Козјак (Ресенско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Козјак
Викиекспедиција Преспа 80.jpg

Панорамски поглед на селото Козјак

Козјак се наоѓа во Македонија
Козјак
Местоположба на Козјак во Македонија
Координати 41°03′30″ СГШ 21°02′32″ ИГД / 
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски регион
Општина Coat of arms of Resen Municipality.svg Општина Ресен
Област Горна Преспа
Население 117[1] жит.
Пошт. бр. 7310
Повик. бр. 047
Надм. вис. 870 м
Слава нема
Commons-logo.svg Козјак на Ризницата


Козјак — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен, сместено во близина на брегот на Големото Преспанско Езеро.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Во врска со името на селото, Влоѓимјеж Пјанка пишува дека е примарно и означува живеалиште на кози (козјак). Преданието на козјаштани зборува дека некогаш на ова место постоело гратче (населба) кое се викало Козана и сметаат дека името на нивното село потекнува од името на тоа некогашно гратче.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во источниот дел на Ресенското Поле, на околу 1 километар западно од раскрсницата „Макази“, која ги вкрстува патиштата за Битола, Корча, Ресен и Маркова Нога (македонско-грчка граница), на рамна чистинка, на надморска височина од околу 870 метри.[2]

Нема податоци ниту други сознанија дека селото некогаш било преместувано.[2]

Козјак се граничи со следниве села: со Сопотско на север, со подрачјето на Општина Битола (во тој склоп со селото Ѓавато) на исток, со селото Долна Бела Црква на југ и со градот Ресен и селото Горна Бела Црква на запад.[2]

Атарот на Козјак зафаќа површина од 628 (околу 6,28 км²) и зафаќа рамничарско плодно и ридско-планинско земјиште обраснато со листопадна шума (претежно даб) и дополнително насадена иглолисна (борова и чамова) шума. Од вкупната површина на атарот: 415,2 хектари се обработливо земјиште, 48,9 хектари пасишта и 133,8 хектари шума.[2]

Низ атарот на селото (западно од селото) тече Голема Река, а северно од селото рекичката Бела Вода (лева притока на Голема Река), која во летниот период редовно пресушува.[2]

Козјак е село од собран тип со околу 60 куќи, сите обновени или новоизградени и внатре современо опремени. Околу куќите постојат поголеми или помали убаво уредени дворни места во кои се наоѓаат стопанските и други објекти (магацини, гаражи, штали, тремови, плевни, фурни, бунари и др.). Селото го вкрстуваат повеќе асфалтирани улици. Селото се дели на две поголеми маала: Горна Маала (источно) и Долна Маала (западно од Реката).[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Козјак е старо село во кое живеат Турци. Овие луѓе се со чисто национално чувство, во рамките на семејството и во селото со турски говор и традиција. Под различни облици на денешното име (Косјак, Козљак и Козјак) неговото постоење е забележано во повеќе извори од различни периоди.[2]

Во 19 век, Козјак се наоѓало во Битолската каза, нахија Горна Преспа, во Отоманското Царство.

До 1912 година, Козјак било под турска власт, а тој склоп и беговски чифлик.[2]

Во Првата Балканска војна (ноември 1912), селото се нашло под српска власт, а во текот на Првата светска војна под бугарска окупација. Подоцна, со поместувањето на фронтот, низ селото поминале и војските на Антантата. Во текот на војната, козјаштани биле мобилизирани во војските на спротивставените страни.[2]

По завршувањето на Првата светска војна, Козјак повторно се нашло под српска власт.[2]

Во Втората светска војна селото паднало под окупација на фашистичка Италија (мај 1941 година), со што се нашло во составот на т.н. Голема Албанија. По капитулацијата на Италија (8 септември 1943 година) паднало под окупација на фашистичка Бугарија, под која останало до ослободувањето на 5 септември 1944 година. Загинал еден жител.[3][2]

Со своја прва училишна зграда селото се здобило во периодот меѓу двете светски војни. Во неа се школувале и децата од Горна Бела Црква. Во шеесеттите години на XX век е подигната нова училишна зграда. Со електрична енергија селото се здобило во 1953 година, со систем за наводнување во 1956 година, со телевизиски прием во 1965 година, со асфалтен пат во 1975 година, со водовод во 1983 година и со телефонски приклучоци во 1985 година.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Влезот во селото

Основни занимања на козјаштани секогаш биле поледелството и сточарството. Во рамките на поледелството најмногу се произведувало жито (пченица, ’рж, јачмен, овес, пченка и др.), се одгледувале градинарски култури (пипер, праз, лук, леќа, зелка, бостан, домати, кромид, компири и др.) и тутун. Од 1960 година наваму преовладува овоштарството (јаболка). Доста се одело и на печалба.[2]

Денес, поголем број козјаштани работат во образованието, здравството, трговијата, занаетчиството и производните претпријатија.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Во текот на своето постоење, Козјак го бележело следниот демографски развој: во 1519 година селото имало 17 христијански семејства, а во 1583 година 10 христијански и 7 муслимански семејства (М. Соколовски); во 1889 година 18 куќи и 76 жители помаци од машки пол (С. Верковиќ).[2]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Козјак имало 210 жители, од кои 180 Македонци муслимани и 30 Албанци муслимани.[4]

Низ текот на годините по Втората светска војна, по податоците на државните пописи, во селото мнозинство се Турците, со многу малку Албанци.

Според пописот од 2002 година, во селото Козјак имало 117 жители, од кои 106 Турци и 11 Албанци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 210 135 311 299 353 396 275 120 117
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Родови[уреди | уреди извор]

Козјаштани се потомци на следниве постари семејства: Асановци (доселени од Битола околу 1865 година), Беќировци, Вејселовци (доселени од Сопотско околу 1865 година), Демчовци, Даневци, Демировци, Исовци (доселени од Горна Бела Црква околу 1920 година), Љумановци, Оџовци, Паљовци или Јусуфовци, Парталовци (доселени од Сопотско), Реџеповци (доселени од Дрмени), Решидовци (доселени од Ресен во 1942 година), Тељовци, Шемовци и Шерифовци.[2]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Ресен, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Ресен.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Ресен. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Ресен.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Подмочани, во која покрај селото Козјак, се наоѓале и селата Асамати, Горна Бела Црква, Грнчари, Долна Бела Црква, Езерани, Курбиново, Подмочани, Претор и Рајца. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Долна Бела Црква, во која влегувале селата Горна Бела Црква, Долна Бела Црква, Езерани и Козјак.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[8]
  • Гробишта — некропола од среден век;
  • Горна Маала — населба и некропола од римско време и среден век;
  • Козјак — осамен наод од римско време.
Џамии[9]
  • Џамија — селска џамија, изградена во 1902 година, а подоцна и обновена.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. конс. 5 ноември 2016 г. 
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 2,16 Јовановски, Владо (2005) (на македонски). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа. стр. 145–150. ISBN 9789989920554. https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/f/f8/%D0%9D%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BF%D0%B0.pdf. конс. 10 ноември 2016 г. 
  3. Загинат: Наим Ракиповски.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 241.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  8. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  9. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]