Министерство за надворешни работи на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Министерство за надворешни работи
Logo na MNR.svg
Лого на МНР
MNR SK.jpg
Зградата на Министерството за надворешни работи
Податоци за органот
Основан 1991
Надлежност Влада на РМ
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 474[1] (2015)
Надлежен министер Никола Димитров
Мрежно место
mfa.gov.mk

Министерството за надворешни работи на Република Македонија е министерство во Владата на Република Македонија задолжено за управување со односите со други земји. Актуелен министер за надворешни работи е Никола Димитров.

Историја[уреди | уреди извор]

Корените на македонската дипломатска активност, во поширока смисла на зборот, датираат уште од раните фази на борбата за национална афирмација и државност. Тие активности, чии носители се истакнати македонски интелектуалци кои живееле и работеле во светските престолнини, имале за цел пронесување на вистината за Македонија пред меѓународната јавност. Од нив попознати се Димитар Влахов, Димитрија Чуповски, Крсте Петков Мисирков, итн.

Со одлуките на Второто заседание на АСНОМ, во 1944 година, конституирана е македонската држава, како федеративен дел од тогашна Југославија.

На 29 април 1969 година, со Указ потпишан од Претседателот на Собранието на СР Македонија е воспоставен нов орган во состав на тогашниот Извршен совет, под назив „Биро за односи со странство“. Ова тело понатаму ќе доживува трансформации, ќе го менува своето име, ќе го проширува и продлабочува доменот на својата активност. Од ова тело, по осамостојувањето во 1991, под името „Секретаријат за односи со странство“, а подоцна „Министерство за односи со странство“, ќе претставува основа на денешното Министерство за надворешни работи на Република Македонија. По тој повод, во 2007 година, 29 април е прогласен за ден на Министерството за надворешни работи.

Почнувајќи од 2013 г., во состав на министерството работи и Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика.[2]

Досегашни министри[уреди | уреди извор]

Детаљ од зградата на министерството

Министри за надворешни работи во Владата на РМ од осамостојувањето во 1991 до денес:[3]

20 март 1991 - 09 февруари 1993 Денко Малески
9 февруари 1993 – 23 февруари 1996 Стево Црвенковски
23 февруари 1996 – 29 мај 1997 Љубомир Фрчковски
29 мај 1997 – 30 ноември 1998 Благоја Ханџиски
30 ноември 1998 – 30 ноември 2000 Александар Димитров
30 ноември 2000 – 13 мај 2001 Срѓан Керим
13 мај 2001 – 30 ноември 2001 Илинка Митрева
30 ноември 2001 – 01 ноември 2002 Слободан Чашуле
01 ноември 2002 – 26 август 2006 Илинка Митрева
26 август 2006 – 14 јули 2011 Антонио Милошоски
14 јули 2011 - 1 јуни 2017 Никола Попоски
1 јуни 2017 - денес Никола Димитров

Цели и приоритети на надворешната политика[уреди | уреди извор]

Република Македонија преку надворешна политика- на билатерален и на мултилатерален план - ги промовира своите национални вредности и интереси. Европската и Трансатланската интеграција е витален интерес за долгорочната стабилност, безбедност и благосостојба на Република Македонија.

  • Промоција на Република Македонија како држава кандидат за членство во НАТО, активно учество воспставената институционална рамка – Партнерство за мир. EAPC, имплементација на Акциониот план за членство во НАТО, со цел создавање на услови поканата за членство да се реализира на НАТО Самитот во 2008 г. Членството на Република Македонија во НАТО ќе значи долгорочна стабилност и безбедност не само за Балканот, туку и за Евро-атлантскиот регион во целина и почеток на финализацијата на концептот за Европа, целовита, слободна и во мир.
  • Интензивирање на активностите сврзани со исполнување на неопходните критериуми и нивна презентација со цел донесување на одлука од страна на ЕУ за добивање датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Како земја-кандидат за членство во ЕУ, Република Македонија во процесот на пристапување гради внатрешно-правни механизми, инструменти и капацитети за хармонизација со правото на ЕУ во оваа област и за остварување активен придонес во развојот на ЗНБП и ЕБОП.
  • Континуирано јакнење на стратешкото партнерство со САД и развивање на сестрани партнерски односи со земјите членки на ЕУ и НАТО, при што Република Македонија посветува особено внимание на односите и соработката и со останатите значајни актери на меѓународната сцена, пред се со Руската Федерација и со Народна Република Кина.
  • Република Македонија во односите и соработката со државите од непосредното соседство промовира добрососедство и пријателство и готовност за сестрана соработка во повеќе области од заемен интерес. Добрососедските односи како еден од приоритетите во надворешната политика на Република Македонија претставуваат наша изворна определба, средство за јакнење на меѓусебната доверба и, едновремено, комплементарен фактор на пристапниот пат на Република Македонија кон ЕУ и НАТО.
  • Градење сестрани односи на соработка меѓу Република Македонија со сите држави од поширокото соседство - како на билатерален план, така и во рамките на регионалните иницијативи и проекти. Република Македонија активно придонесува во градењето на односи на безбедност, стабилност и соработка во Југоисточна Европа, партиципирајќи во постојаните иницијативи за регионална соработка во целиот регион на Југоисточна Европа.
  • Република Македонија континуирано е ангажирана на унапредување и натамошно збогатување на односите со демократски определени држави со кои има во голема мерка традиционално добри и развиени односи.
  • Република Македонија активно учествува во работата на сите значајни меѓународни организации, како на глобално ниво – ОН и специјализираните агенции, СТО, така и во регионалните - ОБСЕ, Советот на Eвропа и др. , како најефикасен начин за заштита на светскиот мир и безбедност од глобалните закани на денешнината: тероризмот, пролиферацијата на оружје за масовно уништување, организираниот криминал, зачувувањето на здрава животна средина, справувањето со економските и социјални проблеми, (не-) почитување на човековите права и друго.
  • Развивање на активна економска надворешна политика во функција на интензифирање и квалитативно збогатување на билатералните економски односи со државите од регионот, Европа и целата мегународна заедница.
  • Поаѓајќи од значењето на националниот идентитет и вредностите на македонскиот народ за суверенитетот, самостојноста и безбедноста на државата, Република Македонија придава особена важност на промоцијата на националниот, културниот и духовниот идентитет надвор од границите на Република Македонија.
  • Грижа за положбата на македонските заедници кои живеат надвор од државните граници и за подобрување на правниот статус и третманот на Македонското Национално Малцинство во другите држави, согласно меѓународните договори како и склучените билатерални спогодби и договори.
  • Учество во мировни мисии (ОН, НАТО, ЕУ) во поддршка на мир, безбедност и стабилност.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]