Љупчо Балкоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љупчо Балкоски
Министер за транспорт и врски
На должноста
28 јули 2000 – 1 ноември 2002
Премиер Љубчо Георгиевски
Претходник Боби Спирковски
Наследник Абдулхалим Касапи
Лични податоци
Роден(а) 17 јануари 1966
Струга
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-НП

Љупчо Балкоски (роден на 17 јануари 1966 година во Струга) — македонски политичар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Љупчо Балкоски е роден на 17 јануари 1966 година во Струга. Дипломирал на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.[1]

Во периодот од 1992 до 1999 година бил вработен во градежното претпријатие „БАЛКО Инженеринг“. Во периодот од 1999 до 2000 година ја извршувал функцијата Главен републички инспектор за урбанизам и градежништво при Министерство за транспорт и врски.[2]

Во периодот од 28 јули 2000 година до 1 ноември 2002 година ја извршувал функцијата Министер за транспорт и врски на Република Македонија. По поразот на ВМРО-ДПМНЕ на Парламентарните избори во 2002 година, Љупчо Балкоски станал пратеник. Во периодот од 2003 до 2004 година бил член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, и член на ИК на ВМРО-НП по нејзиното основање, во периодот од 2004 до 2010 година, додека денеска е Генерален секретар на ВМРО-НП.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Собрание на Република Македонија
  2. „vmro-np“. Архивирано од изворникот на 2016-08-17. Посетено на 2017-06-07.
Политички функции
Претходник
Боби Спирковски
Министер за транспорт и врски
28 јули 2000 - 1 ноември 2002
Наследник
Абдулхалим Касапи