Максим Димитриевски
| Максим Димитриевски | |
|---|---|
| Градоначалник на Општина Куманово | |
| На должноста | |
| Стапил/ -а 15 октомври 2017 | |
| Претходник | Зоран Дамјановски |
| Пратеник во македонското Собрание | |
| На должноста 2016 – 2017 | |
| Претседател | Ѓорге Иванов |
| Премиер | Зоран Заев |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 29 ноември 1975 Куманово, СР Македонија, СФРЈ |
| Националност | Македонец |
| Партија | ЗНАМ |
| Деца | 3 |
| Образование | „Св. Кирил и Методиј“ |
| Професија | правник |
| Вероисповед | православен христијанин |
Максим Димитриевски (роден на 29 ноември 1975 во Куманово) — македонски политичар и градоначалник на Општина Куманово од 2017 година.

Образование
[уреди | уреди извор]Основно и средно образование завршил во родниот град, а дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Во 2011 година изработува публикуван труд: „Вкупни даночни приходи и расходи во ЕЛС со осврт на Општина Куманово“.
Магистрант на тема „Ниско ниво на децентрализација – причина за несоодветен развој на единиците на локална самоуправа во Република Македонија“.
Живот
[уреди | уреди извор]Димитриевски е семеен човек, сопруг и татко на три деца.
Политичка кариера
[уреди | уреди извор]Политичката кариера ја започнал како млад активист на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија. Во 2008 година, станал дел од Советот на Општина Куманово, а подоцна и претседател на истиот Совет од 2012 до 2016 година. Политичката кариера ја продолжил како пратеник во Собранието на Македонија и претседател на комисија за одбрана и безбедност. На локалните избори во октомври 2017 година станал градоначалник на Општина Куманово а во 2021 година бил повторно избран за градоначалник на Општина Куманово на локалните избори на 31 октомври, како независен кандидат.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Максим Димитриевски“ на Ризницата ? |