Од Википедија — слободната енциклопедија
Сервет Авзиу (алб. Servet Avziu; Мала Речица 1 октомври 1946) — македонски политички деец, новинар и стопанственик.
Авзиу е роден во тетовското село Мала Речица на 1 октомври 1946 година. Завршил Земјоделско-шумарски факултет во Скопје во 1969 година. Бил член и секретар за земјоделство во Извршниот совет на Собранието на Општината Тетово и директор на Центарот за унапредување на поединечното земјоделство во Тетово. Извесно време бил новинар во РТВ Скопје и раководител на Претставништвото
на ОП „Еренику комерц“– Скопје во Тетово, а потоа (како кандидат на ПДП-НДП) министер без ресор во Владата на Македонија од 1992 година. Бил и амбасадор во Хрватска[1].
|
---|
| Премиер | | |
---|
| Вицепремиери | |
---|
| Ресорни министри | |
---|
| Министри без ресор | |
---|
| |
|