Ѓорѓи Оровчанец
| Ѓорѓи Оровчанец | |
|---|---|
| Министер за здравство | |
| На должноста 13 мај 2001 – 1 ноември 2002 | |
| Претседател | Љупчо Георгиевски |
| Претходник | Петар Милошевски |
| Наследник | Реџеп Селмани |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 10 септември 1951 Прилеп, НР Македонија, ФНРЈ |
| Националност | Македонец |
| Партија | Демократска алтернатива ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-НП Нова алтернатива |
| Сопружник | Дагмар Оровчанец |
| Професија | доктор |
Ѓорѓи Оровчанец (роден на 10 септември 1951 во Прилеп) — македонски лекар, професор и политичар. Во периодот од 13 мај 2001 до 1 ноември 2002 година бил министер за здравство на Република Македонија.
Биографија
[уреди | уреди извор]Ѓорѓи Оровчанец е доктор по медицински науки - специјалист по оториноларингологија[1]. Работел како универзитетски професор. Во периодот по Воениот конфликт во Македонија бил министер за здравство. По поразот на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2002 година, Оровчанец бил избран за пратеник во парламентарниот состав од 2002 до 2006 година. По повлекувањето на Љубчо Георгиевски од водачката функција на ВМРО-ДПМНЕ и основањето на ВМРО-НП, Оровчанец станал член на новоформираната партија и влегол во пратеничката група на партијата по изборите во 2006 година. На 1 март 2007 година Оровчанец објавил дека ја напушта партијата. Во ноември 2007 година Оровчанец ја основал партијата Нова алтернатива, а тој станал нејзин претседател [2].
Како пратеник бил член на Комисијата за надворешна политика и Комисијата за здравство, како и член на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Данска и Република Индонезија [3].
Ѓорѓи Оровчанец професор на ЈЗУ Универзитетска клиника за уво, нос и грло[4] и работи во клиниката Ре-медика.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]| Претходник Петар Милошевски |
Министер за здравство на Република Македонија 13 мај 2001 – 1 ноември 2002 |
Наследник Реџеп Селмани |
- Родени во 1951 година
- Министри за здравство на Република Македонија
- Македонски лекари
- Политичари од Прилеп
- Политичари од Демократска алтернатива
- Политичари од ВМРО-ДПМНЕ
- Политичари од ВМРО-НП
- Пратенички состав 2002-2006
- Пратенички состав 2006-2008
- Политичари од Нова алтернатива
- Професори на Медицинскиот факултет - Скопје
