Големата вода (филм)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
„Големата вода“ | |
---|---|
![]() Големата вода | |
Режисер | Иво Трајков |
Продуцент | Роберт Јазаџиски |
Сценарист | Живко Чинго Иво Трајков |
Настапуваат | Сашо Кекеновски Маја Станковска |
Музика | Кирил Џајковски |
Монтажа | Атанас Ѓорѓиев |
Премиера | 30 април, 2004 |
Времетраење | 93 мин |
Држава | ![]() |
Јазик | македонски англиски |
Големата вода — македонски филм од 2004 година, во режија на Иво Трајков. Главните улоги во филмот ги играат Сашо Кекеновски, Маја Станковска, Митко Апостоловски, Мето Јовановски и Верица Недеска. Музиката е создадена од Кирил Џајковски.
Филмот е работен според мотиви од истоимениот роман на Живко Чинго. Филмот ја освоил Големата награда во Валенсија на филмскиот фестивал. Бил македонски кандидат за „Оскар“ во категоријата „Најдобар странски филм“ за 2004 година, но не успеал да добие номинација.[1]
Филмската критика позитивно го оценила целокупниот проект и замисла, добивајќи рејтинг 71% од можни 100% од страна на рецензентите Rotten Tomatoes. Metacritic дала оценка 62 по 15 прегледувања.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Големата вода“ на PictureThis.
- ↑ „Големата вода“ според Metacritic