Лавци (Ресенско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лавци
Лавци (Ресенско) (05).jpg
Лавци во рамките на Македонија
Лавци
Местоположба на Лавци во Македонија
Лавци на интерактивна карта

Карта

Координати 41°02′43″N 20°57′16″E / 41.04528° СГШ; 20.95444° ИГД / 41.04528; 20.95444Координати: 41°02′43″N 20°57′16″E / 41.04528° СГШ; 20.95444° ИГД / 41.04528; 20.95444
Општина Ресен
Население 118 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 23023
Лавци на општинската карта
Лавци во Општина Ресен.svg

Атарот на Лавци во рамките на општината
Commons-logo.svg Лавци на Ризницата

Лавци — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Лавци се наоѓа 6,5 км југозападно од Ресен во воздушна линија сметано од средиштата на населените места. Соседни села се: Прељубје (на југ; 1,2 км), Дрмени (на запад; 3,3 км), Царев Двор (на запад; 3,6 км), Горно Дупени (на североисток; 2,2 км), Евла (на север; 3,4 км).

Историја[уреди | уреди извор]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948305—    
1953333+9.2%
1961339+1.8%
1971312−8.0%
1981358+14.7%
ГодинаНас.±%
1991201−43.9%
1994145−27.9%
2002134−7.6%
2021118−11.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лавци живееле 276 жители, од кои 150 Турци, 120 Македонци и 6 Албанци.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 118 жители, од кои 13 Македонци, 6 Албанци, 98 Турци и 1 останат.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[3]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Лица без под. Вкупно
1948 305
1953 126 206 1 333
1961 121 1 217 339
1971 103 209 312
1981 97 16 241 4 358
1991 28 4 164 5 201
1994 28 4 113 145
2002 18 2 113 1 134
2002 13 6 98 1 118

Родови[уреди | уреди извор]

Куќа во западниот дел на Лавци.

Лавци е македонско-турско село.

  • Македонски родови се: Андоновци, Бојчевци, Гештаковци, Жиловци, Таневци (доселени од Коњско во 1934 година), Колевци, Мркачовци, Пандевци и Перовци (доселени од Перово).
  • Турски родови се: Алиовци, Зеќировци, Јашаровци, Јуруковци, Резаковци, Селимовци и Шаиновци.[4]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:

Македонски

  • Староседелци и со непознато потекло: Жиловци (8 к.)
  • Доселеници: Андоновци (4 к.) доселени се од селото Прељубје; Коњцкари со Ивановци и Тасевци (3 к.) доселени се во 1914 година од селото Коњско; Пандевци (5 к.) доселени се во 1915 од селото Волкодери; Перовци и Голицовци (1 к.) доселени се од селото Перово; Колевци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Шурленци; Мркачовци (2 к.) доселени се од селото Горно Дупени;

Муслимански

  • Староседелци: Шаиновци (9 к.) и Јашаревци (8 к.)
  • Доселеници: Алиовци (17 к.) доселени се од некое место Пеќиште.[5]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1665 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница на акиф селимовски.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 172 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Манастирот „Св. Петка“.
Црквата „Св. Атанасиј“ и Старата џамија.
Новата џамија.
Верски храмови
Археолошки наоѓалишта[8]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 238.
  3. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  4. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
  5. Русиќ, Бранислав. Преспанска област. Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87.
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  9. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  10. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]