Срѓан Керим

Од Википедија — слободната енциклопедија
Срѓан Керим
Претседател на Генералното собрание на ОН
На должноста
18 септември 2007 – 16 септември 2008
Претходник Бахреин Хаја Рашед Ал-Калифа
Наследник Никарагва Мигел д'Еското Брокман
Министер за надворешни работи на Македонија
На должноста
30 ноември 2000 – 13 мај 2001
Претходник Александар Димитров
Наследник Илинка Митрева
Лични податоци
Роден(а) 12 декември 1948(1948-12-12)(75 г.)
Скопје, СФРЈ
денес Македонија
Националност Македонец
Срѓан Керим со Бан Ки Мун

Срѓан Керим е македонски политичар, поранешен амбасадор, министер и Претседател на 62-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации од 18 септември 2007 до 16 септември 2008.[1]

Детство и фамилија[уреди | уреди извор]

Срѓан Керим е роден во Скопје на 12 декември во семејството на Олга и Асан Керим. Заедно со неговата сестра Сузана, поголемиот дел од детството го поминуваат во Скопје, Истанбул, Минхен и Белград. Учи средно католичко училиште во Минхенската „Theresien Gymnasium“ како и во Петта Белградска Гимназија во Белград. Дипломира на Факултетот за економија при Универзитетот во Белград во 1971 г. и докторира на тема од интернационална економија во 1982  Од јазици зборува англиски, германски, француски и хрватски.

Дипломат[уреди | уреди извор]

Помеѓу 1976 и 1978 г. Керим бил член на Претседателството на Младинската Федерација на Југославија и Претседател на Комитетот за надворешна политика. Во 1986 г. бил именуван за Министер за надворешни економски односи во Владата на Социјалистичка Република Македонија извршувајќи ја функцијата сè до 1989 г.

По осамостојувањето на Република Македонија Керим бил амбасадор на Република Македонија во Германија (1994-2000), во Швајцарија и Лихтенштајн (1995-2000).

Мултилатерална дипломатија

Првата должност на Керим поврзана со мултилатералната диплoматија била како Советник на Претседателот на шестата сесија на Конференцијата на Обединетите Нации на тема Трговија и Развој (UNCTAD VI), одржана во Белград 1983 г.

Од 1988 до 1991, бил Заменик Министер и портпарол на Федералното Министерство за надворешни работи на Федеративна Република Југославија, задолжен за мултилатерални односи (вклучувајќи го учеството во активности на ОН, Г-77 како и Движењето на неврзаните земји).

Во 1990 бил дел од тимот одговорен за подготовка и учество на првата ОБСЕ конференција за економска соработка одржана во Бон. Тој учествувал и во преговорите со ЕУ (тогашна ЕК) во Договорот за Соработка помеѓу Југославија и Европа (1989 – 1991).

За време на неговиот мандат како амбасадор во Германија тој исто така служеше како Специјален Претставник на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа (1999-2000).

Од 2000 до 2001 г. Д-р Керим беше Министер за надворешни работи во Владата на Република Македонија, во чиј мандат исто така беше и претседавач со Југоисточно Европска Инцијатива за Соработка (2000-2001). Во овој период Република Македонија го потпишува Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ.

Потоа бил назначен за Амбасадор и Постојан Претставник на Република Македонија во Обединетите Нации во Њуjорк (2001-2003). За време на овој мандат ја извршувал и функцијата на потпретседавач на Меѓународната конференција за финансирање развојот (Монтереј, 2002) како и на Светскиот Самит за одржлив развој (Јоханесбург, 2002). Дополнително, тој бил член на групата олеснувачи на Претседателот на 56то Заседание на Генералното Собрание на ОН, фокусирајќи се на реформите во ОН, и беше ко-организатор на Регионалниот Форум за Дијалог на Цивилизациите (Охрид, 2003).

На 24 мај 2007, тој е избран за претседател на 62-то Заседание на Генералното собрание на ОН со мандат од 1 година. Приоритети на ова заседание на Генералното Собрание на ОН биле: Справување со климатските промени, Финансирање на развојот, Имплементација на глобалната стратегија за контра-тероризам, Спроведување реформи во ОН и Продолжување на мерките за постигнување на Милениумските развојни цели.

Помеѓу 2008 и 2009 тој беше Специјален пратеник на Генереланиот Секретар на ОН за климатски промени.

Од 2008 год Д-р Керим е член на Советот на поранешни претседатели на Генералното Собрание на ОН.

На функцијата го наследува Никарагванецот Мигел д'Еското Брокман.

Стопанственик[уреди | уреди извор]

Помеѓу 1992 и 1994 Д-р Керим бил Потпретседател на „Copechim – France во Париз.

Во 2003 е назначен како Специјален Претставник на WAZ Media Group за Југоисточна Европа и Генерален Директор на „Ost Holding GmbH,“ со седиште во Виена. Од 2003 до 2012 година тој беше Генерален Директор на подружницата „Медиа Принт Македонија.“ Во 2004 г. тој бил назначен и како Претседавач на Одборот на подружницата на WAZ Media Group „Весници и списанија Политика“ во Белград и ја извршувал оваа функција до 2007 г. Помеѓу 2008 и 2012 тој исто така бил и член на Одборот на Хрватска подружница „Europa Press Holding.“ Помеѓу 2004 и 2007 Д-р Керим беше Претседател на Македонско-Германската Асоцијација за Економија, а од 2008 ја извршува оваа функција во почесно својство.

Од 2012 година д-р Керим е претседател на Одборот на Директори на „Медиа Принт Македонија.“

Професор и академик[уреди | уреди извор]

Академската кариера на д-р Керим започнува во 1972 г. на Економскиот Факултет при Универзетот во Белград како Асистент, а подоцна и како професор на катедрата за Меѓународни економски односи.

Во периодот на последната декада тој оддржал повеќе од 100 предавања на меѓународни конференции на теми: глобализација, економии во подем, одржлив развој, климатски промени на универзитетите ширум светот меѓу кои Универзитетот Њуjорк и Универзитетот во Хамбург. Од 2011 до 2014 г. Тој бил професор по меѓународна економија и меѓународни односи при Универзиетот ФОН, а моментално, тој е професор по предметот Развој на глобален бизнис при Универзитетот на Југоисточна Европа во Македонија.

Срѓан Керим има звање доктор по економски науки од Економскиот Факултет при Универзитетот во Белград.

Писател и уметник[уреди | уреди извор]

Д-р Керим е автор на 11 книги, на теми од меѓународна политика, економија и младите вклучувајќи една збирка поезија, меѓу кои:

  • Мостови кон иднината - меѓународните односи на преминот од 20 кон 21 век“, „Матица македонска“, Скопје, 2005[2]
  • „Обраќања“, „Матица македонска“, Скопје, 2010[3]

Кандидат за Генерален секретар на Обединетите нации[уреди | уреди извор]

Срѓан Керим е кандидат за следен Генерален секретар на ООН кој ќе го наследи Бан Ки Мун, со почеток на мандат во 2017 година. Тој беше првиот кандидат кој а достави својата кандидатура. Приоритети кои др. Керим ги предлага се: Демократско владеење и реформа на ООН; Безбедност; Одржлив развој и климатски промени; Родова рамноправност, образование и граѓанско учество; и, Миграции. По принципот на ротација, следниот Генерален секретар би требало да дојде од Источноевропската група, на која и припаѓа Република Македонија. Владата на Република Македонија официјално објави во септември дека ја стои зад кандидатурата на Срѓан Керим за Генерален секретар на ООН.

Одликувања и награди[уреди | уреди извор]

Д-р Керим е наградуван со повеќе одликувања, вклучувајќи ги:

2013    Државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието, Република Македонија

2008    United Nations Millennium Development Goals Award

2008    The Knight Grand Cross Order of Merit of the Italian Republic

2008    The Grand Cross of Merit with star of the Federal Republic of Germany

2008    Grand Decoration of Honor in Gold with Sash for Services to the Republic of Austria

2008    Golden Medal of Honor of the OIER (Organization for International Economic Relations)

2008    Great Cross of Merit with brilliants of the Principality of Liechtenstein

2008    Kentucky Colonel, Highest decoration of the State of Kentucky, USA

2008    Grand Cross of Merit Melitensi Special Class of the Sovereign Order of Malta

2008    Honorary degree of the L.N. Gumilyov Eurasian National University in Astana, Kazakhstan

2007    Honorable Decoration for Merit of the Republic of Albania

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Balkan diplomat seeks to open UN doors“. BBC News. 2007-11-08. Посетено на 2010-05-23.
  2. „ПРОМОВИРАНА КНИГА ОД СРЃАН КЕРИМ Обид за анализа на турбулентниот 20 век“. Време. 19 октомври 2005. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 2010-09-15.
  3. „Промоција на „Обраќања" од д-р Срѓан Керим“. Вест. 2010. Архивирано од изворникот на 2011-07-15. Посетено на 2010-09-15.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Александар Димитров
Министер за надворешни работи на Македонија
2000-2001
Наследник
Илинка Митрева