Помош:Проверка на страници

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ова е страница за помош на македонската Википедија.
Ова не е енциклопедиска содржина. Видете Помош:Содржина за индекс на сите страници за помош, или оставете прашање на Селската чешма каде што можете да добивате одговори.
Кратенки:
ПО:ПНС
Најважното од оваа страница: Одредени уредувачи ги проверуваат и обележуваат страниците. Со ова, читателот е информиран дали содржината што ја чита е непроверена, проверена или квалитетна.

Почнувајќи од април 2010, Википедија на македонски јазик има нов систем за проверка на промените на страниците со кој повнимателно се контролира содржината која е видлива за читателите на енциклопедијата. Овој систем се нарекува „означени ревизии“ (англиски: flagged reviews) и со него одредени корисници (во кои вики-заедницата има доверба) можат јасно да ги обележуваат различните верзии на една страница и да покажат дека тие се прегледани и дека задоволуваат одредени критериуми. Способноста за означување на ревизии го олеснува процесот на одржување на викито, бидејќи е многу појасно кои уредување се нови (и можеби непожелни), а кои се прифатени како конструктивни.

Содржината може да биде обележана како:

Непроверена: Содржината на оваа страница воопшто не е прегледана и одобрена. Читателот треба да внимава, бидејќи страницата може да содржи неконструктивни и неточни содржини.
Проверена: Верзијата на оваа страница била проверена и одобрена од некој одговорен уредувач и таа не содржи очигледен вандализам или други, исто така очигледни, несоодветни содржини. Сепак, читателот треба да знае дека квалитетот и точноста на содржината не се проверени.
Квалитетна: Оваа страница не само што е проверена и одобрена за отсуство на очигледни несоодветни содржини, туку и нејзините информации се темелно прегледани, а содржината е исправна, непристрасна и квалитетно напишана.

Објавена и работна верзија[уреди]

Една страница може да биде достапна во две верзии: објавена верзија и работна верзија.

  • Работната верзија, како што се очекува, е најновата верзија со најновите уредувања, без разлика дали тие уредувања биле конструктивни или неконструктивни.
  • Објавената верзија е последната верзија на страницата која била проверена и обележана со една од двете ознаки (проверена или квалитетна).

Ако една страница има објавена и работна верзија, на читателот, по основно, му се прикажува објавената верзија, а во горниот десен агол од страницата се наоѓа ознака ( или ). Работната верзија може да се види преку јазичето „Промени во исчекување“ на врвот од страницата. При забележувањето на оваа верзија, во горниот десен агол стои ознака ().

Јазичето „Промени во исчекување“ води до работната верзија на страницата.

При создавањето врска до некоја вики-страница, секогаш може да се направи врската да води или до работната или до објавената верзија преку додадавање на &stable=0 или &stable=1 на URL-то, соодветно.

Уредување и прикажување на промените[уреди]

Предупредување за корисници чии промени нема да бидат видливи и разлики меѓу објавената и работната верзија. (зголеми)

Означените ревизии не влијаат врз способноста на корисникот за уредување на некоја страница, туку врз начинот на кој се прикажуваат уредувањата. Кога некој корисник уредува некоја страница, содржината на кутијата за уредување секогаш е онаа на работната верзија. Кога постојат непрегледани промени, направени по последната објавена верзија, над кутијата за уредување се прикажуваат сите разлики меѓу објавената и работната верзија. Ова е важно, бидејќи текстот којшто се уредува може да не е ист со страницата која корисникот ја погледнал пред да кликне на јазичето „Уреди“ (ако корисникот ја гледал објавената верзија). Ова исто така овозможува било кои промени да бидат веднаш оценети и променети или пак вратени ако е тоа потребно.

Ако корисникот не може да ги види неговите промени, тогаш се појавува дополнителна порака за предупредување со текст: „Вашите промени ќе бидат видливи за корисниците откако ќе ги провери овластен корисник“. Освен ова, уредувачкиот процес не е променет од означените ревизии. Корисниците кои можат да ги оценуваат промените ги охрабруваме да го прават тоа по секое уредување. Постои опција „Прифати ја оваа непроверена страница“ (долу, покрај кутиите за штиклирање „Ова е ситна промена“ и „Набљудувај ја оваа страница“) која по основно не е штиклирана, а со која веднаш се оценуваат промените настанати заедно со таа промена.

Опција за оценување на страницата заедно со зачувувањето на страницата.

Ако оценувачот зачува промена, а не ја оцени на претходно опишаниот начин, тој нормално се враќа на статијата, но му е прикажана и разликата од сите промени, вклучувајќи ги и неговите, по последната стабилна верзија со можност за веднаш да ги оцени промените.

Оценка на страници[уреди]

Кој може да оценува[уреди]

Постојат две групи на корисници коишто можат да оценуваат — уредувачи и оценувачи.

  • Уредувачот“ (англиски: editor) ги има следниве права:[1]
    • Неговите уредувања автоматски се бележат како проверени (autoreview);
    • Може да ги означува ревизиите како проверени (review);
    • Може да го гледа списокот на неоценети статии (unreviewedpages);
    • Има преглед на одбележаните патролирања на скорешните промени (patrolmarks).

Автоматски создадениот список на сите корисници со правото „уредувач“ на овој проект е овде.

  • Оценувачот“ (англиски: reviewer) ги има истите права како и „уредувачот“, но со додаток:
    • Може да ги означува ревизиите како квалитетни (validate).[1]

Автоматски создадениот список на сите корисници со правото „оценувач“ на овој проект е овде.

Како се оценува[уреди]

Најчесто се користи кутијата за оценка на ревизии. (зголеми)

Со исклучокот на кутијата за обележување „Прифати ја оваа непроверена страница“ која се појавува на прозорецот за уредување, сите методи на оценување го користат истиот посреднички елемент. На дното од работната страница има кутија за оценување ревизии со неколку алатки за избор кои му овозможуваат на оценувачот да избере кои ознаки да ги примени на ревизијата, а има и можност за оставање на коментар кој ќе се појави во дневникот на напредни проверки.

Корисниците можат да ја оценат било која верзија, вклучувајќи ги и оние верзии кои веќе се оценети од други. Во тој случај најновата оценка ги брише претходните: ако новиот оценувач ја обележи верзијата на повисоко ниво од претходниот оценувач, тогаш тоа се смета за нормално оценување на ревизијата со „добро“, а може и само да ја потврди ревизијата со истата ознака. Со означување на претходно оценета верзија како „несоодветна“, оценувачите можат успешно да ја отстрнат ознаката од некоја ревизија; овие отстранети одобренија можат да се видат во дневникот на напредни проверки.

Следење на непроверените промени[уреди]

Системот на означени ревизии е дизајниран да ги охрабри соодветните корисници да ги оценуваат верзиите брзо и ефикасно, па затоа најчесто има врски за оценка на промените направени од корисници кои самите не можат да си ги обележат промените. Уредувањата кои резултирале со непрегледана верзија се обележани со црвен извичник ! во емитувањата на листата на набљудувања и скорешните промени, со врска за оценка на промените.

Приказ на две уредувања во Специјални:СкорешниПромени: првото има уредувања во исчекување на страница која има објавена верзија, второто е на страница која воопшто не е проверена и нема објавена верзија.

При забележување на страница која има непрегледани уредувања, се појавува и лента која го покажува бројот на уредувања од последната објавена верзија и врска за оценка на промените.

Постојат неколку специјални страници кои се корисни за пронаоѓање и раководење на проверените и непроверените страници:

Белешки[уреди]

  1. 1,0 1,1 Список на сите кориснички групи и правата кои ги поседуваат на ова вики е прикажан на Специјални:СписокНаГрупниПрава.

Видете исто така[уреди]