Упад во Собранието на Македонија (2017)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Упад во Собранието на Македонија
Дел од политичката криза во Македонија
Inauguration of Talat Xhaferi.jpg
Инаугурацијата на Талат Џафери била неколку минути пред упадот на толпата во Собранието.
Датум 27 април 2017
Место Собрание на Република Македонија
Повод
Цели
  • спречување избор на претседател на Собранието
  • барање предвремени парламентарни избори
Начини
  • насилство во Собранието
  • улични протести и немири
Исход
  • избор на Талат Џафери за собраниски претседател
  • претепани неколку пратеници кои завршиле во болница
Страни во судирот
Предводници

Упад во Собранието на Македонија (познат и како „Крвавиот четврток“) — насилен инцидент кој се случил на 27 април 2017 година кога околу 300 лица од здружението „За заедничка Македонија“ упаднале во Собранието на Република Македонија со цел да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Македонија. И покрај упадот и насилството, Џафери бил избран за претседател на Собранието, а неговиот избор бил признат од САД, Европската Унија, како и од меѓународната заедница освен Русија. Два дена по настанот, полицијата привела неколкумина учесници во нападот на Собранието. Помеѓу напаѓачите имало вработени во полицијата и армијата, како и поранешни затвореници осудени за тешки кривични дела.

Упадот се случил во 19 часот кога маскирани лица биле пропуштени од собраниското обезбедување и упаднале во салата за новинари каде конференција за печат држел новоизбраниот претседател Џафери. Насилниците физички ги нападнале пратениците и новинарите, а со тешки телесни повреди се здобиле Зоран Заев и Зијадин Села, предводници на СДСМ и Алијанса за Албанците, две партии од парламентарното мнозинство. Полицијата реагирала три часа по упадот, а министерот на МВР Агим Нухиу и очевидци на настанот се сомневале дека директорот на БЈБ Митко Чавков намерно ја попречувал полициската интервенција. Пратеникот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој повикал на улични протести, бил во Виена за време на упадот.

Нападот врз македонското Собрание било кулминацијата на двегодишната политичка криза која завршила со формирање влада предводена од Заев еден месец подоцна. Поради очигледните пропусти на полицијата и нивна вмешаност во упадот, од работа биле суспендирани дваесетина полициски службеници и била покрената дисциплинска постапка против четириесетина други. Лицата кои тепале пратеници и новинари биле обвинети за учество во толпа и поминале со условни пресуди. Немало мерки против пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои ги отвориле вратите на Собранието и овозможиле насилниците да влезат. Во упадот учествувал и српски разузнавач, а според неделникот Фокус постоело сценарио за прогласување вонредна состојба во државата.

Позадина

Исходот од парламентарните избори 2016 дал приближно еднаков број на пратеници помеѓу двете најголеми политички партии во Македонија, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. На 9 јануари 2017 година претседателот Ѓорге Иванов му дал мандат за состав на Влада на Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.[1] Груевски не успеал во законски предвидениот рок од 20 дена да ја обнови коалицијата со ДУИ и да формира Влада, по што мандатот истекол.[2] По ова, лидерот на СДСМ Зоран Заев влегол во преговори со ДУИ за формирање ново парламентарно мнозинство.[3] Мнозинство било договорено помеѓу партиите на СДСМ, ДУИ, Беса, и Алијанса за Албанците, по што Заев со 67 пратенички потписи на 1 март побарал мандат од Иванов за состав на нова Влада. Иванов го одбил барањето на Заев со изговор дека прво требало да се избере претседател на Собранието кој би го известил дека постои парламентарно мнозинство. Втората причина била декларацијата на албанските партии со која се бара поширока употреба на албанскиот јазик во Македонија.[4]

По најавата на Заев за мирно примопредавање на власта, Груевски во телевизиско интервју го обвинил претседателот на СДСМ дека ја загрозува унитарноста на државата и го повикал партиското членство на протести.[5] Протестите започнале на 27 февруари под името „За заедничка Македонија“ организирани од колумнистот Богдан Илиевски и режисерот Борис Дамовски, кои барале отфрлање на декларацијата на албанските политички партии.[6] Истовремено се основале 22 „патриотски“ здруженија кои најавиле дека со секакви насилни и ненасилни средства ќе ги спречат „обидите за рушење на Република Македонија“.[7] По влезови од зградите во неколку скопски општини биле излепени потерници по пратениците од СДСМ кои се барале за предавство.[8] Собранието ја продолжило основачката седница во март, откако на првата седница од 30 декември 2016 не бил избран собраниски претседател поради непостоење на мнозинство од 61 пратеник.[9] Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со низа јавувања за збор, реплики, контра-реплики, и процедурални забелешки го блокирале изборот на комисијата за избори и именувања, која требало да го предложи новиот собраниски спикер.[10] Собраниските седници течеле паралелно со протестите на „За заедничка Македонија“. На еден таков собир Саво Климовски се заканил дека „гневот на народот се собира, а растојанието до Собрaнието е само 20 метри“.[11]

Упад во Собранието

Пратеникот Зијадин Села лежи во бессознание додека напаѓачите го влечат и удираат.
Зоран Заев бил повреден откако со тврд предмет бил погоден во челото при обид за негов линч.

Упадот во Собранието започнал на 27 април во 19 часот. По завршување на собраниската седница во 18 часот со која претседавал спикерот од претходниот собраниски состав Трајко Вељаноски, пратениците од парламентарното мнозинство останале во пленарната сала да изберат нов собраниски претседател.[12] Ферид Мухиќ како најстар пратеник од присутните претседавал со седницата на која го именувал пратеникот Горан Мисовски за негов заменик. Мисовски продолжил да ја води процедурата, а за нов претседател на Собранието бил изгласан Талат Џафери од ДУИ. За време на давањето свечена заклетва на Џафери, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ извикувале дека тоа било пуч.[13]

Додека траела конференцијата за печат на новиот собраниски претседател во една од конференциските сали, луѓе од „За заедничка Македонија“ кои во тој момент протестирале пред Собрание, насилно влегле во парламентот за физички да се пресметаат со пратениците.[14] Полиција во тој момент немало, па демонстрантите лесно го совладале собраниското обезбедување.[15] Маскирани лица со фантомки влегле во салата за печат и ги нападнале присутните пратеници и новинари. Пратеникот од Алијанса за Албанците Зијадин Села паднал во бессознание од ударите, по што насилниците го влечеле по под и го шутирале. Села завршил во болница со скршеници и нагмечување на мозокот, но бил надвор од животна опасност.[16] Со видливи телесни повреди и крв по лицето биле и пратениците на СДСМ, меѓу кои Заев, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски, Дамјан Манчевски, и Максим Димитриевски.[17] Тие биле удирани со држачи за камера по глава и врз нив било фрлано со маси и столици од просторијата.[18] Според новинарите кои биле присутни во Собранието, хулиганите правеле ортоми од каблите на камерите со цел да ги задават пратениците.[19] Од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ единствено Владимир Ѓорчев се обидувал да ги одбрани нападнатите колеги, за што Заев подоцна јавно му заблагодарил.[20]

Пратениците биле евакуирани од Собранието со оклопни возила во доцните вечерни часови, а полицијата со шок бомби ги растерувала демонстрантите од собраниската зграда.[21] Според извештајот на МВР, 70 граѓани, 22 полицајци и тројца пратеници побарале лекарска помош во болниците во Скопје.[22] Утредента биле приведени осум лица, но набргу биле пуштени бидејќи за нив не бил побаран притвор.[23]

Вмешаност на полицијата

Според Заев и очевидци на настанот, упадот бил смислено сценарио на Груевски и Митко Чавков, директор на бирото за јавна безбедност при МВР и член на ВМРО-ДПМНЕ. Заев се сомневал дека според однесувањето на полицијата, тоа било смислен обид за негово убиство.[24] Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу од ДУИ најавил оставка поради тоа што не успеал да го спречи упадот и да ги отстрани партиските влијанија во МВР. Нухиу телефонски го барал Чавков да интервенира во Собранието, но Чавков бил недостапен.[25] Чавков доцната реакција на полицијата ја правдал со тоа дека протестите биле мирни и дека не очекувал нивна ескалација и насилство. Тој сметал дека вина има и кај пратениците кои избирале претседател кога надвор имало протести.[26] Чавков утредента бил разрешен од челната позиција на оперативниот штаб на МВР.[27] Груевски ги оценил сомнежите на Заев како неосновани, бидејќи ако сакале да го убијат напаѓачите би извадиле огнено оружје. Тој сметал дека полицијата професионално се однесувала.[28]

Сценарио за воена состојба

Политичкиот неделник Фокус една седмица пред „крвавиот четврток“ објавил статија во која според информации добиени од високи структури во македонската армија, пред Велигден била организирана посета на воено-инфраструктурните објекти во шумскиот резерват „Јасен“ од страна на Иванов и Груевски. Според Фокус, планот на Иванов бил да прогласи воена состојба и да спроведе масовно апсење на „пучисти“ по изборот на собраниски спикер и влада предводена од СДСМ и албанските партии, а како повод би го искористил упадот во Собранието. За време на полициската чистка, државниот врв со семејствата би биле засолнети во „Јасен“.[29] Неколку денови пред насилството во Собрание, Иванов за нов директор на „Јасен“ го поставил Оливер Андонов, поранешен министер и кадар на ВМРО-ДПМНЕ.[30] Верноста на ова сценарио ја потврдил Нухиу, кој се сомневал дека полицијата била повлечена и не реагирала бидејќи полицајците биле известени дека претседателот ќе ја извади војската на улица и ќе прогласи воена состојба. Според него, имало обид за бришење на снимките од безбедносните камери во Собранието по наредба на висок началник од УБК, но за среќа снимките останале зачувани на резервен диск.[31]

Лица кои напаѓале

Дел од лицата кои влегле во зградата на Собранието се поздравувале со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а неколкумина демонстранти и бакнале рака на пратеничката Елизабета Канческа Милевска.[32] Според безбедносните камери, вратите на Собранието ги отвориле пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, а пратеникот Јохан Тарчуловски и личното обезбедување на Вељаноски ги упатиле насилниците во салата каде се наоѓале пратениците од СДСМ.[33] Три дена по упадот во Собрание, Манчевски на прес конференција во седиштето на СДСМ со име и фотографија ги посочил напаѓачите кои ги тепале пратениците. Меѓу нив имало поранешни затвореници осудени за тешки кривични дела, потоа вработени во полицијата, армијата, и државната администрација, како и луѓе блиски до раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Лицата посочени од Манчевски биле:[34]

  • Димче Христоски — двоен убиец и поранешен припадник на единицата „Лавови“
  • Никола Митревски — три пати осудуван на казна затвор
  • Игор Југ — осуден за силување и убиство, член на новоформираните „патриотски здруженија“
  • Горан Ангелов — член на новоформираните „патриотски здруженија“
  • Мунир Пепиќ — вработен во Агенција за разузнавање
  • Митко Михајловски — вработен во МВР
  • Андреј Илиев — потполковник во АРМ
  • Александар Атанасов — директор на ЈП Водовод и канализација
  • Мартин Стојановски — вработен во Агенција за потикнување на развојот на земјоделството
  • Јордан Мијалков — син на Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК
  • Аднан Мемед — шеф на кабинет на Елвис Бајрам, градоначалник на општина Шуто Оризари
  • Предраг Петрушевски — обезбедување на Тарчуловски

Учество на српски агенти

Во упадот во македонското Собрание учествувал и Горан Живаљевиќ, агент на српската разузнавачка агенција ­БИА кој во Скопје престојувал како дипломат и советник во српската амбасада од 2015.[35] Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ рекол дека присуството на Живаљевиќ било со цел да види дали имало српски државјани во Собранието.[36] Живаљевиќ подолго време бил следен од УБК, кои утврдиле дека тој бил во редовна комуникација со македонскиот пратеник од српска националност Иван Стоилковиќ и српскиот новинар Мирослав Лазански. Тројката се здружила за ширење пропаганда во српските медиуми со цел да предизвика политичка нестабилност во Македонија.[37] Според британскиот весник Гардијан, оваа тројка работела под инструкции на руските тајни служби и имала задача да спречи влез на Македонија во НАТО.[38] Живаљевиќ во интервју за српските медиуми рекол дека во Собранието бил со дозвола од кабинетот на македонскиот претседател, и дека Игор Југ бил тој кој со огнено оружје требало да го ликвидира Заев.[39] Југ бил уапсен на 21 септември во Куманово и бил притворен поради нелегално поседување оружје и разбојништво.[40]

Пропусти на полицијата

МВР во јуни изготвило извештај за полициските пропусти при насилството во македонското Собрание. Според новоименуваниот министер Спасовски, полицијата потфрлила во реакцијата поради партизираноста на челните луѓе во министерството и злоупотреба на службената положба. Од работа биле суспедирани 23 полицајци, а за 45 била покрената дисциплинска постапка.[41] Според извештајот, насилното влегување настанало поради отворање на вратите од пратеници внатре во Собранието, а полициските службеници кои биле задолжени за безбедноста на објектот не презеле никакви дејства да го спречат отворањето. Понатаму се наведува дека раководителот на оперативниот штаб Чавков не издал навремена наредба за повикување на специјалните полициски единици и евакуирање на пратениците.[42]

Реакции за инцидентот

Министерот Нухиу изјавил дека полицијата потфрлила во справување со толпата и дека ќе барал одговорност за доцната реакција.[43] Пратеникот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, кој за време на упадот во Собранието бил во Виена, ги обвинил СДСМ за инцидентот велејќи дека со тоа сакале да го тргнат вниманието на јавноста од изборот на Џафери за претседател.[44] СДСМ го осудиле насилството и повикале на смиреност, порачувајќи дека насилниците кривично ќе одговараат.[45] Од Беса изјавиле дека насилството во Собранието било координирана акција помеѓу полицијата и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи полициските службеници дозволиле хулиганите на ВМРО-ДПМНЕ да ја нападнат највисоката законодавна институција.[46] Од Алијанса за Албанците ги повикале Албанците да не наседнуваат на провокации и да останат смирени.[47] Од партијата истакнале дека на тоталитарниот фашизам на Груевски му дошол крајот, но жалат што цената за тоа ја платиле невини луѓе, меѓу кои и Зијадин Села.[48]

Од движењето „За заедничка Македонија“ рекле дека ја одбраниле демократијата и дека ќе кампувале пред Собранието до конечна разврска.[49] Претседателот Иванов во неговото обраќање вечерта на 27 април ги повикал претседателите на сите парламентарни партии на средба утредента во неговиот кабинет, но притоа не ги осудил инцидентите.[50] Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети ја одбиле поканата со образложение дека Иванов бил дел од кризата и не може да биде нејзино решение.[51] Горан Ангелов, едно од лицата кои учествувале во линчот на пратениците, преку Фејсбук побарал амнестија за толпата од Иванов бидејќи тие го спречиле „државниот удар и растурањето на Македонија“.[52] Џафери изјавил дека ако не било собраниското обезбедување ќе имало жртви, затоа што целта на демонстрантите била елиминација на неколкумина пратеници.[53]

Меѓународни реакции

  •  Европска Унија — високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан го поздравиле изборот на Џафери за претседател на Собранието и го осудиле нападот врз пратениците.[54] Хан рекол дека инцидентот нема да ја загрози иднината на Македонија во ЕУ бидејќи биле нападнати оние пратеници кои се залагаат за европските вредности.[55]
  •  САД — од американската амбасадата во Македонија изјавиле дека ќе работат со Џафери во поддршка на демократијата и за унапредување на интересите на државата.[56] Американскиот заменик државен секретар за Европа и Евроазија Хојт Ји нападот врз пратениците го нарекол кукавички чин и побарал расчистување на инцидентот.[57]
  •  Канада — премиерот на Канада Џастин Трудо на 28 април го честитал изборот на Џафери за претседател на Собранието и остро го осудил насилството.[58]
  •  Обединето Кралство — британското министерство за надворешни работи ја честитало одлуката на мнозинството пратеници во Македонија и апелирало за мирно предавање на власта и професионално постапување на сите институции, вклучително и полицијата.[59]
  •  Германија — германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел го честитал изборот на собраниски претседател и рекол дека е неприфатливо поранешната владејачка партија да не ги прифаќа изборните резултати и да ги испраќа своите поддржувачи да вршат упад во Собранието и да напаѓаат пратеници.[60] Според германскиот државен министер за Европа Михаел Рот, националистички варвари сакале да ги уништат последните остатоци на демократската култура во Македонија.[61]
  •  Франција — француското МНР ги осудило насилствата што се случиле во Собранието и повикале на конструктивен политички дијалог.[62]
  •  Турција — официјална Анкара го осудила насилството и очекува формирање нова влада со почитување на демократските принципи.[63]
  •  Русија — руското министерство за надворешни работи изразило поддршка за Груевски и демонстрантите кои упаднале во Собранието, велејќи дека СДСМ преку грубо кршење на процедурите сакале да изберат претседател на Собранието. Според руското МНР, демонстрантите оправдано им се спротиставиле на „натрапниците“.[64]
  •  Ватиканпапата Франциск повикал на молитва за Македонија поради сериозната политичка ситуација во земјата и по насилните случувања во македонскиот парламент на „крвавиот четврток“. Папата повикот за молитва го упатил на плоштадот Свети Петар во Ватикан, пред околу 10.000 луѓе.[65]
  •  Србија — српскиот претседател Александар Вучиќ изразил загриженост за ситуацијата во Македонија и повикал на решавање на проблемите на мирен начин.[66]
  •  Бугарија — бугарскиот премиер Бојко Борисов телефонски разговарал со Заев и Груевски, и порачал дека решение е можно само преку почитување на редот и законите.[67]
  •  Албанија — албанскиот претседател Илир Мета му дал поддршка на Џафери за работата во Собранието и порачал кризата да се решава со демократски средства.[68]

Епилог

Јавното обвинителство два дена по упадот побарало од МВР да приведе 15-мина учесници во нападот на Собранието меѓу кои и организаторите Илиевски, Дамовски, оперскиот пејач Игор Дурловски и актерот Владо Јовановски.[69] Притвор од осум дена им бил одреден на четири лица, додека куќен притвор добил началник од УБК кој учествувал во нередите. Мерки на претпазливост им биле одредени на две лица.[70] Јавното обвинителство на 8 мај поднело обвинение против девет лица кои учествувале во упадот во Собранието. Обвинителството ги товари дека го сториле кривичното дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ со можност да го преиначи делото доколку најде други докази во текот на постапката.[71] Двајца од напаѓачите на Села биле притворени на 10 мај и биле обвинети за обид за убиство.[72] Според Хелсиншкиот комитет за човекови права, во Собранието на 27 април биле сторени 28 кривични дела против животот, телото, слободите и правата на пратениците.[73] Запрашан дали им простил на своите политички противници две седмици по настанот, Заев одговорил: „Јас им простив, но законот не смее да им прости“.[74]

Американскиот дипломат Ји на 30 април пристигнал на дводневна посета во Скопје каде имал средби со Џафери, Иванов, како и водачите на парламентарните партии.[75] Вељаноски не го признал изборот на Џафери бидејќи според него, гласањето било нелегитимно бидејќи немало телевизиски пренос на Собранискиот канал.[76] По преземањето на функцијата на 3 мај, Џафери првата работна средба ја имал со амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар во кабинетот на собранискиот спикер.[77] Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ претходниот ден со физичка блокада не дозволила Џафери да влезе во кабинетот и најавила тужба до Мухиќ и Мисовски за прекршување на собранискиот деловник за работа.[78][79] Одлуката за избор на Џафери била објавена во Службен весник на 9 мај, а Џафери истиот ден испратил писмо до Иванов во кое го известил дека во рок од 10 дена треба да го додели мандатот за состав на нова влада на Заев, како предводник на најголемата партија од владината коалиција.[80] Од СДСМ најавиле дека во наредните денови ќе пристапат и кон избор на нова Влада.[81] Новата македонска влада предводена од Заев била избрана на 31 мај што означило крај на двегодишната политичка криза.[82]

Поврзано

Наводи

  1. „Иванов му го даде мандатот на Груевски, тече рокот од 20 дена за формирање влада“. Мета. 9 јануари 2017. http://meta.mk/ivanov-mu-go-dade-mandatot-na-gruevski-teche-rokot-od-20-dena-za-formirane-vlada/. посет. 28 април 2017 г. 
  2. „Груевски не успеа да формира влада“. Тера. 30 јануари 2017. http://tera.mk/gruevski-ne-uspea-da-formira-vlada/. посет. 28 април 2017 г. 
  3. „Заев спрема документи за преговори со Ахмети“. Фокус. 10 февруари 2017. http://fokus.mk/zaev-sprema-dokumenti-za-pregovori-so-ahmeti/. посет. 28 април 2017 г. 
  4. „Иванов не му го дава мандатот на Заев“. Дојче Веле. 1 март 2017. http://www.dw.com/mk/%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2-%D0%BD%D0%B5-%D0%BC%D1%83-%D0%B3%D0%BE-%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2/a-37770673. посет. 28 април 2017 г. 
  5. „Сезона на протести: Од Тврдокорни до „За заедничка Македонија““. Дојче Веле. 24 март 2017. http://www.dw.com/mk/%D1%81%D0%B5%D0%B7%D0%BE%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D1%82%D0%B2%D1%80%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8-%D0%B4%D0%BE-%D0%B7%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0/a-38102084. посет. 28 април 2017 г. 
  6. „„За заедничка Македонија“ се против албанската платформа“. Локално. 6 март 2017. http://lokalno.mk/za-zaednichka-makedonija-se-protiv-albanskata-platforma-i-prodolzhuvaat-so-protesti/. посет. 28 април 2017 г. 
  7. „Се обединија патриотските здруженија: Подготвени сме со сите средства да ја браниме татковината!“. Курир. 6 април 2017. http://kurir.mk/makedonija/vesti/se-obedinija-patriotskite-zdruzhenija-podgotveni-sme-so-site-sredstva-da-ja-branime-tatkovinata-foto/. посет. 28 април 2017 г. 
  8. „„Потерници“ по челниците на СДСМ“. Телма. 15 март 2017. http://www.telma.com.mk/vesti/poternici-po-chelnicite-na-sdsm. посет. 25 јули 2017 г. 
  9. „Во Собранието 20. продолжение на конститутивната седница“. Утрински. 27 април 2017. http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=765BA776993EA647BF2FC4AC01A0F1CE. посет. 28 април 2017 г. 
  10. „Нов претседател или нови опструкции“. 24 Вести. 24 март 2017. http://24vesti.mk/nov-pretsedatel-ili-novi-opstrukcii. посет. 28 април 2017 г. 
  11. „Георгиевски и Климовски се придружија на протестот: Растојанието до Собранието е само 20 метри“. 24 Вести. 31 март 2017. http://24vesti.com.mk/georgievski-i-klimovski-se-pridruzhija-na-protestot-rastojanieto-do-sobranieto-e-samo-20-metri. посет. 27 јули 2017 г. 
  12. „Насилството запре, демонстранти ќе спијат пред Собрание“. Дојче Веле. 27 април 2017. http://www.dw.com/mk/%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B5-%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8-%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4-%D1%81%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5/a-38619042. посет. 28 април 2017 г. 
  13. „Талат Џафери изгласан за претседател на Собранието“. Фокус. 27 април 2017. http://fokus.mk/talat-dhaferi-izglasan-za-pretsedatel-na-sobranieto/. посет. 28 април 2017 г. 
  14. „Хаос во Парламентот, демонстрантите ги раскрвавеа Заев и Манчевски“. Плусинфо. 27 април 2017. http://www.plusinfo.mk/vest/113115/haos-vo-parlamentot-demonstrantite-gi-raskrvavea-zaev-i-mancevski-video. посет. 28 април 2017 г. 
  15. „Крвава ноќ во Собранието“. Сакам Да Кажам. 28 април 2017. http://sdk.mk/index.php/naslovna/krvava-nok-vo-sobranieto-eu-sad-go-priznaa-talat/. посет. 28 април 2017 г. 
  16. „Зијадин Села повреден и влечен од демонстрантите“. Либертас. 27 април 2017. http://www.libertas.mk/zijadin-sela-povreden-i-vlechen-od-demonstrantite/. посет. 28 април 2017 г. 
  17. „Раскрвавени се Заев, Манчевски, Спасовски, полицијата нигде ја нема“. CentarNews. 27 април 2017. http://centarnews.net/HQ/mk/index.php/news/mk/item/51534-raskrvaveni-se-zaev-spasovski-dimitrievski-policijata-nigde-ja-nema. посет. 28 април 2017 г. 
  18. „Насилниците удирале со железни шипки врз секој што им се нашол на патот“. Макфакс. 27 април 2017. http://makfax.com.mk/makedonija/politika/%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%83%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D0%B6%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%BD%D0%B8-%D1%88%D0%B8%D0%BF%D0%BA%D0%B8/. посет. 5 мај 2017 г. 
  19. „Насилниците правеле ортоми, сакале да ги задават пратениците?“. Фокус. 28 април 2017. http://fokus.mk/nasilnitsite-pravele-ortomi-sakale-da-gi-zadavat-pratenitsite/. посет. 28 април 2017 г. 
  20. „Хаос во Собранието - народот упадна во Собранието“. Алфа. 27 април 2017. http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=120248#.WRB3nlWGMdU. посет. 8 мај 2017 г. 
  21. „Пратениците евакуирани, ситуацијата се смирува“. Призма. 27 април 2017. http://prizma.mk/pratenitsite-evakuirani-situatsijata-se-smiruva/. посет. 28 април 2017 г. 
  22. „Собранието празно, повредени над 100 луѓе во насилствата“. Радио Слободна Европа. 28 април 2017. http://www.slobodnaevropa.mk/a/28455977.html. посет. 28 април 2017 г. 
  23. „Ослободени се приведените за насилството во Собрание“. Алсат М. 29 април 2017. http://www.alsat-m.tv/mk/%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB%D1%81%D1%82/. посет. 29 април 2017 г. 
  24. „Заев: Вчера имаше обид за убиство со план и умисла“. Нова ТВ. 28 април 2017. http://novatv.mk/zaev-vchera-imashe-obid-za-ubistvo-so-plan-i-umisla/. посет. 28 април 2017 г. 
  25. „Нухиу најави смени во МВР, а Чавков вчера се криeл од него“. Плусинфо. 28 април 2017. http://www.plusinfo.mk/vest/113234/nuhiu-najavi-smeni-vo-mvr-a-cavkov-vcera-se-kriel-od-nego. посет. 28 април 2017 г. 
  26. „Чавков: Министерот, Заев, Ахмети знаеле дека се подготвува сценарио, но криеја од полицијата“. Република. 1 мај 2017. http://republika.mk/769606. посет. 5 мај 2017 г. 
  27. „Приведени се 8 лица, Нухиу го смени Чавков од челната позиција на оперативниот штаб на МВР“. Мета. 28 април 2017. http://meta.mk/privedeni-se-8-litsa-nuhiu-go-smeni-chavkov-od-chelnata-pozitsija-na-operativniot-shtab-na-mvr/. посет. 28 април 2017 г. 
  28. „Заев: Нападот беше обид за убиство – Груевски: Да сакале да го убијат, ќе изваделе пиштол“. ТВ 21. 28 април 2017. http://tv21.tv/mk/?p=126380. посет. 8 мај 2017 г. 
  29. „Иванов од „Јасен“ ќе командува со апсење „пучисти“!“. Фокус. 20 април 2017. http://fokus.mk/fokus-express/ivanov-od-jasen-ke-komanduva-so-apsene-puchisti/. посет. 12 мај 2017 г. 
  30. „Андонов и официјално именуван за директор на Јасен“. Радио Слободна Европа. 26 април 2017. https://www.slobodnaevropa.mk/a/28452649.html. посет. 12 мај 2017 г. 
  31. „Нухиу се сомнева дека во игра за преврат на 27 април била и армијата“. МКД. 12 мај 2017. http://www.mkd.mk/makedonija/politika/nuhiu-se-somneva-deka-vo-igra-za-prevrat-na-27-april-bila-i-armijata. посет. 12 мај 2017 г. 
  32. „Напаѓач ѝ бацува рака на министерката Бети при упадот во Собранието“. Сакам Да Кажам. 30 април 2017. http://sdk.mk/index.php/makedonija/napagach-batsuva-raka-na-ministerkata-beti-pri-upadot-vo-sobranieto/. посет. 30 април 2017 г. 
  33. „Алсат-М го открива сценариото: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги насочувале насилниците во Собранието“. Алсат М. 30 април 2017. http://www.alsat-m.tv/mk/%D0%B0%D0%BB%D1%81%D0%B0%D1%82-%D0%BC-%D0%B3%D0%BE-%D0%BE%D1%82%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B2%D0%B0-%D1%81%D1%86%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8/. посет. 30 април 2017 г. 
  34. „Манчевски: Криминалци и убијци беа пратени во Собранието“. А1он. 30 април 2017. http://a1on.mk/archives/733965. посет. 30 април 2017 г. 
  35. „Српскиот разунавач Живаљевиќ дејствувал вон дипломатските протоколи“. Нова ТВ. 26 мај 2017. http://novatv.mk/srpskiot-razunavach-zhivalevik-dejstvuval-von-diplomatskite-protokoli/. посет. 5 јуни 2017 г. 
  36. „Живаљевиќ гледал од блиску или отишол предалеку?“. Дојче Веле. 26 мај 2017. http://www.dw.com/mk/%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%99%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D1%9C-%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D0%BB-%D0%BE%D0%B4-%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D1%81%D0%BA%D1%83-%D0%B8%D0%BB%D0%B8-%D0%BE%D1%82%D0%B8%D1%88%D0%BE%D0%BB-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%83/a-38987754. посет. 5 јуни 2017 г. 
  37. „Српско-руски шпионски игри за “македонско сценарио”- Kој сака криза?“. Нова ТВ. 28 мај 2017. http://novatv.mk/srpsko-ruski-shpionski-igri-za-makedonsko-stsenario-koj-saka-kriza-2/. посет. 5 јуни 2017 г. 
  38. „Russia actively stoking discord in Macedonia since 2008, intel files say“. The Guardian. 4 јуни 2017. https://www.theguardian.com/world/2017/jun/04/russia-actively-stoking-discord-in-macedonia-since-2008-intel-files-say-leak-kremlin-balkan-nato-west-influence. посет. 5 јуни 2017 г. 
  39. „Живаљевиќ: Човекот со амблем на ХОС, Игор Југ, требаше да го убие Заев“. Либертас. 12 септември 2017. http://www.libertas.mk/zhivalevik-chovekot-so-amblem-na-hos-igor-jug-trebashe-da-go-ubie-zaev/. посет. 2 октомври 2017 г. 
  40. „Определен 30-дневен притвор за Игор Југ“. Нова Македонија. 29 септември 2017. http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%9E%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD-30%D0%B4%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D0%98%D0%B3%D0%BE%D1%80-%D0%88%D1%83%D0%B3&id=514e1eb4-2736-4c9c-9621-e678538db997. посет. 2 октомври 2017 г. 
  41. „Спасовски - мора да се врати угледот на полицијата“. Радио Слободна Европа. 8 јуни 2017. https://www.slobodnaevropa.mk/a/28535766.html. посет. 9 јуни 2017 г. 
  42. „Дел од извештајот на работната група во МВР за настаните од 27 април“. ТВ 21. 8 јуни 2017. http://tv21.tv/mk/%D0%B4%D0%B5%D0%BB-%D0%BE%D0%B4-%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%98%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%BF%D0%B0-%D0%B2/. посет. 9 јуни 2017 г. 
  43. „Нухиу: Ќе барам одговорност за задоцнетата реакција на полицијата“. Нова Македонија. 28 април 2017. http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%9D%D1%83%D1%85%D0%B8%D1%83-%D0%8C%D0%B5-%D0%B1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BC-%D0%BE%D0%B4%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D1%86%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0&id=2c817d29-ad10-4de9-8081-ee0abde78851. посет. 28 април 2017 г. 
  44. „Груевски ги обвини СДСМ за инцидентот во Собранието“. Алсат М. 28 април 2017. http://www.alsat-m.tv/mk/%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B3%D0%B8-%D0%BE%D0%B1%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%B4%D1%81%D0%BC-%D0%B7%D0%B0-%D0%B8%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%BE%D1%82/. посет. 28 април 2017 г. 
  45. „СДСМ: Повикуваме на смиреност, насилниците ќе одговараат!“. Плусинфо. 28 април 2017. http://www.plusinfo.mk/vest/113155/sdsm-povikuvame-na-smirenost-nasilnicite-kje-odgovaraat. посет. 28 април 2017 г. 
  46. „Беса: МВР им дозволи на хулиганите на ВМРО-ДПМНЕ да го нападнат Собранието“. Мета. 28 април 2017. http://meta.mk/besa-mvr-im-dozvoli-na-huliganite-na-vmro-dpmne-da-go-napadnat-sobranieto/. посет. 28 април 2017 г. 
  47. „Таравари: Села не е во животна опасност, претрпел само мали повреди“. Телма. 28 април 2017. http://telma.com.mk/vesti/taravari-sela-ne-e-vo-zhivotna-opasnost-pretrpel-samo-mali-povredi. посет. 28 април 2017 г. 
  48. „На тоталитарниот фашизам на Груевски му дојде крајот“. Сакам Да Кажам. 28 април 2017. http://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/na-totalitarniot-fashizam-na-gruevski-mu-dojde-krajot-velat-od-partijata-na-pretepaniot-sela/. посет. 28 април 2017 г. 
  49. „Одиме до крај, до конечната разврска, порачуваат граѓаните“. Курир. 28 април 2017. http://kurir.mk/makedonija/vesti/se-postavuvaat-shatori-pred-sobranieto-odime-do-kraj-do-konechnata-razvrska-porachuvaat-graganite-foto/. посет. 28 април 2017 г. 
  50. „Иванов повика на лидерска средба“. Плусинфо. 28 април 2017. http://plusinfo.mk/vest/113145/ivanov-povika-na-liderska-sredba. посет. 28 април 2017 г. 
  51. „Заев не оди на лидерска кај Иванов“. Либертас. 28 април 2017. http://www.libertas.mk/zaev-ne-odi-na-liderska-kaj-ivanov-ochek/. посет. 28 април 2017 г. 
  52. „Толпата која нападна и тепаше пратеници бара амнестија од Иванов“. Макфакс. 30 април 2017. http://makfax.com.mk/daily-news/%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B0-%D0%B8-%D1%82%D0%B5%D0%BF%D0%B0%D1%88%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8/. посет. 30 април 2017 г. 
  53. „Џафери: Да не беше обезбедувањето, ќе имаше жртви“. Курир. 4 мај 2017. http://www.plusinfo.mk/vest/113724/djaferi-da-ne-beshe-obezbeduvanjeto-kje-imashe-zrtvi. посет. 4 мај 2017 г. 
  54. „ЕУ и САД го поздравија изборот на Џафери за претседател на Собранието“. Телма. 28 април 2017. http://www.telma.com.mk/vesti/eu-go-pozdravi-izborot-na-dzhaferi-za-pretsedatel-na-sobranieto-i-go-osudi-napadot-vrz. посет. 28 април 2017 г. 
  55. „Хан: Во Парламент беа нападнати оние кои се за ЕУ“. 24 Вести. 2 мај 2017. http://24vesti.mk/han-vo-parlament-bea-napadnati-onie-koi-se-za-eu. посет. 4 мај 2017 г. 
  56. „САД амбасада: Ќе работиме со Талат Џафери за поддршка на демократијата“. Нова ТВ. 28 април 2017. http://novatv.mk/us-ambasada-ke-rabotime-so-talat-dhaferi-za-poddrshka-na-demokratijata/. посет. 28 април 2017 г. 
  57. „Хојт Ји oчекува нова реформска влада“. Радио Слободна Европа. 1 мај 2017. http://www.slobodnaevropa.mk/a/28462116.html. посет. 1 мај 2017 г. 
  58. „И Трудо го осуди нападот на пратениците и го призна Талат“. Сакам Да Кажам. 28 април 2017. http://sdk.mk/index.php/makedonija/trudo-go-osudi-napadot-na-pratenitsite-go-prizna-talat/. посет. 28 април 2017 г. 
  59. „Полицијата да работи без политичко влијание, апелира Британија по нападот на Собранието“. Сакам Да Кажам. 3 мај 2017. http://sdk.mk/index.php/makedonija/politsijata-da-raboti-bez-politichko-vlijanie-apelira-britanija-po-napadot-na-sobranieto/. посет. 3 мај 2017 г. 
  60. „Неприфатливо поранешната владејачка партија да испраќа насилници во Собранието“. Сакам Да Кажам. 28 април 2017. http://sdk.mk/index.php/makedonija/neprifatlivo-e-poraneshnata-vladejachka-partija-da-ispraka-nasilnitsi-vo-sobranieto-poraka-od-ofitsijalen-berlin/. посет. 28 април 2017 г. 
  61. „Рот: Националистички варвари ја уриваат демократијата во Македонија!“. Мета. 28 април 2017. http://meta.mk/rot-natsionalistichki-varvari-ja-urivaat-demokratijata-vo-makedonija/. посет. 28 април 2017 г. 
  62. „Франција: Употребата на насилство само ќе доведе до зголемување на тензиите“. Макфакс. 28 април 2017. http://makfax.com.mk/daily-news/%D1%84%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D1%83%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%B0%D0%BC/. посет. 28 април 2017 г. 
  63. „Анкара очекува формирање нова влада и почитување на демократските принципи во Македонија“. Либертас. 28 април 2017. http://www.libertas.mk/ankara-ochekuva-formirane-nova-vlada-i-pochituvane-na-demokratskite-printsipi-vo-makedonija/. посет. 28 април 2017 г. 
  64. „Руско МНР: Демонстрантите им се спротивставија на „натрапниците““. Мета. 28 април 2017. http://meta.mk/rusko-mnr-demonstrantite-im-se-sprotivstavija-na-natrapnitsite/. посет. 28 април 2017 г. 
  65. „Папата со молитва за Македонија по насилствата во парламентот“. Нова Македонија. 1 мај 2017. http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%9F%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D0%BE-%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BB%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%BE%D1%82&id=58805222-07f2-4a2c-87f7-f4b9c6b810cd. посет. 1 мај 2017 г. 
  66. „Соседите вознемирени“. Нова Македонија. 29 април 2017. http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%A1%D0%BE%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B8-&id=12ea5da7-0110-44bc-aa34-7e64f2c220e1. посет. 8 мај 2017 г. 
  67. „Остри осуди за инцидентите во Собранието од меѓународната заедница“. Алфа. 28 април 2017. http://www.alfa.mk/News.aspx?id=120280#.WRB711WGMdU. посет. 8 мај 2017 г. 
  68. „Илир Мета: Конфликтот во македонското Собрание е политички, а не меѓуетнички“. Вечер. 28 април 2017. http://vecer.mk/makedonija/ilir-meta-konfliktot-vo-makedonskoto-sobranie-e-politichki-a-ne-megjuetnichki. посет. 8 мај 2017 г. 
  69. „Обвинителството на Зврлевски побара од МВР да уапси 15 насилници од нападот во Собранието“. Сакам Да Кажам. 29 април 2017. http://sdk.mk/index.php/makedonija/obvinitelstvoto-pobara-od-mvr-da-uapsi-15-nasilnitsi-od-napadot-vo-sobranieto/. посет. 30 април 2017 г. 
  70. „Уште една мерка притвор за напаѓачите“. Макфакс. 1 мај 2017. http://makfax.com.mk/daily-news/%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5-%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%BA%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D1%93%D0%B0%D1%87%D0%B8%D1%82%D0%B5/. посет. 8 мај 2017 г. 
  71. „Обвинителен предлог за учество во толпа за деветмина од напаѓачите во Собранието“. Сакам Да Кажам. 8 мај 2017. http://sdk.mk/index.php/makedonija/obvinitelen-predlog-za-uchestvo-vo-tolpa-za-devetmina-od-napagachite-vo-sobranieto-samo-dvajtsa-ostanuvaat-vo-pritvor/. посет. 8 мај 2017 г. 
  72. „Притвор за таткото и синот кои ќе одговараат за кривично дело убиство во обид на Зијадин Села“. Ако. 10 мај 2017. http://ako.mk/%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%B8-%D1%81%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D1%82-%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D1%9C%D0%B5-%D0%BE%D0%B4%D0%B3%D0%BE%D0%B2/. посет. 11 мај 2017 г. 
  73. „28 кривични дела на 27 април“. Призма. 5 мај 2017. http://prizma.mk/28-krivichni-dela-na-27-april/. посет. 9 мај 2017 г. 
  74. „Заев: Јас им простив, но законот не смее да прости“. Плусинфо. 12 мај 2017. http://www.plusinfo.mk/vest/114630/zaev-jas-im-prostiv-no-zakonot-ne-smee-da-prosti. посет. 12 мај 2017 г. 
  75. „Хојт Ји денеска и утре на средби со Иванов, Џафери и со лидерите на партиите“. Мета. 30 април 2017. http://meta.mk/hojt-ji-deneska-i-utre-na-sredbi-so-ivanov-dhaferi-i-so-liderite-na-partiite/. посет. 30 април 2017 г. 
  76. „За Вељановски изборот на Џафери е нелегитимен оти седницата се снимала со мобилен“. Фокус. 30 април 2017. http://fokus.mk/za-velanovski-izborot-na-dhaferi-e-neligitimen-oti-sednitsata-se-snimala-so-mobilen/. посет. 30 април 2017 г. 
  77. „Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери го прими евроамбасадорот Жбогар“. Собрание на Република Македонија. 3 мај 2017. http://www.sobranie.mk/2014-002cea30-a5b8-435e-ad55-147ff64cbfa2-ns_article-pretsedatelot-na-sobranieto-g-talat-dzaferi-go-primi-evroambasadorot-zbogar.nspx. посет. 3 мај 2017 г. 
  78. „Талат Џафери влезе во претседателскиот кабинет“. Утрински. 3 мај 2017. http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=EDC3B667C5F1F3479684D19B373BBAB4. посет. 3 мај 2017 г. 
  79. „ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Мисовски и Мухиќ“. Утрински. 3 мај 2017. http://www.utrinski.mk/?ItemID=3CA96C63594C6545AC2D684AD778479A. посет. 3 мај 2017 г. 
  80. „Одлуката за изборот на Џафери објавена во „Службен весник““. Република. 9 мај 2017. http://republika.mk/773673. посет. 10 мај 2017 г. 
  81. „СДСМ: Ќе биде избрана и нова Влада“. Вечер. 30 април 2017. http://vecer.mk/makedonija/sdsm-kje-bide-izbrana-i-nova-vlada. посет. 30 април 2017 г. 
  82. „Македонија доби нова влада, Заев премиер“. МКД. 31 мај 2017. http://www.mkd.mk/makedonija/politika/makedonija-dobi-nova-vlada-zaev-premier. посет. 5 јуни 2017 г. 

Надворешни врски