Илинка Митрева
Илинка Митрева | |
---|---|
Министер за надворешни работи на Македонија | |
На должноста 13 мај 2001 – 23 ноември 2001 | |
Претседател | Борис Трајковски |
Премиер | Љубчо Георгиевски |
Претходник | Срѓан Керим |
Наследник | Слободан Чашуле |
На должноста 1 ноември 2002 – 28 август 2006 | |
Претседател | Борис Трајковски Љупчо Јордановски Бранко Црвенковски |
Премиер | Бранко Црвенковски Хари Костов Владо Бучковски |
Претходник | Слободан Чашуле |
Наследник | Антонио Милошески |
Лични податоци | |
Роден(а) | 11 февруари 1950 Скопје, НР Македонија, ФНРЈ |
Починал(а) | 1 август 2022[1] Скопје, Македонија[се бара извор] | (возр. 72)
Државјанство | Македонка |
Партија | СДСМ |
Илинка Митрева (11 февруари 1950 во Скопје — 1 август 2022 во Скопје)[1] — македонска политичарка и универзитетска професорка, поранешна министерка за надворешни работи на Македонија и пратеничка од редовите на СДСМ.
По дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје - група романска филологија во 1973 година, магистрирала на Филолошкиот факултет во Белград, а потоа и докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје.
Од 1974 до 2001 работела како помлад асистент, доцент и шеф на Катедрата за романски јазици и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Митрева била професорка по француска книжевност на Катедрата за романски јазици и книжевност од 23 ноември 2001 до 31 октомври 2002 година. Таа била авторка на повеќе стручни и научни трудови.
Функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија ја извршувала од 1994 до 2001 година. Митрева била претседателка на Комисијата за надворешна политика и шеф на Делегацијата на Македонија во Парламентарната димензија на Централно европската иницијатива, шеф на собраниската Група за соработка со Европскиот Парламент и член на Иницијативниот одбор за создавање клубови на НАТО.
Од 13 мај до 23 ноември 2001 била министерка за надворешни работи на Република Македонија. По победата на СДСМ на парламентарните избори во 2002 година повторно е назначена на оваа функција од 1 ноември 2002 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Макфакс (2022-08-01). „Почина Илинка Митрева“. Макфакс. Посетено на 2022-08-01.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Слободан Чашуле |
Министер за надворешни работи на Македонија 2002-2006 |
Наследник Антонио Милошоски |
|
|
- Статии со непотврдени изјави
- Родени во 1950 година
- Починати во 2022 година
- Починати во Скопје
- Политичари од Скопје
- Состав на Владата на Република Македонија од 2002
- Состав на Владата на Република Македонија од 2004
- Министри за надворешни работи на Македонија
- Политичари од СДСМ
- Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“