Аднан Ќахил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Аднан Ќахил (тур: Adnan Kâhil) — македонски политичар од турска етничка припадност. Роден е во 1960 година во Скопје. Од 1998 е претседател на Партија за движење на Турците во Македонија.

Дипломирал на хемискиот факултет во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и е пред одбрана на докторската дисертација при ПМФ - Скопје. Работел како наставник по физика во ОУ Тефејуз - Скопје, главен инженер во ОХИС, професор по хемија во гимназијата Јосип Броз Тито, професор на педагошкиот факултет во Скопје .

Од 1998 до 2000 година бил министер без ресор во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а во 2000-2002 година бил советник на претседателот на владата. На парламентарните избори во 2002 година е избран за пратеник од редовите на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ПДТ. Зборува турски, македонски, англиски и албански јазик.


Надворешни врски[уреди | уреди извор]