МедијаВики
![]() | |
Екранска снимка | |
Првично издание | 25 јануари 2002 |
---|---|
Прог. јазик | PHP |
Опер. систем | Виндоус, macOS, Линукс, FreeBSD, Соларис, NetWare |
Големина | ~37 МБ (збиено) |
Јазици | 428[1] |
Вид | вики |
Лиценца | ОЈЛв2+[2] |
Мреж. место | mediawiki.org |
МедијаВики (MediaWiki) — семрежен википрограм која се користи на сите проекти на Фондацијата Викимедија, на сите викија вдомени од Викија (Wikia) и на многу други викија, вклучувајќи некои од најпопуларните и најголемите.[3] Иако првично е разработена за потребите на Википедија, енциклопедија со слободна содржина, денес во употреба на многу фирми за внатрешно раководење на нивното знаење. Од позначајните, претпријатието Novell ја користи за функционирање на многу од нејзините често посетувани мрежни места.[4]
МедијаВики е напишана во PHP програмскиот јазик и може да го користи или MySQL или системот за управување со бази PostgreSQL. МедијаВики се дистрибуира под условите на ГНУ-овата општа јавна лиценца додека нејзината документација е објавена под условите на ГЛСД и е делумно во јавна сопственост (јавен домен), а со тоа самиот програм е слободна и отворена програмска опрема.
![]() |
Оваа статија за за програмска опрема е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Викито на МедијаВики (македонски)
- Историја на МедијаВики (англиски)
- #mediawiki на freenode (англиски)
|