Прејди на содржината

Александар Бубуловски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Александар Бубуловски ( 1921 во Царев Двор, Ресенско1945 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Од Царев Двор се доселил во Скопје. Во периодот на фашистичката окупација активно учествувал во разни акции против поробувачите. Во септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на Бригадата на повеќепати се истакнал како способен и одлучен борец. Поради тоа, бил поставен за командир на вод во Вториот баталјон. Учествувал во сите борби против балистите и Германците, како и во борбата водена на 13 ноември 1944 година за ослободувањето на Скопје. По ослободувањето на Скопје зел учество во борбите што Бригадата ги водела против балистите во Тетовско и други краишта на Македонија. Тие тешки и напорни борби го исцрпиле до крајни граници. Како последица на тоа починал во 1945 година. Бил закопан на скопските гробишта.

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 178. На |first= му недостасува |last= (help)