Избишта
Избишта — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Избишта — село во областа Преспа, сместено на левата страна од патот Охрид-Ресен. Од градот Ресен е оддалечено 5 километри. Соседни села се Крушје, Лева Река, Илино, Кривени, Јанковец и Болно.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од нахијата Преспа на Охридската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Избишта живееле 232 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Избишта имало 256 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002 година, селото Избишта брои 176 жители, од кои 174 Македонци и 2 останати.[3]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 232[1] | 256[2] | 261 | 265 | 244 | 263 | 262 | 212 | 198 | 176 |
Родови[уреди | уреди извор]
Избишта е македонско село.
Родови во селото се: Ѓоревци, Јанчевци, Петковци (дојдени од селото Брежани, Дебрца пред многу години, не се знае точниот период на нивната преселба,Фузевци.[5]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
- Староседелци: Ѓоревци (26 к.), Фузевци (17 к.) и Јанчевци (8 к.).[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
• П.У. Гоце Делчев
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1630 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 139 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Гимбабица — некропола од хеленистичко време;
- Јамиште— пат од римско време;
- Кула — населба од хеленистичко време;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Ставре Димитров — македонски револуционер од ВМОРО.
- Гоше Калев Петревски — македонски револуционер од ВМОРО.[10]
- Јован Радев Темелковски — македонски револуционер од ВМОРО.[11]
- Нанчо Николов Фузевски — македонски револуционер од ВМОРО.[12]
- Трифун Иванов Фузевски — македонски револуционер од ВМОРО.[12]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
- ФК Илинден (Избишта)
Иселеништво[уреди | уреди извор]
во Аргентина се иселени 15тина семејства до 1949 година.[6]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 240.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
- ↑ 6,0 6,1 Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски Фонд на МАНУ к-2, АЕ 87.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ 12,0 12,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link)