Прејди на содржината

Црква „Св. Никола Горни“ - Царев Двор

Координати: 41°02′45″N 21°00′23″E / 41.04583° СГШ; 21.00639° ИГД / 41.04583; 21.00639
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Ресенско
Парохија Втора ресенска
Местоположба

Карта

Координати 41°02′45″N 21°00′23″E / 41.04583° СГШ; 21.00639° ИГД / 41.04583; 21.00639
Место Царев Двор
Општина Ресен
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Никола
Изградба 1837 или 1875
Живопис 1839-1883
Зограф Јосиф Радевиќ
Архитектонски опис

Свети Никола — главна селска црква во селото Царев Двор, Општина Ресен, Македонија.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во северниот дел на селото Царев Двор.

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата била подигната во 1875 година. На источната страна од црквата има камен со натпис 1837 и други зборови.Според истражување на завод завод и музеј Битола црквата е градена на темели на стара црква.[2]

Во црквата постои спомен-соба, а на нејзината источна страна и спомен-плоча поставена на Општинскиот одбор на Сојузот на борци од НОБ - Ресен на која пишува:

Во тремот на оваа црква живееше од есента 1941 година до пролетта 1942 година и оттука неуморно работеше на јакнење на партиската организација и подготовките за вооружено востание во Преспа, инструкторот на ПК на КПЈ за Македонија, Јосиф Јосифовски-Свештарот

Легендата за градењето на оваа црква вели дека селаните наумиле да градат своја црква, турските власти не дозволувале. Тогаш, селаните се послужиле со невообичаен трик. Земале еден камен и на него исклесале крст. Есента истиот камен го закопале во земја, на местото каде што сакале да подигнат црква. Пролетта, кој знае по кој пат, отишле кај надлежните турски власти со своето барање и им рекле дека ако се копа на посоченото место ќе има „божји знак“. Турците на крајот попуштиле и дозволиле да се копа на местото, а кога бил најден и каменот, била дозволена и градбата на црквата.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 315. ISBN 9789989920554. Посетено на 14 февруари 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]