Владо Јовановски
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Владо Јовановски | ||
Роден | 27 февруари 1967[1] Пробиштип[1] | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Збогум на 20 век Бал-кан-кан Илузија | |
Занимање | глумец[1] |
Владо Јовановски (роден во 27 февруари 1967 во Пробиштип[1]) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Животопис[уреди | уреди извор]
Завршил Факултет за драмски уметности во Скопје. Член на Драмата при Македонскиот народен театар е од 1993 година.
За пошироката публика е можеби најпознат по серијалот „Истражи ја Македонија“ – кратки документарни емисии за неоткриените убавини на Македонија. Серијалот, кој привлече доста внимание и често беше емитуван на македонските телевизии, е финансиран од Владата на Република Македонија за да го поттикне Македонскиот туризам.[2]
На 28 ноември 2017 година, Владо Јовановски бил уапсен под сомнение за терористичко загрозување на уставниот поредок по упадот во Собранието на Македонија од 27 април 2017 година[3].
Филмографија[уреди | уреди извор]
Филмографија на глумецот Владо Јовановски | |||
---|---|---|---|
Год. | Назив | Улога | |
1950.-те▲ | |||
1991. | Еурека ТВ серија | Вернер фон Браун | |
1992. | Словенски Орфеј филм | Дионис, Зевс... | |
1993. | Македонска сага | Невзет | |
1993. | Светло сиво ТВ филм | Фидан | |
1995. | Ангели на отпад | Гаврил | |
1997. | Преку езерото ТВ филм | Тахир | |
1998. | Збогум на 20 век ТВ филм | Пророкот | |
2000.-те▲ | |||
2001. | Вета Краток филм | / | |
2001. | Прашина ТВ филм | Учителот | |
2004. | Големата вода ТВ филм | ||
2004. | Илузија ТВ филм | Лазо | |
2005. | Бал-кан-кан ТВ филм | Трендафил Каранфилов | |
2006. | Тајната книга ТВ филм | Бигорски | |
2008. | Time of the Comet ТВ филм | Мето | |
2010.-те▲ | |||
2010. | Крајот на светот Краток филм | / | |
2011. | Вознесение ТВ филм | Зеко | |
2012. | Колона Краток филм | / | |
2012. | Трето полувреме ТВ филм | Пепо | |
2014. | До балчак ТВ филм | Иљо | |
2014. | Деца на сонцето ТВ филм | Кале | |
2014. | Враќање Краток филм | таткото на Ана | |
2015. | Лазар ТВ филм | Јордан | |
2016. | Ослободување на Скопје ТВ филм | доктор Васил | |
2016. | Есента на самурајот ТВ филм | Скендер | |
2016-2017. | Преспав ТВ филм | Миле | |
2017. | Анка ТВ филм | Големиот Вед | |
2018. | Ругање со Христос ТВ филм | Глигор |
Награди[уреди | уреди извор]
- Награда за ТВ проект – „Истражи ја Македонија“ 2012 г. на „Златна Буба мара на популарноста“;
- Награда за глумец за 2001 г. на „Златна Буба мара на популарноста“;
- Награда на ревијата Екран за најдобро глумечко остварување на филм и на ТВ за улогата во филмот „Македонска сага“, во режија на Бранко Гапо и во филмот „Светло сиво“, во режија на Александар Поповски, Дарко Митревски и Срѓан Јаниќијевиќ (1993).
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Владо Јовановски на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Владо Јовановски — AllMovie (англиски)
- Владо Јовановски
|