Трајко Славески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Трајко Славески
Министер за развој
На должноста
1999 – 2000
Претседател Љубчо Георгиевски
Претходник Милијана Даневска
Наследник нема[1]
Министер за финансии
На должноста
22 август 2006 – 8 јули 2009
Претходник Никола Поповски
Наследник Зоран Ставрески
Лични податоци
Роден(а) 1960
Охрид, СФРЈ
денес Македонија
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Професија економист, политичар
Вероисповед Православен христијанин

Трајко Славески (роден во Охрид во 1960 година) - професор на Економскиот факултет во Скопје и поранешен министер за финансии (од 2006 до 2009 година) и министер за развој (од 1999 до 2000 година) во владите на ВМРО ДПМНЕ.

Научна кариера[уреди | уреди извор]

Славески дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1983 година, а магистрирал и докторирал на истиот факултет во 1988 и 1997 год., респективно. Последипломските студии ги завршил на Калифорнискиот државен Универзитет во Чико, САД (1986 – 1987 год.) и на Универзитетот Харвард (1989 - 1990 год.). Во март 2003 година бил избран во звањето вонреден професор за предметите Макроекономија и Државна регулација.

Славески бил визитинг професор на Државниот Универзитет во Аризона во 1997 год. Од 1999 год., предавал на последипломскиот студиум „South Easteren European Studies“ на Националниот и каподистриски Универзитет во Атина, Грција.

Славески е автор и ко-автор на пет книги и бројни статии, објавени во Македонија и странство, во научни и стручни списанија, од областа на приватизацијата, економското преструктуирање, економскиот растеж и развој, економските и социјалните функции на државата и др. Учествувал на голем број меѓународни конференции посветени на транзицијата и развојни прашања. Бил раководител на неколку владини проекти од кои произлегле официјални владини документи, како, на пр: Среднорочната стратегија за развој и реформи „Македонија 2003“, (2000 година) и Националната стратегија за намалување на сиромаштијата (2002 година).

Полиња на професионален интерес: микроекономија и макроекономија; политичка економија на транзицијата и приватизацијата; бизнисот и владата (државата); економските и социјалните функции на државата; економика на работната сила; економика на корупцијата и организираниот криминал.

Славески е член на неколку меѓународни истражувачки мрежи. Претседател е на извршниот одбор на невладината организација АМЕ (Асоцијација за модерна економија) со седиште во Скопје и Тетово.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Во периодот 1999 - 2000 год., година Славевски бил министер за развој во владата на Љубчо Георгиевски. Од ноември 2000 до септември 2002 год., ја вршел функцијата советник на министерот за финансии и национален координатор за подготовка на „Националната стратегија за намалување на сиромаштијата“. Во мај 2005 година бил избран за потпретседател на ВМРО ДПМНЕ. Од април 2005 до август 2006 година бил член на Советот на град Скопје. По победата на ВМРО ДПМНЕ на парламентарните избори во 2006 година, на 27 август 2006 година бил избран за министер за финансии. Оваа функција ја извршувал до 10 јули 2009 година, кога бил разрешен од Собранието.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Министерството за развој се обединило со Министерството за економија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Милијана Даневска
Министер за развој
28 декември 19991 ноември 2002
Наследник
нема
Претходник
Никола Поповски
Министер за финансии
28 август 20068 јули 2009
Наследник
Зоран Ставрески