Зоран Заев
| Зоран Заев | |
|---|---|
| Премиер на Република Македонија | |
| На должноста 31 август 2020 – 16 јануари 2022 | |
| Претходник | Оливер Спасовски |
| Наследник | Димитар Ковачевски |
| На должноста 1 јуни 2017 – 3 јануари 2020* | |
| Претходник | Емил Димитриев |
| Наследник | Оливер Спасовски |
| Градоначалник на Струмица | |
| На должноста 22 март 2005 – 22 декември 2016 | |
| Претходник | Кирил Јанев |
| Наследник | Костадин Костадинов |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 8 октомври 1974 Струмица, СР Македонија, СФРЈ |
| Партија | СДСМ |
| Сопружник | Зорица Заева (в. 1995) |
| Установа | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
| Професија | економист |
| * Од 3 јануари до 31 август 2020 година, претседател на преодната македонска Влада бил Оливер Спасовски, согласно Пржинскиот договор. Вториот премиерски мандат на Заев започнува од 31 август. | |
Зоран Заев (8 октомври 1974 во Струмица) — македонски политичар, стопанственик и економист. Премиер на Македонија е од 2017 до 2020 година и од 2020 до 2022 година. Градоначалник на општина Струмица е од 2005 до 2016 година. Пратеник во Собранието на Македонија е од 2003 до 2005 година. Претседател на СДСМ е од 2013 до 2021 година.
Младост, образование и рана кариера
Зоран Заев е роден во 1974 година во Струмица. Неговото семејство се преселило од струмичкото село Муртино во Струмица кога тој имал четири години.[1] Основно и средно образование завршил во родниот град. Во 1997 година дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што и магистрирал економија.
Со неговата сопруга Зорица Заева се познаваат од основно училиште, а се венчале во 1995 година.[2]
По дипломирањето во 1997 година ја започнал професионалната кариера како вработен во трговското друштво на неговото семејство, „Тргопродукт“ – Струмица. Од 2001 до 2003 година бил директор во „Тргопродукт“. Од 1998 до 2003 година бил член на управниот одбор на штедилницата „Пеон“ – Струмица, а од 2001 до 2003 година членувал и во управниот одбор на Индустријата за градежни материјали „Еленица“ од Струмица.[3]
Од 2000 до 2003 година бил претседател на управниот одбор на јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ – Струмица.
Политичка кариера
Заев се зачленил во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во 1996 година.
Пратеник во македонското Собрание (2003–2005)
Заев учествувал на парламентарните избори во 2002 година како кандидат за пратеник од листата на СДСМ од четвртата изборна единица,[4] но не успеал да стане пратеник во Собранието. Сепак, во 2003 година престанал мандатот на пратеникот на СДСМ Ѓорѓи Спасов, кој бил именуван за амбасадор во Обединетото Кралство, а Заев го наследил неговото пратеничко место како следен на листата.[5] Мандатот на Заев како пратеник во Собранието престанал откако бил избран за градоначалник на локалните избори во 2005 година.
Градоначалник на општина Струмица (2005–2016)
На локалните избори во 2005 година Заев победил како кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Струмица.
На 17 јули 2008 година бил уапсен заедно со уште петмина соработници и бил осомничен за законски прекршувања при изградбата на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. Заев обвинил дека се работи за монтиран случај, политички прогон и обид за негов линч. Случајот бил затворен по аболиција од претседателот на државата Бранко Црвенковски.[6]
Заев освоил уште два мандати како градоначалник на локалните избори во 2009 и во 2013 година. Се повлекол од функцијата по парламентарните избори во 2016 година.
Претседател на СДСМ (2013–2017)
Заев бил назначен за вршител на должноста претседател на СДСМ во септември 2008 година.[7] По завршувањето на претседателскиот мандат на Црвенковски во 2009 година, Црвенковски се вратил на чело на СДСМ, а Заев бил именуван за потпретседател на партијата.[8] Во јуни 2013 година Заев бил избран за претседател на СДСМ по оставката на Црвенковски поради лошиот изборен резултат на локалните избори во 2013 година.
Во првата половина од 2015 година Заев објавува телефонски разговори за кои тврди дека се снимени од страна на УБК по нарачка на Никола Груевски и Сашо Мијалков како дел од прислушување на 20 илјади македонски граѓани.[9] Истите се основа за кривична истрага за злоупотреба на службената должност против раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Во април Заев е обвинет за насилство кон претставници на највисоките државни органи во случајот „Пуч“, а поранешниот разузнавач Зоран Верушевски и негови луѓе од МВР се обвинети за обид за државен удар.[10] Во текот на објавувањето на снимките, обвинителството отвора случај против Заев под името „Поткуп“, во кој Заев е осомничен за примање поткуп од струмичкиот стопанственик Иван Николов од околу 164 илјади евра за добивање дозвола за изградба на црква.[11]
Заев, како претставник на СДСМ, учествува во преговорите за надминување на политичката криза помеѓу водачите на најголемите македонски партии со странски посредници.[12] Партиските водачи го потпишуваат Пржинскиот договор, во кој се предвидува техничка влада за организирање предвремени парламентарни избори во 2016 година и формирање на Специјално јавно обвинителство (СЈО) со цел да ги истражи наодите за криминал од објавените снимки.[13] Во април 2016 година претседателот Ѓорге Иванов донесува одлука за помилување на 56 лица опфатени во истрагите на СЈО, помеѓу кои се и Груевски и Заев, но подоцна одлуката за аболиција е повлечена поради притисок од домашната и меѓународната јавност.[14] По изборите во декември 2016 година, Заев формира парламентарно мнозинство составено од СДСМ, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците. На 17 мај 2017 година станува мандатар откако Иванов му го доделува мандатот за формирање влада.[15]
Претседател на Владата (2017–2020; 2020–2022)
Прв премиерски мандат

На 31 мај Собранието на Македонија со 62 гласа „за“ ја избира Владата на Заев која ја сочинуваат 25 министри.[16] Прв чекор на неговата влада во надворешната политика е потпишувањето на договор за добрососедство со Бугарија во август 2017 година.[17] Во септември се донесени законот за минимална плата од 12 илјади денари, законот за укинување на радиодифузната такса, а вратена е и евтината тарифа на струјата.[18][19]

На локалните избори во 2017 година партијата на Заев остварува убедлива победа со освоени 57 градоначалнички мандати и околу 420 илјади гласови на советничките листи.[20] Во јуни 2018 година е потпишан Преспанскиот договор со што е ставен крај на спорот за името помеѓу Македонија и Грција кој трае од независноста на Македонија.[21] Во септември е одржан референдум на кој гласаат 37% од лицата со право на глас, а од нив 91% или околу 610 илјади гласачи се изјаснуваат позитивно за договорот.[22]
Поради неговите залагања за Договорот со Грција во средината на декември 2018 година Заев заедно со грчкиот премиер Алексис Ципрас е номиниран за Нобеловата награда за мир за 2019 година од страна на добитничката на наградата во 2015 година, Тунижанката Уидед Бушамауи.[23]
Во јуни 2019 година, руските комичари Вован и Лексус објавиле снимка на Јутјуб која содржи три разговори со Заев, направени во август 2018, јануари и април 2019 година. Во овие разговори, тие се претставувале како поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Заев, мислејќи дека разговара со вистинските личности, споделил информации за референдумот, руското влијание во регионот, прашањата на Косово и Србија, како и за автокефалноста на Македонската православна црква.[24]
Втор премиерски мандат
По победата на коалицијата предводена од СДСМ на парламентарните избори во 2020 година, Заев продолжува да служи на премиерската функција откако успева да состави влада преку постизборна коалиција со ДУИ. До изборот на втората влада предводена од Заев на 31 август, Оливер Спасовски е претседател на техничка влада согласно Пржинскиот договор.
Наводи
- ↑ „Зоран Заев за српски „Курир": „Првите милиони ги заработив од продажба на сушени црвени пиперки"“. tocka.com.mk. Посетено на 2022-01-11.
- ↑ „ИНТЕРВЈУ ЗАЕВА: Тешко е да си Зоран, ама не е лесно да си Зорица!“. Фокус. 5 јуни 2016. Посетено на 11 јануари 2022.[мртва врска]
- ↑ „Зоран Заев - поранешен претседател на СДСМ“. СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија. Посетено на 11 јануари 2022.
- ↑ „Утрински (6 август 2002): Кандидатските листи на СДСМ“. Архива на time.mk. Посетено на 11 јануари 2022.
- ↑ „Време (8 октомври 2004): На Ѓорѓи Спасов му чувале место и во Собранието“. Архива на time.mk. Посетено на 11 јануари 2022.
На 10 септември 2003 година на Спасов му престана пратеничкиот мандат, бидејќи беше наименуван за амбасадор во Лондон. Тогаш на неговото место во Собранието дојде Заев, кој беше нареден на листата.
- ↑ „Сите детали за предметот „Глобал" за кој Антикорупциска го става на тапет премиерот Заев“. emagazin.mk. 9 мај 2019. Посетено на 31 август 2020.
- ↑ Извештај од А1 телевизија
- ↑ „Извештај од Алсат Телевизија: Црвенковски се врати во СДСМ“. Архивирано од изворникот на 2009-05-27. Посетено на 2009-06-06.
- ↑ „Поднесен обвинителен акт за Заев во случајот „Пуч"“. Радио Слободна Европа. 30 април 2015. Text "http://www.slobodnaevropa.mk/a/26987837.html" ignored (help);
|access-date=бара|url=(help) - ↑ „Заев ја фрли првата „бомба"“. Фокус. 9 февруари 2015. Text "http://fokus.mk/zaev-ja-frli-prvata-bomba-denovive-sleduvaat-novi/" ignored (help);
|access-date=бара|url=(help) - ↑ Валентина Стојанчевска, „Зоран Заев: Власта ми го монтира „Поткуп“ со сечена и лепена снимка“, Фокус, број 1114, 10 февруари 2017, стр. 8-13.
- ↑ „Хан доаѓа со решение за кризата“. Архивирано од изворникот на 2015-07-15. Посетено на 2016-06-01.
- ↑ „Катица и 14 обвинители на специјална задача“. Архивирано од изворникот на 2015-11-04. Посетено на 2016-06-01.
- ↑ „Иванов помилува 56 лица“. Архивирано од изворникот на 2016-05-17. Посетено на 2016-06-01.
- ↑ Заев го доби мандатот, Владата се очекува набрзо
- ↑ Нова етапа во Македонија, избрана владата на СДСМ Архивирано на 1 јуни 2017 г. Утрински Весник (31 мај 2017)
- ↑ Заев: Договорот со Бугарија е во согласност со националните интереси на Македонија Телма (26 јули 2017)
- ↑ „Законот за минимална плата изгласан со ниту еден глас против“. Архивирано од изворникот на 2017-09-20. Посетено на 2017-10-11.
- ↑ „Укината е радиодифузната такса“. Архивирано од изворникот на 2020-05-05. Посетено на 2017-10-11.
- ↑ „Вкупен број на освоени советнички мандати“. Архивирано од изворникот на 2018-02-21. Посетено на 2018-10-08.
- ↑ Што договорија премиерите Заев и Ципрас за решавање на спорот за името
- ↑ „Резултати од референдумот 2018“. Архивирано од изворникот на 2020-05-05. Посетено на 2018-10-08.
- ↑ Заев и Ципрас ќе бидат предложени за Нобелова награда за мир
- ↑ „РУСКИ ПРАНКЕРИ КОЈИ СУ НАМАГАРЧИЛИ ПУНО СВЕТСКИХ ЛИДЕРА ТВРДЕ Зоран Заев „најглупавији херој" њихових шала“. Дневник.
Надворешни врски
| „Зоран Заев“ на Ризницата ? |
- Зоран Заев на мрежното место на Владата на Република Северна Македонија. Архивирано на 11 јануари 2022.
- Зоран Заев на мрежното место на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Архивирано на 11 јануари 2022.
| Политички функции | ||
|---|---|---|
| Претходник Оливер Спасовски |
Премиер на Македонија 2020–2022 |
Наследник Димитар Ковачевски |
| Претходник Емил Димитриев |
Премиер на Македонија 2017–2020 |
Наследник Оливер Спасовски |
| Претходник Кирил Јанев |
Градоначалник на Струмица 2005–2016 |
Наследник Костадин Костадинов |
| Партиски функции | ||
| Претходник Бранко Црвенковски |
Претседател на СДСМ 2013–2021 |
Наследник Димитар Ковачевски |
| ||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||
- Родени во 1974 година
- Премиери на Македонија
- Политичари од СДСМ
- Политичари од Струмица
- Градоначалници на Општина Струмица
- Пратенички состав 2002-2006
- Пратенички состав 2016-2020
- Пратенички состав 2020-2024
- Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
- Луѓе од Муртино
- Македонски затвореници и притвореници
- Затвореници и притвореници во Македонија




