Маркова Нога

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маркова Нога се наоѓа во Republic of Macedonia
Маркова Нога
Местоположба на Маркова Нога во Македонија

Маркова Нога — месност близу селото Долно Дупени, која претставува најјужна точка во Република Македонија.

Граничен премин[уреди | уреди извор]

Затворениот граничен премин „Маркова Нога“

Граничниот премин „Маркова Нога-Герман“ бил отворен до 1960-тите години, кога Грција одлучила целосно да го затвори. Долго време се правеле обиди од страна на македонските власти за негово повторно одбивање, но се наидувало на грчко одбивање.

Уште во 2006 година, Владата била целосно подготвена и технички и политички овој граничен премин да биде отворен.[1]

Последните обиди за повторно отворање на овој граничен премин дошло на средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Попоски и Никос Коѕијас, соодветно.[2]

Природна реткост[уреди | уреди извор]

Поглед на плажата „Дупени бич“

Во месноста „Маркова Нога“ се наоѓа камен („чудо на природата“), за кој се верува дека ја чува трагата од еднометарското стапало на Крале Марко.[3]

Според легендата на мештаните, пред многу години кога Крале Марко се шетал по крајбрежјето на Големото Преспанско Езеро, тој посакал да го види и Малото Преспанско Езеро (денес во соседна Грција) поради што се поткачил на еден камен — оставајќи трага на каменот.[3]

Каменот со трагата од Марковата нога се наоѓа во дворот на караулата која го носи неговото име. Надлежните во касарната велат дека сите граѓани што сакаат да го видат каменот може да дојдат, но претходно да се најават.[3]

Плажа[уреди | уреди извор]

Во непосредна близина на затворениот граничен премин, покрај самиот брег на езерото, се наоѓа новоотворената плажа „Дупени бич“, која се протега до самата гранична линија со соседна Грција.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Богоева, Катерина. „Владата подготвена да го отвори преминот Маркова Нога во Преспа“, „Утрински весник“, МПМ Македонија, 13 ноември 2006 (посет. 8 декември 2016 г). (на македонски)
  2. Божиновска П., Жана. „За пругата до Лерин и граничниот премин Маркова Нога ќе се бараат европски пари“, „Дневник“, МПМ Македонија, 26 јуни 2016 (посет. 8 декември 2016 г). (на македонски)
  3. 3,0 3,1 3,2 Д., М.. „Каменот Маркова нога - дел од македонската митологија“, „Дневник“, МПМ Македонија, 18 март 2006 (посет. 8 декември 2016 г). (на македонски)
  4. „Долно Дупени: како е да живееш до најјужната, затворена македонска граница (ФОТО)“ (на македонски). МКД.мк. Скопје. 6 септември 2012. http://www.mkd.mk/56774/makedonija/kako-e-da-ziveesh-na-najjuznata-i-vecna-granica-vo-makedonija. посет. 8 декември 2016 г.