Прашина (филм)
Оваа статија користи текст од мрежното место на Македонскиот информациски филмски центар (МИФЦ). Повеќе за наводите ќе најдете во делот за надворешни врски.
Текстот во статиите се употребува со дозвола на МИФЦ; Повеќе на страницата за разговор во рамките на ВикиПроектот „Филм“. |
„Прашина“ | |
---|---|
![]() Промотивна фотографија за филмот Прашина | |
Режисер | Милчо Манчевски |
Продуцент | Крис Оти Весна Јованоска Доменико Прокачи |
Сценарист | Милчо Манчевски |
Настапуваат | Џозеф Фајнес Дејвид Венам Адријан Лестер Ен Броше Вера Фармига Николина Кујача Розмари Марфи |
Музика | Кирил Џајковски |
Монтажа | Гастер Николас |
Премиера | ![]() ![]() ![]() |
Времетраење | 127 минути |
Држава | ![]() |
Јазик | македонски, англискитурски, германски |
Буџет | 11 милиони долари[1] |
Прашина е македонски филм од 2001 година, во режија на Милчо Манчевски кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Џозеф Фајенс, Дејвид Венам, Адријан Лестер, Ен Броше, Розмари Марфи, Салаетин Билал и Николина Кујача, а музиката е дело на Кирил Џајковски. Во подготовката за снимањето на филмот, Манчевски и неговата екипа направиле обемно истражување за Дивиот Запад и за Отоманското царство, консултирајќи над 160 книги и статии за тој период.[2]
Содржина[уреди | уреди извор]
Еџ (го игра Лестер) е ситен крадец од Њујорк кој упаѓа во станот на осамената старица Енџела (ја игра Марфи). Таа му го крши носот и го принудува да ја слуша нејзината животна приказна, кажувајќи му дека поседува многу златници. Притоа, таа претрпува инфаркт и Еџ ја носи на болница. Енџела му раскажува за двајцата браќа од Дивиот Запад, Лук (го игра Венам) и Илајџа (го игра Фајенс) кои се воодушевени од проститутката Лилит (ја игра Броше). Илајџа и Лилит се венчаваат и добиваат дете кое набргу умира. Лук оди во Европа и за време на едно кино-претстава во Париз дознава за борбите на македонските востаници во Отоманската империја. Привлечен од богатата награда за главата на водачот на востаниците, наречен Учителот (го игра Јовановски), тој оди во Македонија каде ѝ се приклучува на една арнаутска банда. Тој успева да го зароби Учителот, но во тој миг турската војска ја напаѓа бандата, а Илајџа тешко го ранува Лук во градите. Браќата се заробени од турската војска, но потоа се ослободени. Ранетиот Лук го среќава бремената сопруга на Учителот, Неда (ја игра Кујача), која го лекува. Додека закрепнува, Лук постојнао мисли на Лилит со која имал љубовна врска за време на нејзиниот брак со Илајџа. Еден ден, во селото пристигнува турската војска, носејќи ја пресечената глава на Учителот. Тогаш, свекорот на Неда му дава златници на Лук и тој го напушта селото. Него повторно го пронаоѓа Илајџа и му кажува дека бремената Лилит извршила самоубиство. Тогаш, нешто се прекршува во лошиот Лук и тој се враќа во селото кое го затекнува запалено, а многу од селаните се убиени. Лук оди во таборот на турската војска и се обидува да ја ослободи Неда со златниците, но сакајќи да убие еден турски војник, тој смртно ја ранува Неда. Тогаш, разјарениот Лук почнува да ги убива турските војници; Неда се пораѓа и умира, а во тој миг погинува и Лук. Најпосле, на местото пристигнува Илајџа кој го зема бебето со себе. Додека Енџела лежи во болницата, Еџ оди во нејзиниот стан и ги наоѓа златниците. Тој редовно ја посетува Енџела во болницата и следејќи ја нејзината приказна дознава дека таа е бебето на Неда. Кога умира Енџела, Еџ го кремира нејзиното тело и пепелта ја носи во нејзината родна земја.
Надворешни Врски[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
|
|
- Македонски филмови
- Британски филмови
- Германски филмови
- Италијански филмови
- Филмови од 2001 година
- Филмови на Милчо Манчевски
- Филмови на англиски јазик
- Филмови на македонски јазик
- Филмови на турски јазик
- Филмови на германски јазик
- Филмови со Џозеф Фајенс
- Филмови со Дејвид Венам
- Филмови со Адријан Лестер
- Филмови со Розмари Марфи
- Филмови со Владо Јовановски
- Филмови со Салаетин Билал
- Филмови со Мет Рос
- Филмови со Мег Гибсон
- Филмови со Владимир Јачев
- Филмови со Јосиф Јосифовски
- Филмови со Јордан Симонов
- Филмови со Милица Стојанова
- Филмови со Петар Мирчевски
- Филмови со Младен Крстевски
- Филмови со Ен Броше
- Филмови со Џемаил Максут
- Филмови со Борис Чоревски
- Филмови со Николина Кујача
- Македонски дела од 2001 година
- Историски филмови
- Вестерни
- Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк
- Филмови чие дејствие се одвива во Македонија