Петрино
Петрино — село во Општина Ресен.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Петрино — село во Преспа. Соседни села на Петрино се: од север и исток Болно, од југ со Евла, и од запад со селата Велгошти, Рамне и Скребатно.
Историја[уреди | уреди извор]
Петрино е дислоцирано село, за негова претходна локација се спомнува дека било во месноста Старо Село, на околу 4км северозападно од денешната локација.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Денес селото е целосно раселено.
Родови[уреди | уреди извор]
Петрино било македонско село.
Родови во селото биле: Василевци, Јанчевци, Митревци, Раличевци, Ристевци и Темелковци.[2]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1624 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Болно.[3]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 204 гласачи.[4]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[5]
- Старо Село -црква и некропола од средниот век;
- Кале — населба од римско време и среден век;
- Цркви[6]
- Црква „Св. Јован Крстител“ - главна манастирска црква на Петринскиот манастир. На 22 октомври 1995 година осветен камел темелникот, а на 22 онтомври 2016 година комплетно осветена црквата;[7]
- Црква „Св. Симеон Столпник“ - параклис во Петринскиот манастир;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Мице Кипрев Јанчевски — македонски револуционер од ВМОРО.[8]
- Крсте Ристев Јанчевски — македонски револуционер од ВМОРО.[8]
- Ламбе Ристев Јанчевски — македонски револуционер од ВМОРО.[8]
- Тале Ристев Јанчевски — македонски револуционер од ВМОРО.[8]
- Ѓорги Василев Караѓозовски — македонски револуционер од ВМОРО.[9]
- Илија Кипрев Кипревски — македонски револуционер од ВМОРО.[9]
- Миле Митрев Настевски — македонски револуционер од ВМОРО.[10]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
До 1949 година неколку семејства се иселиле во САД, Аргентина и во Бугарија.
Денес ова село е целосно раселено.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ ОСВЕТУВАЊЕ НА МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ (ИВАНДЕН), с. Петрино[мртва врска]
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том II, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ 9,0 9,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: others (link)