Никос Коѕијас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Николаос Коѕијас
Νικόλαος Κοτζιάς
Kotzias 2017.jpg
Министер за надворешни работи
На должноста
23 септември 2015 – 20 октомври 2018
Премиер Алексис Ципрас
Претходник Петрос Моливијатис
Наследник Алексис Ципрас
На должноста
27 јануари 2015 – 28 август 2015
Премиер Алексис Ципрас
Претходник Евангелос Венизелос
Наследник Петрос Моливијатис
Лични податоци
Роден(а) 21 декември 1950 (1950-12-21) (68 г.)
Атина, Грција
Партија Сириза
Установа Гисенски универзитет

Никос Коѕијас или Николаос Коѕијас (грчки: Νικόλαος Κοτζιάς, роден на 21 декември 1950 г. во Атина, Грција) — грчки дипломат и политичар како и поранешен министер за надворешни работи. Прв пат на таа функција бил од 27 јануари до 28 август 2015 година, а втор пат од 23 септември 2015 година до 20 октомври 2018 година[1]. Тој бил номиниран од левичарската политичка партија Сириза во јануари 2015 година да се заколне како член на Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас.

На 17 јуни 2018 година, заедно со неговиот македонски колега Никола Димитров и специјалниот претставник на Генералниот секретар наОбединетите нации Метју Нимиц, го потпишал Преспанскиот договор со кој Република Македонија се преименува во Република Северна Македонија, ставајќи крај на 27-годишниот спор за името.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Глобализација; Историското место и иднината. Публикации Кастаниотис (2003)
  • Активната демократска држава; Држава на нацијата и глобализација. Ко-автор: Петрос Лиакурас. Публикации Кастаниотис (2004)
  • Односите меѓу ЕУ и САД: Поправка на трансатлантскиот јаз. Уредено со Петрос Лиакурас. Полгрејв Мекмилијан (2006)
  • Зад високите политики: Ветувања и граници на злижувањето, Во долгата сенка на Европа: Грците и Турците во ерата на постнационализмот. Брил (2009)
  • Грчката надворешна политика во 21-ви век; За нова, активна, демократска стратегија во ерата на глобализација. Публикации Кастаниотис (2010)
  • Спасувачката политика против Тројката и демократска Грција. Публикации Ливанис (2012)
  • Грција, колонија на долгови; Европската империја и германскиот примат. Публикации Патакис (2013)
  • Патриотизмот и левичарството. Публикации Патакис (2014)

Почести[уреди | уреди извор]

  • POR Ordem do Merito Gra-Cruz BAR.svg Големиот крст на Орденот за заслуги (Португалија) - 30 јануари 2017 г.[2]
  • ITA OMRI 2001 GC BAR.svg Витез на Големиот крст на Орденот за заслуги (Италија) - 3 мај 2017 г.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. prizma.mk
  2. Орден бр. 4/2017, Дневник на републиката бр. 66/2017, Серија II 2017-04-03
  3. Никос Коѕијас, Почести на Италијанската Република
Политички функции
Претходник
Евангелос Венизелос
Министер за надворешни работи
2015
Наследник
Петрос Моливијатис
Претходник
Петрос Моливијатис
Министер за надворешни работи
2015–2018
Наследник
Алексис Ципрас