Прејди на содржината

Иван Стоилковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван Стоилковиќ
Иван Стоилковић
Стоилковиќ во 2024 година.
Министер за односи меѓу заедниците
На должноста
Стапил/ -а
23 јуни 2024
Претседател Гордана Сиљановска-Давкова
Премиер Христијан Мицкоски
Претходник Нема
Лични податоци
Роден(а) Иван Стоилковиќ
15 јануари 1962(1962-01-15)(64 г.)
Куманово, НР Македонија, ФНРЈ,
Националност Македонец
Народност Србин
Партија ДПСМ
Деца 2
Образование Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
Вероисповед Православие

Иван Стоилковиќ (р. 15 февруари 1962 година во Куманово) — македонски политичар. Кој моментално ја врши функцијата министер за односи меѓу заедниците и водач на Демократската партија на Србите во Македонија.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Иван Стоилковиќ е роден во српско семејство во Куманово на 15 февруари 1962 година. Основното образование го завршил во родниот град, а потоа се запишал во Гимназијата „Гоце Делчев“ во родниот град. По завршување на средното образование, се запишал на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, студирајќи во политичко-правна насока. Женет е и има ќерка и син.

Покрај српскиот, течно зборува македонски, англиски и руски јазик . Пред да стане професионален политичар 1992-2002, бил основач и директор на приватното градежно претпријатие LAMAX CO од Куманово.

На 23 јуни 2024 година, Стоилковиќ е назначен за министер за односи меѓу заедниците во кабинетот на Христијан Мицкоски.[1]

Политичка кариера

[уреди | уреди извор]
  • 1986-1990, претседател на Младинскиот совет во Куманово
  • 15.12.2001, на II-от Конгрес на Демократската партија на Србите во Македонија е избран за Претседател.
  • 15.09.2002, на Парламентарните избори е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од страна на Демократска партија на Србите во Македонија.
  • 05.11.2005, на III-от Конгрес на Демократската партија на Србите во Македонија е избран за Претседател.
  • 05.07.2006, на Парламентарните избори е избран за пратеник во Собранието на Р Македонија.
  • 01.06.2008, на вонредните Парламентарни избори е избран за пратеник во Собранието на Р Македонија.
  • 15.11.2009, на IV-от Конгрес на Демократската партија на Србите во Македонија е избран за Претседател.
  • 09.11.2013, на V-от Конгрес на Демократската партија на Србите во Македонија е избран за Претседател.
  1. „Новоизбраниот министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ ја презеде министерската функција“. moz.gov.mk. Посетено на 2026-01-05.