Длабока Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Долината на Длабока Река, со Корапскиот Водопад во позадина

Длабока Река (албански: Proi i Fel) — река во западна Македонија, лева притока на Рибничка Река, која пак е десна притока на Радика[1]. Извира под високите врвови на Кораб, формирајќи стрмна долина која претставува единственото место со алпска клима во Македонија[2].

На неа се наоѓа познатиот Корапски водопад, највисокиот водопад во Македонја од 136 метри, кој се јавува под врвот Мал Кораб во пролетните месеци со топењето на снегот.

Реката тече покрај напуштеното село Жужње, па во клисурата под селата Нистрово и Бибање и потоа се влива во Рибничка Река.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Апостолски, Михаило (1984). Природни и социо-географски карактеристики на зоните на номадските и полуномадските сточарски движења во Македонија. МАНУ. 
  2. Зиков, Михаило. Клима и климатска регионализација во Република Македонија, „Географски разгледи“, бр. 30, Скопје, 1995