Царев Двор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Царев Двор
Викиекспедиција Преспа 271.jpg
Царев Двор is located in Македонија
Царев Двор
Местоположба на Царев Двор во Македонија
Координати 41°02′35″N 21°00′25″E / 41.04306° СГШ; 21.00694° ИГД / 41.04306; 21.00694Координати: 41°02′35″N 21°00′25″E / 41.04306° СГШ; 21.00694° ИГД / 41.04306; 21.00694
Општина Општина Ресен
Население 605 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7315
Надм. вис. 865 м
Commons-logo.svg Царев Двор на Ризницата

Царев Двор е село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Царев Двор се наоѓа во средишниот рамничарски дел на Преспанската Котлина на само 6 километри оддалеченост јужно од градот Ресен, и на 5-6 километри оддалеченост северно од Преспанското Езеро. Се наоѓа, речиси, во средишниот дел на територијата на Општина Ресен[1]. Царев Двор е рамничарско село, сместено на надморска височина од 863 метри[1]. Атарот на селото Царев Двор, зазема простор од 7,5 км2 и на него преовладува обработливото земјиште на површина од 682 хектари[1].

Историja[уреди | уреди извор]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Според составот на земјиштето на атарот, селото има полјоделска функција, со значителна нагласка на овошните насади, односно, на јаболкото, по кое што е позната Преспанската котилна[1].

Население[уреди | уреди извор]

Царев Двор преминала од голема во средна населба, како резултат на постепеното намалување на бројот на жители. Во минатото, па и денес, во селото живеат Македонци и Турци. Според последниот попис од 2002 година, во Царев Двор имало 605 жители.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[2]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 1.237
1953 934 387 6 1.327
1961 951 7 344 1 1.303
1971 836 308 1 2 1.152
1981 875 2 343 4 9 1.233
1991 814 124 129 1.067
1994 612 1 95 708
2002 520 81 4 605

Родови[уреди | уреди извор]

Според потеклото на родовите Царев Двор е македонско-турско село, со преовладувачко мнозинство на Македонците.

  • Македонски православни родови се: Келепуровци, Бубулевци, Гештаковци, Бојчевци, Ѓеловци, Ѓорговци, Каровци, Кузаревци, Кејтовци, Лазаревци, Пејчиновци, Поповци, Попевци, Прцуловци, Принцевци, Сарбиновци, Танци, Трајчевци, Узуновци, Ушковци, Шеќеровци и Шиндековци.
  • Турски муслимански родови се: Ајруловци, Абишовци, Араповци, Беќировци, Вејселовци, Јонузовци, Камберовци, Каџаџиковци (според родовското име можно е да имаат потекло од Коџаџик), Кантуровци, Лаповци, Мифтаровци, Муратовци, Метовци, Оџовци, Сарачовци, Чкоревци и Шерифовци.[3]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Камбанаријата на црквата „Св. Никола“ во Царев Двор

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

ФК Младост (Царев Двор).

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Официjална страница на селото Царев Двор

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 310. ISBN 9989-862-00-1. 
  2. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  3. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа. стр. 312-319.