Малесија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Не поистоветувајте ја со азиската држава Малезија.
Карта на Малесија со населените места

Малесија (изворно: Закамен)— ридско-планински предел во Западна Македонија, карактеристичен по својата историја, етнологија и култура.

Географија[уреди | уреди извор]

Областа Малесија е сместена на планината Караорман. Го опфаќа целиот слив на Збашка Река (или Голема Река), десна притока на Црн Дрим. На исток се граничи со Дебрца, на северозапад со Дебарска Жупа, на запад со Дебарски Дримкол, а на југ со Струшко Поле. Релјефот е ридски и планински. Климата е планинска.

Населени места[уреди | уреди извор]

Во оваа област влегуваат селата: Присовјани, Збажди, Р'жаново, Локов, Селци и Буринец.

Демографија[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948 1.332—    
1953 1.392+4.5 %
1961 926−33.5 %
1971 314−66.1 %
1981 74−76.4 %
1991 39−47.3 %
1994 28−28.2 %
2002 21−25.0 %
Извор: Податоците од 1948-2002 се според официјалните пописи[1]

Бројот на населението во Малесија некогаш достигнувал и до 1.000 жители. Денес селата Ржаново и Локов се раселени, а во Присовјани и Збажди живеат само 21 жител. Жителите од Малесија мигрирале најчесто во Струга, Охрид и Скопје. Голем дел од жителите од прилепското село Ново Лагово потекнуваат од доселеници од Малесија. Освен во Македонија еден дел од населението е колонизирано во Јабука, Р. Србија. Од овој регион потекнуваат и дел од мештаните на село Козичбино Кичевско. Маалото во кое тие живеат се нарекува Малезовци. Инаку во легендите се зборува за некој Стојко Малезан кој живеел пред 4-5 века кој бегајќи од турските војски поради убиство на турски големец се населил во ова планинско село кое се наоѓа на 22 километри од Кичево.

Малесија како мотив во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Малесија“ - песна на македонскиот поет Наум Целакоски.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.
  2. Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 35.