Златари
Златари — село во Општина Ресен, во областа Преспа, во околината на градот Ресен.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Златари — село во областа Преспа. Од градот Ресен е оддалечено 5 км. Соседни села се Кривени од север, од североисток со Смилево, од југоисток со Сопотско, и од југ и југозапад со Ресен и Јанковец.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Битолската каза, нахија Горна Преспа, во Отоманското Царство.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Златари живееле 370 жители, сите Македонци.[1] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Златари имало 432 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Селото имало 290 жители во 1961 година, додека во 1994 година живееле 124 жители.
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 118 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажан преглед на населението низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 370[1] | 432[2] | 385 | 347 | 290 | 210 | 156 | 125 | 124 | 118 |
Родови[уреди | уреди извор]
Златари е македонско село.
Родови во селото се: Видановци (Стојановци), Гајтановци, Головодовци, Митевци, Недановци, Нечовци (Нелковци), Поповци, Пупалевци, Павловци и Тозиовци.[5]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
- Староседелци: Поповци (7 к.), Головодовци (5 к.) и Гајтановци (3 к.)
- Доселеници: Митевци со Тозиовци (14 к.) доселени се од некое село во Охридско (некои велат од Лактиње во Дебрца); Недановци (11 к.) доселени се од селото Боиште кај Демир Хисар; Нечовци и Нелковци (18 к.) исто така доселени се од селото Боиште; Пупачевци и Манговци (12 к.) доселени се од маалото Баир во Битола.[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1629 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 79 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[9]
- Црква „Св. Димитриј“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Никола“;
- Црква „Св. Атанасиј“;
- Археолошки наоѓалишта[10]
- Слатина — населба од доцноантичко време;
- Далечна Црква — црква и некропола од средниот век;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Крсте Ангеловски — македонски револуционер од ВМОРО.[11]
- Андрија Трајчев Гајтановски — македонски револуционер од ВМОРО.[12]
- Никола Нонев Доковски — македонски револуционер од ВМОРО.[12]
- Нанчо Минцев Котев — македонски револуционер од ВМОРО.[13]
- Георги Митрев Недановски — македонски револуционер од ВМОРО.[14]
- Јован Трајчев Поповски — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
- Наум Веслиевски - Овчарот (1921-1972) — македонски револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ и АСНОМ.
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
До 1949 година од селото има иселеници во Јужна и Северна Америка (осум семејства), Бугарија (две семејства), Ресен (четири семејства), Скопје (едно семејство), Битола (едно семејство) и во Турција (едно семејство).[6]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 241.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne. Paris. стр. 170–171.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
- ↑ 6,0 6,1 Русиќ, Бранислав. Преспанска област. Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ 12,0 12,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link)