Прејди на содржината

За наша Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ЗНАМ)
За наша Македонија
ПретседателМаксим Димитриевски
ПотпретседателиВесна Бендевска
Павле Арсоски
Генерален секретарГоран Минчев
Основана9 октомври 2023; пред 8 месеци (2023-10-09)
ШтабСкопје
ИдеологијаПопулизам
Левичарски Национализам
Проевропеизам
Полит. положбаЦентар-лево
БоиСина, бела и црвена
Собрание
6 / 120
Општини
1 / 80
Мрежно место
dvizenjeznam.org.mk
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Движење ЗНАМ - За наша Македонија (ЗНАМ) — македонска политичка партија со левичарска идеологија основана од поранешниот член на СДСМ и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

Идеологија[уреди | уреди извор]

Максим Димитриевски ги опишува неговите ставови како социјално и економски левичарски но национално десничарски од центарот. [1] Димитриевски рече дека главната цел на неговата партија ќе биде обединување на граѓаните и враќање на државата на вистинскиот пат кон темелите на нашата државност. Целта на партијата не е да биде опозиција, туку да ја освои власта, а првиот чекор од оваа позиција ќе биде укинување на последните измени на Кривичниот законик, донесени под „европско знаме“.[2] Димитриевски рече дека неговото движење може да ги привлече и подржувачите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ но повеќето од нив ќе бидат неопределени граѓани кои не се занимавале со политика и имаат можности да ја покажат нивната работа".[2]

Историја[уреди | уреди извор]

На 9 октомври 2023 година се одржа основачкиот конгрес на партијата ЗНАМ. На конгресот претставници на 10 граѓански здруженија потпишаа иницијатива за формирање партија.[3][4] За претседател е избран Максим Димитриевски, а како дел од претседателството се именувани Катерина Тодороска, Емил Јанески и Весна Бендевска. На 23 декември 2023 година, регистрацијата на партијата ЗНАМ беше завршена. Движењето ја објави својата намера да учествува на двојните избори во 2024.[5][6]

Резултати од изборите[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Latas, Dragan Pavlovic (2023-12-23). „ЗНАМ - Промовирана новата партија предводена од МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ“. Вечер, прв дознава. (англиски). Посетено на 2024-01-20.
  2. 2,0 2,1 promovirashe-noviot-politichki-subjekt-dvizhene-za-nasha-makedonija-znam/ „Максим Димитриевски го промовираше новиот политички субјект - „Движење за наша Македонија-ЗНАМ" Проверете ја вредноста |url= (help). 360 степени. 2023-10-09. Посетено на 2024-01-20.
  3. „ФОТО: Промовирана нова политичка партија ЗНАМ на Максим Димитриевски“. Нова Македонија. 2023-10-09. Посетено на 2024-01-20.
  4. /znam-na-maksim-dimitrievski-nova-politichka-partija/ „ЗНАМ на Максим Димитриевски - нова политичка партија“ Проверете ја вредноста |url= (help). Фокус (англиски). 2023-10-09. Посетено на 2024-01-20.
  5. Ивановска, Кристина (2023-12-22). -dimitrievski-znam-ne-e-formirano-da-gi-spasi-sdsm-tuku-da-vovede-red-na-politichkata-scena/ „Максим Димитриевски: ЗНАМ не е формирана за да го спасува СДСМ, туку да воведе ред на политичката сцена - Слободен печат“ Проверете ја вредноста |url= (help). Слободен печат. Посетено на 2024-01-20. Занемарен непознатиот параметар |јазик= (help)
  6. -najavuva-svoj-kandidat-za-pretsedatel-na-drzhavata/ „„ЗНАМ" најавува свој кандидат за претседател на државата“ Проверете ја вредноста |url= (help). Expres.mk (англиски). 2023-12-23. Посетено на 2024-01-20.