рисјани; а во Голема Река се зборвет арнаутски јозик, ама спорти другиот јозик арнаутски (шкипетарски), реканскиот јазик арнаутски је подебел и мешан со мијачки. А во селата шчо се на југоисточна страна во Горна Река повеќе зборвет мијачки, отколи арнаутски. Во Беличица и Киченица се изговарајет обата јозика: мијачки и арнаутски.
  6. Топографските имиња на главните точки останале исти. Словенските имиња се користеле и за многу други места. Но, за месностите, изворите, шумите, ливадите, полињата и другите селски предели се користеле главно албански имиња. Така на пример, неколку имиња од подрачјето на селата Ничпур: Шуло, Гури Горит, Мула Амбл, Крој Фтоет, Фушија, Гури Стомит, Гури Шупес(-es), Кумла е Редити, Гури Куш (< Куч < Куќ), Ворете Мла, Крој Дулес(-es), Крој Смилит и др. Словенските имиња не биле многу: Топлец, Градец. Многу од албанските имиња се појавиле како преводи на словенските. На пример, Шуло наместо Присој, Гури Куш (Куќ) наместо Црвен Камен, Крој Смилит наместо Смилев Извор, Дарда Маде (darda made) наместо Голема Круша (така, „Голема Круша“ се нарекува една од месностите, на пример, во подрачјето на дебарското село Долно Мелничани) и др. Ова укажува на судбината на македонското население на Горна Река, што ги потврдува главните страни и појавата на процесот на албанизација на Словените — процес кој се случувал во тој крај во скоро време.
  7. Една таква мешовита етничка група се и Реканците, формирана меѓу Мијаците, а која исто така има траги од својата некогашна племенска организација. Реканците се во голема мера проучени. Како отворено прашање останува уште тоа како тие биле формирани и зошто говорат мешавина на арбанашки и српскохрватски.
  8. Потекло на населението. Според извршените испитувања во споменатиот мој труд од 1914-1920 година, потеклото на населението во Горна Река е следново: 274 домови биле Старинци, 107 дојдени од Арбанија и 9 домови дојдени од други предели.
  9. Заклучок. Реканците се мешовита етничка група, настаната од доселените Срби од околината на Пеќ во крај кој бил населен со Мијаци, па напуштен. Во основа српска, оваа етничка група добила арбанашко обележје по јазикот, а потоа и примеси од турскиот јазик. Србите се измешале со Арбанасите, а можеби и со Турците и Власите.
  10. Постоеле и неколку семејства чии презимиња завршувале на „мон“ односно „мун“ (печамон-ци и чикрамон-ци во Бродец, Димоном-ци во Реч) појава која Душан Недељковиќ ја врзува за подалечно аромунско влашко потекло.
  11. Подрегионите на регионот Река — Долна, Мала и Голема Река — биле потчинети на исламизација, но не и колонизација.
  12. Но некои од овие термини имаат словенски завршетоци, како што е модифицираниот турскиот термин „дајџевиц“ (е) - вујна. Како реликти од влашката терминологија на сродство се називите „крушк“ – „круушк“, со значење „сват-сваќа“.
  13. Во почетокот на XIX век, поради големата самостојност на албанските феудалци во Дебарската област, која ги зафаќала териториите до Мавровско Поле, колонизацијата на албанско муслиманско население од средна и северна Албанија, имала големи размери. Истовремено, при населувањето Албанците ги запоседнале сите комуникациски влезно излезни точки во котлините и планинските превои. Ваквото распоредување на Албанците турската државна власт го толерирала се до крајот на своет владеење во Македонија, до 1912 година.
  14. Обратно пак, кај родовите, семејставата со христијанска православна вера, денес преовладува појавата тие да се декларираат како етнички Македонци, иако присутниот билингвизам навестува можно присуство на албански елементи во етногенезата, со оглед на фактот што припадниците на двете конфесии во Горна Река функционираат како единствена етничка група.
  15. Секако, мора да е вистина тоа дека предците на муслиманите првобитно биле христијани, или православни или католици. Некои од нив веројатно биле и албански говорници, припадници на православната црква: групата на села во регионот Река северно до Дебар се состои од православни Албанци и ден денес.
  16. Горна Река е составена претежно од православно население, иако не е мало ни муслиманското население. Според некои извори, во текот на 60-тите години на XIX век, бројот на населението во Горна Река пораснал, а тој пораст главно го сочинувале Албанците.
  17. Многу автори на словенското наследство се занимавале со прашањето за Горна Река од различни перспективи: антропо-географска, лингвистичка, дијалектолошка, етнографска, историска, фолклорна и др. Сите студии ја застапувале пансловенската идеја и ја порекнувале автохтоноста на Албанците во овие краеви.
  18. Ова е особено точно во оние подрачја каде албанското население историски било во силен контакт со јужнословенските култури, како што е подрачјето на Голак во источно Косово, Пештерското Плато во југозападна Србија и Шар Планина во западна Македонија (Слика 3). Ова може да ги потврди наодите на обете наши лингвистички анализи за имињата на народните билки наведени во Табела 1 и исто така на етнолингвистичката анализа за поимите кои се однесуваат на материјалната култура во Горна Река на Франц Нопча, којашто укажала на многу важни позајмици од романскиот и особено од словенските јазици. На тој начин, може да да се претпостави дека Албанците во Горна Река биле подложни на големо влијание од словенската култура — но не и обратно како што тврди Спиридон Гопчевиќ. Учесниците во студијата потврдија дека во последните декади нивните најважни пазари и центри за „размена“ биле повеќеетничките (македонски, албански и турски) градови Гостивар во Западна Македонија и Призрен во Јужно Косово. Сепак, мора да се забележи дека во текот на минатиот век, Албанците во Горна Река живееле надвор од границите на албанската држава (основана во 1912) и во поголемиот дел од овој период во поранешната Социјалистичка Република Македонија, каде преовладувачката култура и јазици биле македонскиот и српскохрватскиот. Со други зборови, забележаното „мешање“ на словенските култури откриено во доменот на албанското традиционално познавање за билките во Горна Река претставува единствен феномен, чие минато денес не е лесно да се одреди во детали. Ова може да е поради тешкотијата за одредување до кој степен словенската култура влијаела врз традиционалното познавање меѓу Албанците во Горна Река, имајќи ја предвид улогата којашто можеби ја имале античките „хибридизации“, како што Гопчевиќ и Нопцса, иако на различен начин, ја имаат истакнато во своите дела.
  19. Ова го потврдила и препознала истражувачката Галаба Паликрушева пред околу 40 години во делото „Некои елементи на етничката Историја на Долни Полог Мавровско сам Горна Река”. Истражувајќи околу ова прашање во Горна Река во втората половина на XV век, откога потекнуваат првите турски дефтери кои го бележат бројот на жители, научникот укажал на значајно присуство на несловенски елемент во овој регион: „Сосема спротиво е со Горна Река, каде преовладува етничкиот несловенски елемент, иако не може со апсолутна сигурност да тврдам во која мера е тоа албански, а во која мера влашки елемент.“ Во селата Рибница и Врбен мноштвото презимиња завршувале на „иќ“, но меѓу имињата се појавувале такви кои упатувале на присуство на население со друга припадност, како „Ќин Цицовиќ“, „Нинче Лазаровиќ“, „Михо Танушевиќ“. Во другите села се појавувале слични случаи, па се појавувале имиња како „Ќон Ќирќовиќ“, „Дока Михаиќ“ и други. Влијанието од странство во врска со личните имиња тука не неспорно, па авторот заклучува: „Преовладувачкиот несловенски елемент во Горна Река во овој период (средина на XV век) ни дава целосно поразлична слика за статусот на албанскиот јазик меѓу православното население“ -{(TD 1976)}-.
  20. Во списокот на книги од XV век во рамки на современите населени места во Горна Река се среќаваат имиња од словенски и несловенски карактер. Релативно е тешко да се утврди потеклото на имењата од несловенски карактер, односно дали се влашки или албански. Но, со оглед на тоа дека денес не постои ниту едно албанско населено место со такви забележани имиња, се чини дека влашките имиња преовладувале на ова подрачје во тоа време. Неспорно е дека некои од семејствата од Горна Река имале влашко потекло, кои во периодот пред почетокот на XV век започнале да попримаат словенски влијанија. Сепак, постои и влашко влијание на некои албански имиња и тој е забележлив не само во Горна Река, туку и во околните региони. Оттука, речиси е невозможно со сигурност да се тврди дали во некои случаи влашкото, албанското или заемното влијание на овие две култури предизвикало појава на одделни имиња кои се среќаваат во тоа време.
  21. Во Пописниот дефтер од XV век во тогашните населени места во горнореканскиот простор се среќаваат лични имиња од словенски и од несловенски карактер. Релатвно е тешко да се утврди потеклото на овие имиња, дали станува збор за влашки или албански имиња. Но, бидеќи во денешните албански имиња не постои ниту едно од тогашните, се чини дека влашките лични имиња во тој период преовладувале во пределот. На тоа ни асоцираат имињата Блаше Тануш, Гон Влаш, Дука (Дока) Михаил, Лазар (син на) Калина, Михо Шалис. Неспорно е дека дел од овие горнорекански семејства имаат подалечно влашко потекло кое во периодот пред XV век почнало интензивно да се словенизира. Но, претрпува и ароманско (влашко) влијание врз имињата претрпува и албанската популација во овој предел, како и во некои од соседните. Токму затоа, речиси е невозможно со сигурност да се каже дали во некои случаи станува збор за албанско, влашко или меѓусебно етничко проникнување сведочат и имињата: Герг син на Андреја, Дабич Лоз(е), Прогон Томе, Цеко син на Герг, Михо Мекша, Петко син на Михо.
  22. И од селото Нистрово војнук Гин Шерк (или Ширк) и јамаците Павле Шерк од спомнатото село и Гего Шерк, од спомнатото село.
  23. Главно на североисток, во горниот крај на местноста Река, познат под името Голема Река, населението е само арнаутско. Тука има 23 арнаутски села, од кои само едно, Дуф, административно потпаѓа под Тетовската каза. Повеќе од половина од населението тука е православно христијанско. Арнаутите во Голема Река се стари жители на местото. Меѓу нив имало Бугари кои се албанизирани. Реканците подолго време си ја зачувале верата, со тоа што биле многу повлечени во тој крај. Нивното потурчување било присилно на крајот од XVIII век и продолжило подоцна од средината на XIX век. Последно потурчување на повеќе работи имало околу 1855 година во с. Штировица, кога последните 30 христијански куќи го примиле мохамединството. Како од север, така и од југ, групата на Реканците се граничи со бугарски села и населението е двојазично. Жителите од Беличица и Кичиница говореле добар бугарски, но домашниот јазик им бил арнаутски. Исто двојазично е и населението на с. Дуф.
  24. Според кажувањата, “латински” гробишта во с. Богдево, до 1945 г. биле оградени, но по војната оградата “го расипаа” и не ја поправиле. Во истото село, на местото на денешната црква Цв. Димитрија, изградена во. 1910 г., имало “римска црква”. Информатор Софрониевски Јордан, ц. Бродец. Остатоци од “латински гробишта” има и кај селото Нистрово. Информатор Јовановски Јован (Лични теренски информации).
  25. Еден од информаторите се сеќаваше дека некои од неговите роднини од ц. Жужње (мајка му била по потекло од ова село) многу добро живееле со една од тогашните муслимански албански фамили, велејќи му дека тие имаат заедничко подалечно крвно потекло, дека некогаш биле една фамилија.
  26. Според големината, Ничпур е некаде меѓу Ваи и Штировица, но како што е случајот со селото Стрезимир, и тука половина од населението го сочинуваат православни, а другата половина муслимани. До остра поделба на два дела тука не дошло, иако западниот дел од селото е претежно населен со муслимани, а источниот со православни. Во Ничпур, во џамијата може да се сретне свештеник како капелан, кој формално им припаѓал на егзархистите, но во 1903 година се преобратил. Свештеникот од Ничпур ја прифатил и грижата за Ничпур, па дури и за селата Реч и Стрезимир, кои имале цркви, но не и свештеници.
  27. Весниците имале нешто повеќе од десетина постојано вработени. На возраст меѓу 17 и 33 години во 1902 година, часописот главно бил наменет за православните христијани од регионот на Корча кои живееле во странство. Муслиман од југ со име Мидхат Фрашери, кој веќе работел во Kalendari Kombiar, исто така испраќал написи за часописот Drita. Тоа всушност е олицетворение на старата врска меѓу Албанците од Истанбул и дијаспората од Романија и Бугарија. Христијанин од областа Дебар бил дел од оваа мрежа затоа што се преселил во Софија.
  28. Селската џамија опстанала како градба. Во текот на 2001 година, силите на македонската воена полиција намерно уништиле еден внатрешен дел на џамијата, кој не ѝ служел на ОНА.
  29. Село кое по сите етнички карактеристики е во групата на овие села (јазик, носија, брачни врски) е селото Дуф, кое во постојната етнографска поделба спаѓа во Горен Полог.
  30. Сите жителина Горно Јеловце денес се билингвисти, освен македонскиот го зборуваат и албанскиот јазик.
  31. Исто така, има села кои не се во близина на устието на реката Радика, како на пример Дуф со своите пет разбиени маала: Чејне, Балабан, Ерчевиш, Брезовец и Тољан. Ова село од разбиен тип во заедништво со селата од Горна Река ги има своите носии, фолклор и говор. Горно Јеловце има истородна традиција, носии, јазик и говор, иако е оддалечено од Горна Река.
  32. Горно Јеловце: Тоа било големо село. Жителите, без оглед на религиозната припадност, има албански говорници.
  33. Трница, Реч, Болетини, Дубово, Стрезимир, Завојско и Штировица до 1916 година биле спалени од страна на Србите и Бугарите.
  34. Истражувачот М. Митровиќ наведува дека Албанците во околината на Дебар се со посилно албанско самосознание Во Горен Дебар, оние кои се нарекуваат Рекалии всушност претставуваат христијански или муслимански Албанци.
  35. Некои од нив имаат куќи во кои престојуваат во текот на летните месеци, додека другиот дел од годината живеат во Гостивар и Скопје, заедно со семејствата на синовите.
  36. На пример, во Белград, каде и денес живее релативно голем број на горнореканцко македонско население, познати се како Рекалии.
  37. Областа Горна Река, од селото Бродец до селото Волковија денес е главно напуштена, но во минатото била населена со Македонци со албански како мајчин јазик наречени Шкрети.
  38. Сето горнореканско население, повторно без оглед на етничката и верска припадност, во соседните предели е познато под егзонимот „Шкрети“. И не случајно е задржан овој егзоним до ден денес. „Шкрето“ во албанскиот говор значи „пусто“. Според описите на етнолошките и етнопсихичките карактеристики кои ги даваат некои од авторите (Цвијиќ, Недељковиќ, во одредена мера и Смиљаниќ) генерално за горнореканското население, може да се согледа дека било навистина тешко и мачно да се живее во постојан страв од напади, пљачкосувања и убиства, да се живее во „оваа пустелија“ како што изјавуваат и денес Горнореканците. Дека пределот бил „пуст“, во смисла тежок за живеење најмногу во однос на грабежите, знаело и населението од соседните предели особено од Мавровско Поле, но и од Горен Полог и Долна Река. Така користејќи ја албанската форма „шкрето“ за „пусто“, токму населението од мавровско Поле го употребувало овој егзоним најмногу. Етнонимот/егзонимот се користи и денеска во пределот, но само од страна на Мавровци и Долнареканци, додека еден Горнореканец за себе никогаш нема да рече дека е „Шкрет“. Додека разговарав со Горнореканките кои живеат во пределот, многу често го употребуваа зборот „шкрето“, кога сакаа да објаснат колку тешко живеат во минатото во Горна Река. Дури кога зборуваат и за други работи кои немаат врска со тешкиот живот во минатото, сепак го употребуваат. За нив зборот „шкрето“ нема статус на етноним, но за сите други во соседните предели тоа е етоним/егзоним со кој ги идентификуваат Горнореканците.
  39. Намик Дурмиши, професор на Универзитетот во Тетово, који по потекло од Жужње, Горна Река, во населбата наречена Дртлок во Гостивар, населена претежно со православни Реканци, наведува дека кога Македонците им се обраќаат со презир го постсавуваат прашањето: „Од каде си, Шкрет“, кое има погрдно значење на „сиромашен Албанец кој дошол од пуст регион, напуштен со луѓе.“
  40. Некои села во Горна Река во минатото биле населени со население со албански како мајчин јазик кое во голема мера било асимилирано од страна на Македонците.
  41. Горнореканците со муслиманска религија денес себе си се идентификуваат како Албанци, додека православите христијани како Македонци.
  42. Мештаните денес се исклучиво муслимани, но пред неколку декади во селата живееле и православни Албанци. На пример, во Нистрово, едната страна од селото (со џамијата) била населена со муслимани, додека другата страна била населена со православно население. Сето население на православни христијано се преселило во градовите пред неколку декади, но понекогаш се враќаат во своите села во текот на летото. Мнозинството куќи во тој дел на селото секако е напуштен, иако црквата била неодамна обновена. Според некои информации, овие православни христијани се асимилирале со македонската култура и денес претпочитаат да бидат означени како „Македонци“, иако и натаму се способни течно да го зборуваат албанскиот јазик. Врската меѓу овие две подгрупи на селската заедница, која во минатото била силна и постојана, денес повеќе не постои. Сето албанско население на Горна Река во различен степен во зависност од возраста е двојазично затоа што зборува и македонски покрај албански.
  43. Луѓето кои живееле и натаму живеат во горенаведените села се чифлигари и се занимаваат со земјоделско-сточарски активности, па поради тоа индустријата воопшто не е развиена. Многу млади луѓе од оваа област се преселиле во западните земји.
  44. Важно е да се одбележи дека од албанските православни села потекнува и дедото на националниот поет Миѓени — Никола Дибрани (во истата област е роден и поетот и патриот Јозеф Јован Багери), кој од оттука се иселил во средината на XIX век како неимар и во некои извори се наведува дека учествувал во изградбата на православната црква во Скадар. Постојат бројни други семејства кои се преселиле во овој северен град: Ќергај, Тримчев, Силиќи, Бануши, Кадиќи, Дибра и други (Миѓени, 2002).
  45. Но, според Петар Скок, во текот на 1941 година, „албанските жени од областа околу долината на Скопје“ (по потекло од Горна Река) „говореле само албански и покрај целокупната симбиоза со словенското население и православната религија... Во Патишка Река не зборувале српско-македонски дури ни оние Албанки кои исповедале православие (Скок, 1978)“.
  46. Патишка Река. Селото било населено со христијански и муслимански Албанци. Денес во него живеат само муслимански Албанци, додека оние Албанци кои исповедале православие се отселиле по 1945 година... Познато е дека селото било населено со Албанци кои исповедале православие и ислам. Еден доушник по име Бајрам рекол: „Во нашата крв сме мешани. Христијанските Албанци се преселиле во Скопје по 1945 година, го изгубиле целиот дел од албанскиот национален идентитет и станале Македонци. Во ова село имало православни Албанци сè до 1960-тите.“
  47. Се наоѓа на надморска височина од околу 900 метри, на падините на планината Дешат. Неодамна дошло до зголемување на бројот на преселени жители од Врбјани. Постои осумгодишно училиште на македонски јазик. Селото има амбуланта, пошта и неколку стопански згради, како и три џамии. Сите жители исповедаат ислам.
  48. Истите села биле населени со стотина мештани пред неколку декади, кои во најголем број се преселиле во околните градови — Гостивар и Скопје — но и во странство, што е последица на потрагата за работа или бегството од југословенските војни.
  49. Кога станува збор за обредната храна, постојат сегменти од народната религија кога таа исто така се појавува во функција на единствен невербален етнички симбол (варењето на пченица кога излегува провото запче, јадењето на кромид за леунката да има млеко, јадењето на одредени растенија за здравје на Ѓурѓовден, правењето на алва вечерта спроти Василица, месење на блага погача за Летник и сл). Се разбира има и специфична обредна храна за Горнореканците христијани (на пр. црвените велигденски јајца како и за Горнореканците муслимани баклава, татлија, парени колачиња, за Бајрам). Оваа обредна храна се разменува меѓу горнореканците од двете конфеси. Голема радост претставувало кога за Велигден муслиманско горнореканско семејство ќе добиело црвени јајца, како и обратно, кога христијаните Горнореканци за Бајрам ќе биле послужени со баклава, што без исклучок, била редовна практика.
  50. Православните Албанци од Горна Река го користеле својот мајчин албански јазик не само во секојдневниот говор и црквената служба, туку и во натписите на спомениците. Епитафот напишан на албански јазик со кирилско писмо од 1889 година е пронајден од страна на историчарот М. С. Филиповиќ (1969) и се однесува на трговецот Андче, син на Дуко од Дуф, кој живеел 75 години и починал од природна смрт во 1889 година во Тетово, а таму бил погребан на православни гробишта. Врежаниот натпис на надгробниот споменик напишан на албански јазик гласи: „Тука под ладната плоча погребано е телото на Андче, син на Дуко, трговец од Дуф; тој кој се радува и сака да каже дека станал /?/Господ; живееше 75 години, почина во 1889 година во месец април во градот Тетово”. Овој натпис е врежан на споменикот на јазикот од Горна Река.
  51. Чувано во Националната библиотека на Австрија, делото „Албанскиот селски живот во Горна Река“ било создадена од страна на 26-годишен писател во Виена во април 1914 година, но никогаш не било објавено. Од предговорот на авторот се гледа дека текстот Nopcsa бил преведен на германски. Поради тоа што германската верзија има бројни сличности со другите етнографски дела на овој автор, може да се претпостави дека ова имало позитивно влијание врз обликувањето на ракописот. Ова е особено изразено во бројните додатоци и исправки на буквите. Ако постоела оригинална верзија на делото на албански јазик, денес истото мора да се смета за изгубено. „Албанскиот селски живот во Горна Река“ е напишано во време кога немало општоприфатено запишување на албански, а уште повеќе за сега изгубениот албанско говор во Река. Во текстот се јавуваат бројни албански зборови и имиња на места предадени на германски јазик — не секогаш на доследен начин — а делото, по неколку прилагодувања на оригиналот, се нашло тука во печатен облик. Мнозинството албански читатели не би требало да имаат тешкотии во разбирање на текстот. Оваа студија содржи обилни податоци и информации од различни подрачја и со тоа предизвикала интерес во многу области, а во истите можела да биде користена. Освен тоа, делото може да се смета и за прва етнографија на германски јазик напишана од страна на албански писател. Само од таа причина делото заслужува посебен третман.
  52. Долината на Горна Река во Западна Македонија претставува една од ретките области со албанско јазично население во Југоисточна Европа, каде биле напишана доста детална етнографска студија во првата декада на XX век, која содржи дури и важни белешки за користењето на локалната храна и лекови. Бајазид Елмаз Дода (околу 1888—1933) бил личен помошник и долгогодишен соработник на еден од најпознатите научници од областа на албанските студии, унгарскиот аристократ и палеонотолог Барон Франц Нопска фон Фелсо Цаливас (1877—1933). Дода го завршил ракописот во 1914 године, најверојатно во соработка со својот соработник, кој главно бил заинтересиран за секојдневниот планински живот на мештаните од своето село Штировица, сместено во долината на Горна Река (на надморска височина од околу 1.400 м). Ракописот останал необјавен сè додека албанологот Роберт Елси не го пронашол во Националната библиотека на Австрија и го уредил во 2007 година. Дода веројатно ја напишал оваа студија за да го оспори аргументот на српско-австрискиот историчар и астроном Спиридон Гопчевиќ (1855—1928), кој ги опишал Албанците од Горна Река како „албанизирани Словени”. Додиното село Штировица било во целост разрушено во 1916 година од страна на бугарската војска. Меѓутоа, неколку мали соседни албански села опстанале до денес, и покрај фактот што месното население е значитечно загрозено со скорешните преселбени бранови, како кон македонските градови, така и во странство. Цел на оваа студија било да се забележи традиционалното познавање на билките од страна на последните Албанци кои живеат во селата во долината на Горна Река и тоа да се спореди со етноботаничките белешки пронајдени во Додиниот труд, а сето тоа со цел подобро да се разбере насоката на промена во употребата на билките.
  53. Православните Албанци во Горна Река се служеле со Новиот завет на албански јазик. Според она што го тврди историчарот Михајло Георгиевски, во црквата во Брезовец, во Дуф, и денес се чува Новиот Завет на албански јазик напишан со грчко писмо (веројатно од страна на Вангелиј Мескиј, 1827).
  54. Од 50-тите години на XX век, албанските ученици од Горна Река се соочиле со административни мерки од страна на државата за да посетуваат училиште на македонски јазик и на тој начин да се асимилираат со мнозинското население. „Често во автобус сме среќавале мажи и жени од областа Река кои нам ни кажувале дека нивните деца одбиваат да одат на училиште на македонски и плачат кога се враќаат од училиште затоа што не разбираат ни збор од тој јазик.“ — наведува професорот Махмут Хиса од Дебар како некој кој бил запознаен со околностите од тоа време.
  55. Но, во суштина, Горнореканците никогаш не го научиле албанскиот јазик целосно. Имено, горнореканскиот албански говор содржи многу словенско македонски зборови особено оние кои се однесуваат на секојдневните предмети во домаќинството, или се користат во означување на поими кои почесто се во употреба, но и оние кои имаат македонска синтакса и наставки, непознати во албанскиот литературен јазик... Едните се пеат на недоволно јасен албански јазик, а другите на јасен македонски. Во целиот етнички предел до пред Втората светска војна работеле училишта само на српски јазик, немало ниту едно на албански. Затоа денеска, помеѓу горнореканските Албанци има стари жени кои се обидуваат да го говорат српскиот јазик што го учеле во училиштето, додека локалниот македонски во текот на годините го заборавиле.
  56. Денешната состојба со Македонското Горнореканско население во однос на употребата на албанскиот говор во секојдневната меѓусебна вербална комуникација е непроменета. Сите кои живеат во пределот, дури и малите деца, го користат албанскиот говор, иако го знаат и македонскиот. Кога јас работев во овој предел, со мене се разбира комуницираа на македонски, но во меѓусебниот разговор повторно се служеа со албанскиот. Ваквата состојба недвојбено ни укажува на тоа дека и во минатото Македонскиот јазик се користел во меѓусебната комуникација на Горнореканците, бидејќи само со континуирано користење на еден јазик тој може да се зачува, во спротивно би се изгубил, што во Горна Река не се случај. Во горнореканските села, македонско население го знае само говорниот албански, но не знае да чита и пишува на албански. Спротивно пак, чита и пишува на македонски иако ретко го користи во секојдневието и тоа само помладата популација. Горнореканците кои живеат во Скопје, или во други градови во Македонија или надвор од неа, во поранешните југословенски простори, иако најголемиот дел од нив го знаат албанскиот горнорекански говор, сепак многу ретко го откриваат тоа. Бидејќи имаат македонско христијански имиња и презимиња тоа не им претставува тешкотија, но од друга страна зборува за личниот, помалку или повеќе, негативен став кон албанскиот јазик, кој особено е присутен последниве години. Дури останатото македонско население од државава воопшто не знае за постоењето на дел од македонската нација која го користи албанскиот говор секојдневно, и сознанието за постоењето на оваа појава им изгледа неверојатно. Оваа појава не е карактеристична само за Горна Река, туку и за Скопски Дервен, Дебарско, Голо Брдо ити.
  57. Како последица од печалбарскиот тип на стопанисување, речиси сите воѕрасни Горнореканци знаеле најмалку три јазици. Некои знаеле од пет до седум јазика, покрај македонски и албански, уште говореле и грчки, романски, француски и англиски (со американски изговор).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Bechev, D. (13. 4. 2009). Historical Dictionary of the Republic of Macedonia. Scarecrow Press. стр. 188–. ISBN 978-0-8108-6295-1. https://books.google.com/books?id=ilGfCIF4Ao4C&pg=PA188. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 132.
  3. 3,0 3,1 Clayer, Nathalie (2007). Aux origines du nationalisme albanais: La naissance d’une nation majoritairement musulmane en Europe. Karthala. ISBN 978-2-84586-816-8. стр. 436.
  4. 4,0 4,1 4,2 Giorgievski, B. „Бранислав Синадиновски специјален советник на лидерот Али Ахмети: Литургиите не се доволни, сакаме посебна Албанска Православна црква“. Дневник. конс. 4 декември 2015. 
  5. 5,0 5,1 5,2 „Шкретите имаат македонски корени и не можат да се поистоветуваат со Албанците“. Македонска нација. конс. 4 декември 2015. 
  6. 6,0 6,1 6,2 „Kujt i pengon përkatësia etnike shqiptare e z. Sinadinovski?!“. Klan Macedonia. конс. 13 декември 2015. 
  7. 7,0 7,1 7,2 „Më thonë Branko Manojlovski, por unë jam shqiptar“. Zeri. конс. 13 декември 2015. 
  8. 8,0 8,1 8,2 Book 5 - Total population according to the Ethnic Affiliation, Mother Tongue and Religion, The State Statistical Office, Skopje, 2002, стр. 167, 272.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 24.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 Osmani. Veshja autoktone. 2012. "Historikisht Reka njihet kyresisht si vend blegtoral. стр. 9; 10.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 11,6 Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 53; 280-287.
  12. 12,0 12,1 Bužarovski, D.; Bužarovska, R. (2004). Contemporary Trends in Musicology and Ethnomusicology: Third Struga Conference. University "Sts.Kiril i Metodij", School of music, Institute for research and archiving of music (IRAM). стр. 46. https://books.google.com/books?id=l7v_AAAAMAAJ. 
  13. Osmani. Veshja autoktone. (2012). стр. 7.
  14. Osmani. Veshja autoktone. (2012). стр. 8.
  15. 15,00 15,01 15,02 15,03 15,04 15,05 15,06 15,07 15,08 15,09 15,10 15,11 15,12 Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 25; 22-26.
  16. 16,0 16,1 Doda. Albanisches Bauerleben. 2007. стр. 15-21.
  17. 17,0 17,1 17,2 Doda. Albanisches Bauerleben. 2007. стр. 21.
  18. "Tourist map of the National Park "Mavrovo"". National Park Mavrovo.
  19. 19,0 19,1 19,2 Knapp, H. D.; Schroeder, C. & Schwaderer, G. (2013). Report of the Excursion to Ancient Beech Forests in Albania and Macedonia July 14-19, 2013 (Report). Euronatur. стр. 11-12.
  20. Melovski, L., et al (2013). "Regional division of the Republic of Macedonia for the needs of biological databases." Macedonian Journal of Ecology and Environment. 15. (2): 88.
  21. Melovski, D., Breitenmoser, U., von Arx, M. & Breitenmoser-Würsten, C. and Lanz, T. (2015). „Lynx lynx ssстр. balcanicus“. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 3.1. Меѓународен сојуз за заштита на природата.  (англиски)
  22. В., Л. и Ч., М.. „Промоција на балканскиот рис“. МИА. 12 јули 2014.
  23. Promitzer, C. (2015). "Austria and the Balkans: Exploring the role of travelogues in the construction of an area." In Kaser, Karl (ed). Southeast European Studies in a Globalizing World. Lit Verlag. стр. 204-205.
  24. 24,0 24,1 24,2 Pieroni. Folk botanical knowledge. 2013. стр. 2.
  25. Anastasovski, N. (2008). The Contest for Macedonian Identity 1870-1912. Pollitecon Publications. стр. 86.
  26. Murati. Gjuha e humbur. 2011. стр. 91.
  27. Selishchev, A. M. (1931). Slavjanskoe naselenie v Albanii. Sofija. стр. 15.
  28. 28,0 28,1 Smiljanić, T. (1937). Debarski Poljani I Rekanci. Narodna Starina. стр. 72-73-74; 76
  29. Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 132.
  30. Anastasovski. Macedonian Identity. 2008. стр. 86.
  31. 31,0 31,1 31,2 31,3 Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 48-53; 156; 232; 233.
  32. 32,0 32,1 32,2 32,3 Kanchov, V. (1900). Macedonia: Ethnography and Statistics. Sofia. стр. 91.
  33. 33,0 33,1 33,2 33,3 Murati. Gjuha e humbur. 2011. стр. 104-105.
  34. Malcolm, Noel (1998). Kosovo: A short history. New York University Press. стр.198.
  35. 35,0 35,1 Osmani. Veshja autoktone. 2012. стр. 8.
  36. 36,0 36,1 Murati. Gjuha e humbur. 2011. стр. 94
  37. 37,0 37,1 Pieroni. Folk botanical knowledge. 2013. стр. 16.
  38. 38,0 38,1 38,2 38,3 Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 118.
  39. Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 148-149-150.
  40. 40,0 40,1 Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 119.
  41. 41,0 41,1 Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 91; 154.
  42. 42,0 42,1 42,2 Doda. Albanisches Bauerleben. 2007. стр. 88-92.
  43. Doda. Albanisches Bauerleben. 2007. стр. 18.
  44. 44,0 44,1 Doda. Albanisches Bauerleben. 2007. стр. 16
  45. 45,0 45,1 45,2 Kaso. Muslim population in Macedonia. 2005. стр. 328.
  46. 46,0 46,1 46,2 Osmani. Veshja autoktone. 2012. стр. 9.
  47. 47,0 47,1 47,2 Markovski, N. (1975). Belčicia na plamen. Tetovo. стр. 8, 27, 21-23, 27, 33, 37, 41-42, 80-86.
  48. 48,0 48,1 48,2 48,3 48,4 Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 138.
  49. 49,0 49,1 49,2 49,3 Pieroni. Folk botanical knowledge. 2013. стр. 2-3.
  50. „Takimet e Rekës së Epërme – Manifestimi qendrorë 10 Gusht 2014 – Rimnic“. Reka e Epërme. конс. 4 декември 2015. 
  51. „Takimet e Rekës së Epërme – Manifestimi qendrorë 08 Gusht 2015 – Rimnic“. Reka e Epërme. конс. 4 декември 2015. 
  52. „Në 100 vjetorin e Josif Bagerit, shqiptarët ortodoksë në Maqedoni kërkojnë kujdes“. Koha. конс. 19 декември 2015. 
  53. 53,0 53,1 Arsovska, E. „Ексклузивно! Вечер во посета на Мавровско-горнореканскиот крај. Зборуваме албански, но ние сме Македонци и мајчин јазик ни е македонскиот!“. Вечер. конс. 4 декември 2015. 
  54. 54,0 54,1 „Бранислав Синадиновски - православен Албанец или обичен измамник?“. Фокус. конс. 13 декември 2015. 
  55. 55,0 55,1 „Manojlovski thotë se Sinadinovski është kushëriri im, edhe ai shqiptar“. Koha. конс. 13 декември 2015. 
  56. 56,0 56,1 „Shqiptarët ortodoks të Maqedonisë kërkojnë liturgji në gjuhën shqipe“. The Albanian. конс. 19 декември 2015. 
  57. 57,0 57,1 „Shqiptarët që po trondisin Maqedoninë“. Koha Jona. конс. 19 декември 2015. 
  58. Osmani. Veshja autoktone. (2012). стр. 8-9.
  59. Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 16-22.
  60. Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 283.
  61. Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 22; 283.
  62. Islami, A. (2011), "Aspekte Demografike të Rekës nga shekulli XV - 2002". Studime Albanonlogjike. 3: 137-138.
  63. Kaso. Muslim population in Macedonia. 2005. стр. 134.
  64. Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 22.
  65. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. 
  66. Mirčevska. Etnički simboli vo Gorna Reka. 2007. стр. 162.
  67. Thammy Evans (2012). Macedonia, 4th. Bradt Travel Guides. стр. 48. ISBN 978-1-84162-395-5. https://books.google.com/books?id=10Tjsyz69UwC&pg=PA48. 
  68. Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 162-163.
  69. 69,0 69,1 Murati. Gjuha e humbur. 2011. стр. 123.
  70. Doda. Albanisches Bauerleben. 2007. стр. 64.
  71. Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 154.
  72. Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 196-207.
  73. Doda. Albanisches Bauerleben. 2007. стр. 88-94.
  74. Doda. Albanisches Bauerleben. 2007. стр.92.
  75. 75,0 75,1 75,2 Murati. Gjuha e humbur. 2011. стр. 89.
  76. Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 284-285.
  77. Idrizi, X. (2003).Mikrotoponimia e Karshikës së Shkupit [Microtoponyms of Skopje’s Karshiaka region. Interdiskont. Skopje. ISBN 9989-815-37-2. стр. 55.
  78. Kaso. Muslim population in Macedonia. 2005. стр. 375.
  79. 79,00 79,01 79,02 79,03 79,04 79,05 79,06 79,07 79,08 79,09 79,10 79,11 Osmani. Veshja autoktone. 2012. "Historikisht Reka njihet kyresisht si vend blegtoral. стр. 27-81.
  80. Kaso. Muslim population in Macedonia. 2005. стр. 377.
  81. Мирчевска, М. П. (2007). „Сребрен крст - или „крјуж“, како особен христијански белег“. стр. 219.
  82. 82,0 82,1 82,2 82,3 82,4 Doda. Albanisches Bauerleben. 2007. стр. 169–190.
  83. 83,00 83,01 83,02 83,03 83,04 83,05 83,06 83,07 83,08 83,09 83,10 83,11 83,12 83,13 83,14 83,15 83,16 83,17 83,18 83,19 83,20 83,21 83,22 83,23 83,24 83,25 83,26 83,27 83,28 83,29 83,30 83,31 83,32 83,33 83,34 83,35 83,36 83,37 83,38 83,39 83,40 83,41 83,42 Doda. Albanisches Bauerleben. 2007. стр. 65-68.
  84. Elsie. The Christian Saints of Albania. 2000. стр. 46.
  85. 85,0 85,1 85,2 85,3 85,4 85,5 85,6 Elsie. A dictionary of Albanian religion. 2001. стр. 252.
  86. Elsie. The Christian Saints of Albania. 2000. стр. 45.
  87. 87,0 87,1 87,2 Elsie. A dictionary of Albanian religion. 2001. стр. 131.
  88. Elsie. The Christian Saints of Albania. 2000. стр. 49; 52.
  89. 89,0 89,1 Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 241-242.
  90. 90,0 90,1 90,2 90,3 90,4 Elsie. A dictionary of Albanian religion. 2001. стр. 10.
  91. Elsie. The Christian Saints of Albania. 2000. стр. 40.
  92. Elsie. The Christian Saints of Albania. 2000. стр. 22.
  93. 93,0 93,1 Friedman, V. A. (2005). "Albanian in the Balkan linguistic league: a reconsideration of theoretical implications". Acta Studia Albanica. 1: 35.
  94. 94,0 94,1 94,2 94,3 94,4 Doda. Albanisches Bauerleben. 2007. стр. 191.
  95. 95,0 95,1 95,2 95,3 Doda. Albanisches Bauerleben. 2007. стр. 192.
  96. 96,0 96,1 Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 155.
  97. Newmark, L. (1998). Albanian-English Dictionary. Oxford: Oxford University Press. ISBN 978-0198603221.
  98. Doda. Albanisches Bauerleben. 2007. стр. 65; 169–190.
  99. Murati. Gjuha e humbur. 2011. стр. 113-114.
  100. 100,0 100,1 100,2 100,3 100,4 Elsie, R. „Vorwort“. RobertElsie. конс. 5 ноември 2015. 
  101. Murati. Gjuha e humbur. 2011. стр. 113.
  102. 102,0 102,1 102,2 102,3 102,4 Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 136.
  103. Murati. Gjuha e humbur. 2011. стр. 98-99.
  104. 104,0 104,1 104,2 104,3 104,4 Мирчевска. Етнички симболи во Горна Река. 2007. стр. 137.

Користена литература[уреди | уреди извор]

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Документарни филмови[уреди | уреди извор]

Други материјали[уреди | уреди извор]

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Горна Река“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).