Прејди на содржината

Горан Минчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Горан Минчев
Министер за јавна администрација
На должноста
Стапил/ -а
23 јуни 2024
Премиер Христијан Мицкоски
Претходник Наим Бајрами
Пратеник на Собранието на Македонија
На должноста
2008–2014
Лични податоци
Роден(а) Горан Минчев
22 март 1972(1972-03-22) (54 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Државјанство Македонија
Националност Македонец
Партија ЗНАМ (2023-сега)
СДСМ (1998-2023)

Горан Минчев (р. 22 март 1972 во Скопје) — македонски поранешен пратеник во Собранието на Македонија од страна на СДСМ. Моментално е генерален секретар на партијата ЗНАМ и министер за јавна администрација во Влада на Христијан Мицкоски

Животопис

[уреди | уреди извор]

Горан Минчев е истакнат македонски политичар и економист, роден на 22 март 1972.

Минчев е дипломиран економист на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“.

Минчев ја започнува својата кариера во 1992 година како раководител на комерцијален сектор во АД Пивара Скопје, каде што работи до 2002 година. Неговата стручност во комерцијалното управување му овозможи да премине во јавниот сектор, каде што од 2002 до 2003 година работи како заменик директор во ЈП Водовод и канализација во Скопје.

Од 2003 до 2006 година, Минчев е директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, каде што ја координира работата на различни владини сектори. Во периодот од 2006 до 2008 година, пак, тој е генерален секретар на СДСМ.

Во 2008 година, Минчев е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, каде што останува до 2014 година. Од 2016 година, пак, Минчев е директор на приватна компанија.

Горан Минчев течно говори англиски јазик.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]