Прејди на содржината

Росоки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Росоки

Пејзаж крај Росоки

Росоки во рамките на Македонија
Росоки
Местоположба на Росоки во Македонија
Росоки на карта

Карта

Координати 41°34′0″N 20°41′39″E / 41.56667°N 20.69417°E / 41.56667; 20.69417
Регион Полошки
Општина Маврово и Ростуше
Население во атар11 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.1254
Повик. бр.042
Шифра на КО07067
Надм. вис.980 м
Росоки на општинската карта

Атарот на Росоки во рамките на општината
Росоки на Ризницата
Објаснувања за населението

1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
2 Податокот го содржи населението што живее во пописниот круг за населеното место, исклучувајќи ги или додавајќи ги бројот на жители кон други населени места.

Росоки — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Мијачија. Селото се наоѓа на Росочка Река, која извира во близина на селото.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Росоки е сместено во западниот дел на Македонија, во јужниот дел на општината Маврово Ростуше. Претставува дел од долнореканскиот крај. До селото води асфалтен пат кој се двои од регионалниот пат Дебар — Гари. Селото е оддалечено 19 километри источно од градот Дебар.

Атарот на селото зафаќа 11,1 км2.[2]

Соседни села на селото Росоки се: Селце и Тресонче од исток, Галичник од североисток, Сушица од југоисток, Лазарополе од југ, Присојница, Скудриње, Јанче и Аџиевци од запад и северозапад.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во своите најдобри времиња, селото броело 90 куќи, а денес се останати многу помал број од овој број.[3]

Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Во минатото, поради Росочка Река, која тече низ самото село, во селото постоеле голем број на воденици и валавици.[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Росоки живееле 450 жители, сите Македонци.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Раосоки се води како чисто македонско село во Реканската Каза на Дебарскиот Санџак со 75 куќи.[6]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Росоки имало 600 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]

Иселувањето во Росоки започнало порано отколку во другите села, па затоа во него останале само двајца жители според пописот од 1981 година.[2]

Селото Росоки е во целост раселено, како што било забележано уште со спроведениот попис од 2002 година, кога во селото немало ниеден жител.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 450 600 82 71 18 1 2 0 0 0 1
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Населението во селото се смета за староседелско, меѓутоа во Тресонче говорат дека тука доаѓале козари од Албанија и дека преку зима ги криеле овците тука и така се населило селото. Некои зборуваат дека Росоки во минатото постоело кај Елбасан, па од таму се преместило.

Родови во селото се: Бојковци (3 к.), Каповци (6 к.), Стари Поповци (1 к.), Кржаловци (2 к.), Дадавелковци (4 к.), Тодоровци (1 к.), не се знае ништо за овие родови и Поповци (2 к.), доселени се од брсјачкото село Душегубица.

Според едно предание, се смета дека велешкото село Ореше е основано од извесен дедо Дамјан, кој бил доселен од Росоки.

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на големата Општина Маврово и Ростуше, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Ростуша.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лазарополе, во која покрај селото Росоки, се наоѓале и селата Гари, Лазарополе, Селце и Тресонче. Општината Лазарополе постоела и во периодот 1950-1952.

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви[14]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 1 2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 261-262.
  3. 1 2 Според кажување на месен жител, забележано од страна на Тони Ристовски, Никола Цибрев, Ѕвонко Петровски, Кирил Симеоновски и Цветко Неделковски на 5 јули 2015 година.
  4. ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-02-25. Посетено на 2024-02-12.
  5. ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 263.
  6. ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот Вилает (PDF). Каламус. стр. 48.
  7. ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 184-185.
  8. ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“. [мртва врска]
  9. ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  10. ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]