Волкодери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Волкодери
Викиекспедиција Преспа 59.jpg

Панорамски поглед на селото Волкодери (второто на сликата), во предниот дел е селото Шурленци, а зад Волкодери се наоѓа и селото Покрвеник

Волкодери се наоѓа во Македонија
Волкодери
Местоположба на Волкодери во Македонија
Координати 41°01′14″ СГШ 20°56′39″ ИГД / 
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски регион
Општина Coat of arms of Resen Municipality.svg Општина Ресен
Област Горна Преспа
Население 114[1] жит.
Пошт. бр. 7310
Повик. бр. 047
Надм. вис. 860 м
Слава нема
Commons-logo.svg Волкодери на Ризницата


Волкодери — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен, сместено во близина на брегот на Големото Преспанско Езеро.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Во врска со името на селото, Влоѓимјеж Пјанка напишал дека е етничко и хумористично со значење „луѓе кои дерат волци“, а како топоним примарно име. Меѓутоа, во преспанските говори ова име може да има и друго значење „место каде завиваат (се дерат) волците“, како Волковија (Гостиварско) и слично. Волкодерци немаат свое сознание ниту легенда за настанувањето на името на нивното село.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Дел од селските куќи во Старо Волкодери

Селото се наоѓа во југозападниот дел на Ресенското Поле, на околу 1 километар северно од брегот на Големото Преспанско Езеро, на надморска височина од околу 860 метри. Селото е сместено од десната страна на патот Битола-Корча.[2]

Околу седумдесеттите години на XX век, селото било преместено. Негова претходна местоположба била месноста Волкодери (Старо Село), на околу 1 километар северозападно од денешната (во мала долина во подножјето на Галичица), на која сè уште постојат стари куќи. Преместувањето настанало заради потребата од доближување до патната комуникација.[2]

Волкодери се граничи со следниве села: со Покрвеник на север, на исток и на запад и со селото Шурленци и самото Преспанско Езеро на југ.[2]

Атарот на Волкодери зафаќа површина од 582 (околу 5,82 км²) и зафаќа рамничарско плодно и ридско-планинско земјиште обраснато со листопадна шума (претежно даб и бука) и помали пасишта во поширокиот реон на месностите Церемушина, Тагарско Јамје, Ветерник и Подвар. Од вкупната површина на атарот: 100,8 хектари се обработливо земјиште, 32,2 хектари пасишта и 140,4 хектари шума.[2]

Волкодери е село од собран тип со 15 куќи, сите новоизградени, на приземје и кат, внатре современо опремени, главно со бели фасади. Околу куќите постојат разновидно оградени дворни места во кои се изградени стопански и други објекти (гаражи, магацини, летни кујни и др.) и парцели на зеленчукови, овошни и цветни градини.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Волкодери е старо христијанско село во кое секогаш живееле православни Македонци. Под ист облик на денешното име (Волкодери) неговото постоење е забележано во повеќе извори од различни периоди.[2]

Во 19 век, Волкодери се наоѓало во Битолската каза, нахија Горна Преспа, во Отоманското Царство.

До 1912 година, Волкодери било под турска власт, а во тој склоп и беговски чифлик. Во текот на подготовките за Илинденското востание учествувало со своја востаничка чета раководена од војводата Петруш Стрезов (од Ресен). Во текот на востанието загинале двајца, а селото било ограбено и изгорено (19 куќи).[2]

Во Првата Балканска војна (ноември 1912), селото се нашло под српска власт, а во текот на Првата светска војна под бугарска окупација. Подоцна, со поместувањето на фронтот, низ селото поминале и војските на Антантата. Во текот на војната, волкодерци биле мобилизирани во војските на спротивставените страни. Имало ранети и загинати.[2]

По завршувањето на Првата светска војна, Покрвеник повторно се нашло под српска власт. Во периодот помеѓу двете светски војни, Волкодери било во состав на општината Стење.[2]

Во Втората светска војна селото паднало под окупација на фашистичка Италија (мај 1941 година), со што се нашло во составот на т.н. Голема Албанија. По капитулацијата на Италија (8 септември 1943 година) паднало под окупација на фашистичка Бугарија, под која останало до ослободувањето на 5 септември 1944 година. Загинал еден жител.[3][2]

Волкодери никогаш немало своја училишна зграда, децата учеле во соседното село Покрвеник, а денес во Царев Двор. Со телевизиски прием селото се здобило во 1965 година, со систем за наводнување во 1957 година, со електрична енергија во 1970 година, со асфалтен пат во 1975 година, а со телефонски приклучоци во 1988 година.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Насади со јаболко во близина на селото Старо Волкодери

Волкодерци главно се занимавале со поледелство, сточарство и печалбарство. Во рамките на поледелството најмногу се произведувале жито (’рж, пченица, јачмен, пченка) и зеленчук (пипер, патлиџан, праз, кромид, лук, зелка и др.), а денес најразвиено е овоштарството. Во рамките на сточарството се одгледувале волови, крави, коњи, свињи, овци и кози. Сточарството денес е целосно замрено.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Во текот на своето постоење, Волкодери го бележело следниот демографски развој: во 1519 година селото имало 35, а во 1583 година 27 семејства (М. Соколовски); во 1889 година 11 куќи, 16 семејства и 76 жители (С. Верковиќ).[2]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Волкодери имало 90 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Волкодери имало 80 жители.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Волкодери имало 114 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 90 80 56 62 64 70 51 103 102 114
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Денешниве волкодерци се потомци на следниве постари семејства: Болнци (доселени од Болно по Првата светска војна), Горичани (доселени од Горица во 1918 година), Кочовци (староседелци), Карапалевци (доселени од Шурленци околу 1980 година) и Мишовци (доселени од Покрвеник).[2]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Ресен, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Ресен.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Ресен. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Ресен.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Царев Двор, во која покрај селото Волкодери, се наоѓале и селата Горно Дупени, Дрмени, Евла, Коњско, Лавци, Лескоец, Отешево, Перово, Покрвеник, Прељубје, Стење, Стипино, Царев Двор и Шурленци. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Покрвеник, во која влегувале селата Волкодери, Отешево, Покрвеник, Прељубје и Шурленци.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Атанасиј“
Археолошки локалитеи[9]
  • Умишта — населба од римско време.
Цркви[10]
Руини[2]
  • Црква „Св. Ѓорѓи“ — стара селска црква во селото Старо Волкодери, изградена во 1871 година, околу која се наоѓале и старите селски гробишта. Денес целосно разурната.
  • Џамија — сеќавање дека постоела џамија на денешната местоположба на селото; не се знае кој ја изградил.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. конс. 6 ноември 2016 г. 
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 Јовановски, Владо (2005) (на македонски). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа. стр. 65–69. ISBN 9789989920554. https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/f/f8/%D0%9D%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BF%D0%B0.pdf. конс. 6 ноември 2016 г. 
  3. Загинат: Сандре Наумовски.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 241.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 170-171.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  9. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]