Кривени
Кривени — село во Општина Ресен, во околината на градот Ресен.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Кривени се наоѓа на околу 6 километри северно од Ресен, длабоко вовлечено во една од пазувите на планината Бигла и од сите страна опкружена со нејзините истурени разграноци. Соседни села се Лева Река од северозапад, Смилево од исток, од југ со Златари и Јанковец, и од запад со Избишта.
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кривени живееле 450 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кривени имало 520 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Во 2002 година во селото живееле 27 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажан преглед на населението низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 450[1] | 520[2] | 532 | 521 | 443 | 302 | 145 | 73 | 49 | 27 |
Родови[уреди | уреди извор]
Кривени е македонско село.
Родови во селото се: Божиновци, Бочкаровци, Бојковци, Волчевци, Ѓуровци, Иловци, Јоцковци, Коловчевци, Кузаревци, Карадаковци, Лабачевци, Митановци, Милошевци, Мицковци, Мазевци, Недановци, Несторовци, Настевци, Наумовци, Писовци, Перевци, Павловци, Ризмановци, Рунчевци, Радевци, Секуловци, Старчевци, Стојановци, Салабашовци, Тодоровци, Трпевци, Талушевци и Танѕуровци.[5]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
- Староседелци: Божиновци со Грујовци (30 к.), Трпчевци со Бојковци и Павлевци (39 к.), Митановци со Милошовци (10 к.), Бочкаровци со Коловци, Јоцковци и Писовци (11 к.), Велковци (7 к.) и Несторовци со Сургуновци и Ѓуровци (3 к.)
- Доселеници: Козаревци и Здравевци (2 к.) доселени се од селото Боиште кај Демир Хисар; Гроздановци (1 к.) доселени се од селото Бела Црква (Долна или Горна, или пак во прилепско).[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1633 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[9]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Илија“ — манастирска црква длабоко во планината;
- Археолошки наоѓалишта[10]
- Чешино — населба од доцноантичко време;
- Старо Кривени — осамен наод од римско време;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Геро Ресенски - македонски војвода
- Бише - ресенски војвода на ВМОРО во почетокот на 1903 година[11]
- Крсте Стојанов (1880 - 1905) - македонски издавач
- Стефан Лазов - војвода на четата на село Перово во Илинденското востание[12]
- Димитар Талев Кипревски — македонски револуционер од ВМОРО.[13]
- Павле Настов Кузмановски — македонски револуционер од ВМОРО.[13]
- Стефан Лазаров Груевски — македонски револуционер од ВМОРО.[14]
- Сотир Лазов Груевски — македонски револуционер од ВМОРО.[14]
- Панде Димитров Божиновски — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
- Сотир Јанков Божиновски — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
- Тасе Мицев Божиновски — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
- Ноне Божиновски — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
- Тодор Стефанов Бојковски — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
- Ефто Наумов Павлов — македонски револуционер од ВМОРО.[16]
- Нанчо Гошев Петковски — македонски револуционер од ВМОРО.[16]
- Панде Божиновски - учесник во Шпанската граѓанска војна. Бил во 11-та бригада – баталјон „Линколн“.[17]
- Михаил Бочкаровски (Калија) - Чарли (1895 - 1938), учесник во Шпанската граѓанска војна[18]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Стари иселеници до 1949 година има во Бугарија (шест семејства), Аргентина (три семејства), Северна Америка (дваесет семејства), Австралија (четири семејства), Србија (едно семејство), Ресен (две семејства), Демир Капија (едно семејство) и во Битола (четири семејства).[6]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 241.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
- ↑ 6,0 6,1 Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски Фонд на МАНУ к-2, АЕ 87.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 18.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 92.
- ↑ 13,0 13,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 14,0 14,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 15,0 15,1 15,2 15,3 15,4 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 16,0 16,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Перо Коробар, Божо Стефановски (ур.) „Во интернационалните бригади на Шпанија“, „Студентски збор“, Скопје, 1989, 215-220
- ↑ Ѓорѓи Танковски и др. (ур.) „Зборник на загинати борци во НОВ и револуцијата од Ресен и Ресенско“, Ресен, 1983, 123 стр.