Дагмар Оровчанец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дагмар Оровчанец
Родена Љубљана, СФРЈ СФР Југославија, денес  Словенија
Починала 25 декември 2017
Скопје, Македонија Македонија
Занимање доктор и професор

Дагмар Оровчанец (словенечки: Dagmar Orovčanec; родена во Љубљана - починала во Скопје на 25 декември 2017) — истакнат македонски гастроентерохепатолог, наставник и стручњак во својата област.

Животопис[уреди | уреди извор]

Професор д-р Дагмар Оровчанец е родена во Љубљана, Словенија. Дипломирала на Медицинскиот факултет во Белград во 1980 година. Својата професинолана кариера ја продолжила во Скопје на Клиниката за гастроентерохепатологија при Медицинскиот факултет, УКИМ – Скопје каде специјализирала, докторирала и супспецијализирала во облата на гастроентерохепатологија. Докторатот и бил во 1999 година на тема „Евалуација на местото и улогата на нехирушко лекување на хемороидната болест со интервенти ендоскопски методи“.

Како професор на Медицинскиот факултет во Скопје била исклучително посветена на факултетот, на студентите, специјализантите, магистрите и докторандите. Од 2007 година била дел од тимот на приватната болницата “Ре Медика” во Скопје.[1]

Професор д-р Оровчанец била сопруга на поранешниот министер за здравство и политичар, истакнат доктор Ѓорѓи Оровчанец.

Починала во Скопје на 25 декември 2017 година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Медицински персонал; Ре Медика
  2. Почина проф. д-р Дагмар Оровчанец. Архивирано од изворникот на 2017-12-29. Посетено на 2017-12-26.