Уставен суд на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Уставен суд на Република Македонија
Основан1964
НадлежностМакедонија
ЛокацијаСкопје, Македонија
Мрежно местоwww.ustavensud.mk
Претседател
МоменталноНикола Ивановски
Од2016
Зградата на Уставниот суд на РМ во која воедно е сместен и Археолошкиот музеј

Уставниот суд на Република Македонија е орган што ја штити уставноста и законитоста во Република Македонија. Составен е од девет судии избрани од Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Мандатот на судиите трае девет години без право на повторен избор. Судиите на Уставниот суд се избираат од редот на истакнати правници. Уставниот суд избира претседател од своите редови за време од три години и без право на повторен избор.

Надлежности[уреди | уреди извор]

Уставниот суд на Република Македонија ги има следните надлежности:

  • одлучува за согласноста на законите со Уставот;
  • одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите;
  • ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност;
  • решава за судирот на надлежностите меѓу носителите на законодавната, извршната и судската власт;
  • решава за судирот на надлежностите меѓу органите на Републиката и единиците на локалната самоуправа;
  • одлучува за одговорноста на претседателот на Републиката;
  • одлучува за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на здруженијата на граѓаните и
  • одлучува и за други прашања утврдени со Уставот.

Историја[уреди | уреди извор]

Уставното судство во Македонија за прв пат се востановува со Уставот на Социјалистичка Република Македонија од 1963 година, а започнува со работа на 15 февруари 1964 година.

Досегашни претседатели на Уставниот суд на Република Македонија биле:

Прва жена уставен судија била Бранка Циривири - Антоновска, избрана за уставен судија во 1984 година, а прва жена претседател на Уставниот суд - Лилјана Ингилизова – Ристова, избрана за претседател во 2003 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]