Општина Маврово и Ростуше
| Општина Маврово и Ростуше | |||
|---|---|---|---|
| Општина | |||
| |||
![]() | |||
| Држава | Македонија | ||
| Регион | Полошки | ||
| Година кога е основана со закон | 2004 | ||
| Седиште | Ростуше | ||
| Населени места | Список
| ||
| Управа | |||
| • Градоначалник | Медат Куртовски | ||
| Површина | |||
| • Вкупна | 663,19 км2 (256,06 ми2) | ||
| Население (2021)[1] | |||
| • Вкупно | 5,638 | ||
| • Густина | 8,5/км2 (22/ми2) | ||
| Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
| Повикувачки број | +042 | ||
| Регистарски таблички | GV | ||
| Мреж. место | mavrovoirostuse.gov.mk | ||


Општина Маврово и Ростуше (порано Општина Маврово и Ростуша) — општина во западниот дел на Република Македонија. Формирана е во 2004 година со спојување на општините Маврови Анови и Ростуша. Центар на општината е селото Ростуше. На југ се граничи со Општина Дебар, на исток со Општина Кичево (порано Општина Зајас), на запад со Албанија, а на север со Општина Гостивар.
Географија
[уреди | уреди извор]Општина Маврово и Ростуше се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, т.е. во регионот Мијачија.
Историја
[уреди | уреди извор]Општина Маврово и Ростуше била создадена во 1996 година, под името Општина Маврови Анови, а Општина Ростуша е создадена исто така во истата година, и во 2004 година, спојувајќи ги општините Маврови Анови и Ростуша, формирана е Општина Маврово и Ростуша со седиште во Ростуше.
Демографија
[уреди | уреди извор]Согласно пописот на населението на Македонија од 2002 година на ниво на држава спроведен од страна на Државниот завод за статистика на Република Македонија, Општина Маврово и Ростуше ги има следните статистички одлики во однос на населението:[2]
Вкупно население: 8618 жители[3]
1. Вкупно население на територија на општина по пол:
- Мажи: 4295
- Жени: 4323
| Народ | Вкупно | Удел (%) |
|---|---|---|
| Македонци | 4.349 | 50,46 |
| Албанци | 1.483 | 17,21 |
| Турци | 2.680 | 31,10 |
| Роми | 10 | 0,12 |
| Власи | 0 | 0,00 |
| Срби | 6 | 0,07 |
| Бошњаци | 31 | 0,36 |
| останати | 59 | 0,68 |
| Вероисповед | Вкупно |
| православни | 853 |
| муслимани | 9.355 |
| католици | 15 |
| протестанти | 0 |
| останати | 205 |
| Јазик | Вкупно |
| македонски | 8.652 |
| албански | 1.258 |
| турски | 475 |
| ромски | 2 |
| влашки | 1 |
| српски | 8 |
| бошњачки | 9 |
| останати | 30 |
* Дел од жителите во областа Долна Река, односно во селата Скудриње (76,8 %), Ростуше (48,9 %), Аџиевци (37,5 %), Требиште (36,2 %), Јанче (22,6 %), Присојница (20,9 %), Велебрдо (17,6 %) и Видуше (12,9 %) се изјасниле како Турци, но всушност тоа се Македонци од муслиманска вероисповед, кои се изјасниле дека македонскиот им е мајчин јазик.
3. Вкупно население на територија на општина врз основа на образовна структура од 15 и повеќе години: 6324
- Без училиште: 257
- Некомплетно основно образование: 1373
- Основно образование: 3375
- Средно образование: 1092
- Виша школа: 98
- Висока школа: 93
- Магистратура: 1
- Докторат: 0
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Општина Маврово и Ростуше ги има следните нови статистички одлики во однос на населението:
Вкупно население: 5638 жители
| Народ | Вкупно | Удел (%) |
|---|---|---|
| Македонци | 1.942 | 34,44 |
| Албанци | 670 | 11,88 |
| Турци | 1.584 | 28,1 |
| Роми | 3 | 0,05 |
| Власи | 2 | 0,03 |
| Срби | 5 | 0,09 |
| Бошњаци | 37 | 0,66 |
| останати | 1.092 | 19,37 |
| лица без податоци | 303 | 5,38 |
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Градоначалник на општина Маврово и Ростуше е Медат Куртовски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4]
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 11 члена.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 6 јануари 2013.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.
- ↑ „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Службен портал на Општина Маврово и Ростуше
- Општина Маврово и Ростуше во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
- Општина Маврово и Ростуше @ makedonija.name
| ||||||||||||||||

