Герман (Леринско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Герман
Άγιος Γερμανός
Црквата „Св. Герман“ во Герман
Црквата „Св. Герман“ во Герман
Герман is located in Грција
Герман
Герман
Координати: 40°50.18′N 21°09.32′E / 40.83633° СГШ; 21.15533° ИГД / 40.83633; 21.15533Координати: 40°50.18′N 21°09.32′E / 40.83633° СГШ; 21.15533° ИГД / 40.83633; 21.15533
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаПреспа
Општ. единицаПреспа
Население (2001)[1]
 • Селска231
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Герман (грчки: Άγιος Γερμανός, Агиос Германос; до 1926 Γέρμαν, Герман)[2]преспанско село во Леринскиот округ, Егејска Македонија (денес Грција). Населението брои 231 жител (2001).

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во регионот Преспа, покрај Преспанското Езеро.

Историja[уреди | уреди извор]

Во селото во 1888 г. е пронајдена надгробна плоча на комитата Никола, жена му Рипсимија и синот Давид. Таа била поставена таму од цар Самоил во 6501 година од Почетокот на светот, индикт 6 (времето меѓу 1 септември 992 и 31 август 993 година). Гробот на кого што била поставена не е пронајден, но се смета дека се наоѓал во црквата „Св. Герман“. Не е познато кога умреле Никола и жена му. Давид бил убиен во 976 од некои Власи во местото Убавите дабови крај Костур. Се претпоставува дека комитата Никола умрел во селото Герман или во околината, каде што и може да управувал. Моментално плочата се наоѓа во Софискиот музеј, најверојатно пренесена во виорот на војните.

За време на ослободителната борба регионот бил меѓу најдобро подготвените и зел активно учество во Илинденското востание. Долнопреспанските жители пред востанието од 1903 година формирале чета од 150 востаници од долнопреспанските села под раководство на војводата Петре Дамовски - Германчето и под идејно водство на Наум Геровски и двајцата од село Герман. Тогаш комитетот, со седиште во село Герман, бил во состав на битолската револуционерна организација. На почетокот на востанието Турците се повлекле од селото, коешто била веднаш зафатено од четите на Никола Кокарев и Јован Кафеџијата. Заедно со четата на Ангел Андреев тие чинеле 300 востаници. Аскерот двапати го напаѓал Герман, на 18 и 21 август, и на двата пати одбиен. Етем-паша со 6.000 луѓе ги зазел сите места и ги нападнал германската и битолската чета кои беа засолнети меѓу Рудари и Герман, во месноста Штрковска Стена. Почнала голема битка во која паднале 45 души од битолската чета и 16 од германската. Во месноста Елата Турците го фатиле Никола Топалов, четник од германската чета, жив го одрале, му ги извадиле очите и така го оставиле да умре. На 28 август, кај месноста Бигла, Турците повторно ги нападнале избеганите од битолската чета. Тука најмногу паднале, а меѓу нив и војводата Јован. На Бигла биле закопани 24 души од битолската чета. По ова битолската и германската чета се растуриле.

По Втората балканска војна селото Герман се нашло во новите граници на Грција.

Во Втората светска војна Македонците од Герман активно учествуваат во борбите за слободна и независна Македонија рамо до рамо со Македонци од Вардарска Македонија. Во текот на Граѓанската војна во Грција посебно се истакнал Герман Дамовски.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Од особено значење е манастирот „Св. Герман“, каде лежат моштите на првиот поглавар на Преспанската црква, Герман (Гаврил), потоа на Самуиловите родители Никола и Рипсимија, како и на неговиот брат Давид. Црквата е со впишан крст, што е е најстар пример на цркава од овој стил во Македонија.

Родови[уреди | уреди извор]

Во селото Герман живееле македонски православни родови, како што биле:

  • Аџиовци
  • Арнаутовци (веројатно доселени од територијата на денешна Албанија)
  • Асенчаровци
  • Боглевци
  • Буцајковци
  • Бошевци
  • Бабинкостовци
  • Белевци
  • Врлевци
  • Власите (веројатно од влашко потекло)
  • Вардовци
  • Вељановци
  • Гемишовци
  • Голчевци
  • Гулевци
  • Гроздановци
  • Гаштеви
  • Геровци
  • Гиновци
  • Глигуровци
  • Гогаровци
  • Дупчиновци
  • Димовци
  • Дамовци
  • Дојчиновци
  • Дурловци
  • Дамчевци
  • Дрдовци
  • Ѓаковци
  • Ендумовци
  • Ивановци
  • Јанкуловци
  • Јанковци
  • Јаневци
  • Јовковци
  • Јосевци
  • Колачковци
  • Кузмановци
  • Кимбиловци
  • Кекеновци
  • Капедановци
  • Колевци
  • Кајчовци
  • Костовци
  • Кочовци
  • Кипревци
  • Куфаловци
  • Карловци
  • Клашиновци
  • Киринковци
  • Ланговци
  • Лаовци
  • Лилифановци
  • Маљановци
  • Млечниковци
  • Маџевци
  • Менчовци
  • Мечовци
  • Мечкаровци
  • Мучкаровци
  • Младеновци
  • Никининци
  • Никовци
  • Нушевци
  • Нединкинци
  • Нашојчанинци
  • Олковци
  • Петковци
  • Перчаклиовци
  • Пасинци
  • Поповци
  • Пајковци
  • Петкојчинци
  • Паткаровци
  • Пласковци
  • Пиштоловци
  • Петкашиновци
  • Пеовци
  • Русевци
  • Стојчевци
  • Стојчовци
  • Секуловци
  • Сарагиловци
  • Стамковци
  • Сиваковци
  • Стомболџиовци
  • Селимовци
  • Трпеновци
  • Торковци
  • Таневци
  • Топаловци
  • Ушлиновци
  • Црнилазаровци
  • Чолаковци
  • Четелевци
  • Џанкаровци
  • Чулаковци
  • Џуклевци
  • Шапковци
  • Шокларовци
  • Штраканголовци

Личности[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]