Општина Ресен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Општина Ресенопштина во југозападна Македонија. Центар на општината е градот Ресен.

Ресен

Map of Resen Municipality.svg

Знаме на Општина Ресен Грб на Општина Ресен
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Ресен
Површина 550,77 км²
Демографија
Население 16.825 жители
- проценка од 30.06.2014 16.369[1] жители
Густина на население 30,55 жит/км²
Населени места
Локална управа
Градоначалник Михаил Волкановски
Совет 15 члена
Контактни податоци
Адреса на седиште Плоштад Маршал Тито 20 7310 Ресен
Телефон 047 454-450, 047 451-524, 047 451-800
Факс 047 452 200
Портал resen.gov.mk Службен портал
Е-пошта е-пошта
Карта на општина Ресен со селските атари.
Демографска карта на општина Ресен со селските атари.

Географиja[уреди | уреди извор]

Книга „Населбите во Преспа“ (Кликни на сликата за да се отвори и чита во целост)

Општината Ресен се наоѓа во Преспанската Котлина, во југозападниот дел на Република Македонија и опфаќа површина од 739 км2. Поделена на копно со 562 км2 и вода со 177 км2, претставува посебна просторна целина, која географски се простира околу пресекот на 41-от степен СГШ и 21-от степен ИГД.

Општината Ресен се граничи со општините Охрид, Битола и Демир Хисар. Во општина Ресен евидентирани се 44 топоними на места, од кои 43 се рурални, од нив 39 активни и 4 неактивни и една урбанизирана средина.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година во општина Ресен живеат 16.825 жители од кои 50,3% женско население а 49,7% машко население,. Населението е распоредено во 4.847 домаќинства и 8.215 станови, со просечен број на членови во домаќинство 3,5 и просечна населеност од 23 жители на 1км2. Според национална структура:

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Преспанскиот регион е сместен на Балканскиот Полуостров, на тромеѓето помеѓу Република Македонија, Албанија и Грција. Оваа област се смета за еколошки ентитет од глобално значење бидејќи тука може да се сретнат разновидни биотопи – езера, планина и шуми кои имаат единствени, уникатни карактеристики. Езерата Мала Преспа и Голема Преспа се меѓу најстарите езера во Европа, и затоа во нив може да се најдат голем број на ендемски видови. Регионот се смета за значаен резервоар на биодиверзитетот и природната продукција.

Општината Ресен е сместена во Преспанската котлина и ограничена со планините Баба (највисок врв Пелистер 2600 м) на исток и Галичица (2235 м) на запад. На север се планините Плакенска и Бигла (1933 м) а на југ на албанскиот дел со Горбач (1750 м) и нешто пониските ограноци на Галичица.

Преспанската котлина се наоѓа помеѓу двата национални паркови Пелистер и Галичица, односно на нејзина територија се распространети и двата национални паркови. Во Преспанската Котлина се наоѓаат и двете езера Малото и Големото Преспанско Езеро. Во водите на Големото Езеро се наоѓа тромеѓето на македонската, албанската и грчката граница.

На северниот дел од езерото сместен е Природниот Резерват Езерани на површина 1917 ha од што 1066 ha се копнена површина, додека 851 ha е водна површшина. Односот на копнена и водна површина е релативен бидејќи нивото на Преспанското Езеро значително варира во тек на годината и особено во тек на подолги периоди. Заштитеното подрачје е живеалиште на околу 200 видови на птици од кои 62 видови се ставени на листата на заштитени видови во согласност со Берн Конвенцијата а три видови се наоѓаат на Европската Црвена листа од светски загрозени видови. Карактеристичен претставник на фауната во Преспанското Езеро е Пеликанот (Pelecanus crispus). Пеликанот е една од најкрупните птици кои егзистираат на вода, главно во потоплите краишта, кај нас го има единствено на двете Преспански Езера. Единствената колонија на Големиот Бел пеликан (Pelecanus onocrotalus) во Европската Унија се наоѓа во Преспа.

Природна реткост[уреди | уреди извор]

Природна реткост претставува островот Голем Град кој се наоѓа во Големото Преспанско Езеро и зафаќа површина од 1 км2. Островот е обраснат е со бујна шумска вегетација со најголема застапеност на фојата која е ендемичен вид. На островот постоеле 7 цркви, од кои сочувана е само пештерската црква Св. Петар. Островот е археолошки локалитет со остатоци од живеалишта, цркви некрополи од Римската епоха и средновековието, богат резерват на ендемични растенија и како природна реткост заштитет со Закон и изолиран хабитат со минимално влијание од страна на човекот. Влегува во рамките на Националниот Парк Галичица.

Земјоделското земјиште претставува ресурс не само за егзистенција на населението од преспанскиот регион кое во најголем дел се занимава со овоштарство и тоа одгледување на јаболка, туку и основа за започнување на специфични видови туризам.

Шуми[уреди | уреди извор]

Шумите на просторот на општината Ресен претставуваат природен ресурс кој се одликува со забележително присуство, како во планинските предели така и на ридските подрачја. Во последните години во преспанскиот регион се забележува зголемување на површините под шуми и шикари, како резултат на намалениот интензитет на експлоатација на шумските површини што произлегува одж деценискиот процес на емиграција на населението и, секако, поради организираниот систем на пошумување и природна ревегетација на шумите.

Најквалитетните насади под шума се концентрирани во планинскиот појас, а најнеквалитетните во ридските подрачја на општината. Нискостеблестите шуми и шикари имат ниска производна способност, но се со мошне значајна заштитна функција.

Присуството на шумите во преспанскиот регион претставува значајна претпоставка за развој на одредени видови туристички активности поврзани со рекреативната функција, пешачење, прошетки во природа, берење лековити растенија и шумскi плодови итн.

Води[уреди | уреди извор]

Хидрографските карактеристики на преспанскиот регион имаат посебно значење за населението од овој крај како извор на егзистенција и вработување во повеќе стопански дејности поврзани со овој природен ресурс: туризмот, рибарството, угостителството и др.

Во водите на Големото Езеро се наоѓа тромеѓето на македонската, албанската и грчката граница. Големото Преспанското Езеро зафаќа површина од 284 km², со 54 метри најголема длабочина и надморска височина од 853 метри. Од вкупната површина на езерото, 65% припаѓа на Македонија, 18% на Албанија и 17% на Грција. Малото Преспанско Езеро зафаќа површина од 45,59 km² и е за три метри повисоко од Големото, се наоѓа на територијата на Грција и мал дел во Албанија.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во целиот Преспански регион е умерено-континентална, со медитеранско влијание преку клисурата Грло на југозапад од Малото Преспанско Езеро и преку планинскиот превој Превтис на југозападниот дел од Мала Преспа. Се карактеризира со топли лета во кои ноќите се свежи и со благи зими. Просечната годишна релативна влажност на воздухот изнесува 64%. Водата на Преспанското Езеро во одредена мерка се јавува како климатски модификатор на својата околина. Езерото кое се наоѓа на надморска височина од 850 м претставува терморегулатор за околниот воздух, посебно на температурата на воздухот во зимските месеци, особено во декември и јануари. Преодот од зимата кон летото е нешто побрз заради што пролетта е послабо изразена годишна сезона во однос на есента, што секако претставува важна карактеристика од интерес за претсојот на туристите во текот на есенските месеци во кои што во општината Ресен се организираат значајни манифестации како што е Јаболкоберот кој се одржува на крајот од месец септември.

Просечната годишна температура изнесува 10,2 °С, со најтопол месец јули со просечна месечна температура од 21 °С, минимална вредност од 0,3 °С во месец Jануари.

Преспанската Котлина се одликува со долготрајно сончево зрачење со просечна годишна сума од 1 400 до 2 600 часови. Во однос на ветровите и струењето на воздухот присутни се локалните ветрови со режим условен од езерото поради нееднаквото загревање на воздухот над копното и над езерската шир заради што се зголемува општата зачестеност на ветровите во ова подрачје. Маглата во Преспанското подрачје е ретка појава, главно поради честото проветрување и присуство на големите езерски водени површини.

На македонскиот дел од Големото Преспанско Езеро, главни притоки со кои се храни со вода се реките Источка, Преторска, Брајчинска и Голема Река, која поминува низ градот Ресен. Водите на Преспанското Езеро преку понорници истекуваат во Охридското Езеро.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]



  1. „Процени на населението на 30.06.2014 и 31.12.2014 според полот и возраста, по општини и по статистичките региони (HTEC 3 - 2007 година)“ (на македонски). Скопје: Државен завод за статистика на Република Македонија. јули 2015. http://www.stat.gov.mk/publikacii/2.4.15.10.pdf. конс. 26 јануари 2016 г.