Министер за транспорт и врски на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Министер за транспорт и врски е прв човек во министерството за транспорт и врски на Република Македонија, институција која била основана во 1991 година како Министерство за урбанизам, градежништво и транспорт. Во 2000 година името на министерството било преименувано Министерство за транспорт и врски на Македонија. Актуелен министер за транспорт и врски е Благој Бочварски.

Список на министри[уреди | уреди извор]

Партија

      Независен       СДСМ       ДА       ВМРО-ДПМНЕ       ДУИ

Министри за урбанизам, градежништво, транспорт и екологија (1991-2000)[уреди | уреди извор]

# Име
(роден–починал)
Слика Мандат Политичка припадност
1 Александар Лепавцов
(1935-2008)
20 март 1991 4 септември 1992 Експертска влада
2 Антони Пешев
(1962-)
4 септември 1992 20 декември 1994 СДСМ
3 Димитар Бузлевски
(1941-)
20 декември 1994 29 мај 1997 СДСМ
4 Абдулменаф Беџети
(1959-)
29 мај 1997 30 ноември 1998 ПДП
5 Боби Спирковски
(1948-)
30 ноември 1998 28 јули 2000 Демократска алтернатива

Министри за транспорт и врски (2000-денес)[уреди | уреди извор]

# Име
(роден–починал)
Слика Мандат Политичка припадност
1 Љупчо Балкоски
(1966-)
28 јули 2000 1 ноември 2002 ВМРО-ДПМНЕ
2 Абдулхалим Касапи
(?)
1 ноември 2002 2 јуни 2004 ДУИ
3 Агрон Буџаку
(1957-)
2 јуни 2004 15 ноември 2004 ДУИ
4 Џемали Мехази
(1965-)
15 ноември 2004 28 август 2006 ДУИ
5 Миле Јанакиевски
(1978-)
28 август 2006 13 мај 2015 ВМРО-ДПМНЕ
6 Владо Мисајловски
(1985-)
13 мај 2015 1 јуни 2017 ВМРО-ДПМНЕ
7 Горан Сугарески
(1973-)
1 јуни 2017 31 август 2020 СДСМ
8 Благој Бочварски
(1985-)
31 август 2020 во служба СДСМ