Основни судови со основна надлежност во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Основни судови со основна надлежност во Македонија — судови кои ја извршуваат судската власт на Македонија во прв степен. Овие судови за подрачјата за кои се основани, се надлежни да одлучуваат во прв степен по кривични дела и прекршоци.

Основни судови[уреди | уреди извор]

Основните судови се основаат за следниве подрачја на општини:[1]

  1. Основен суд во Берово со седиште во градот Берово за подрачјето на општините: Берово и Пехчево;
  2. Основен суд во Битола со седиште во градот Битола за подрачјето на општините: Битола, Могила, Новаци и Демир Хисар, со судско одделение во градот Демир Хисар;
  3. Основен суд во Виница со седиште во градот Виница за подрачјето на општината Виница;
  4. Основен суд во Велес со седиште во градот Велес за подрачјето на општините: Велес, Градско и Чашка;
  5. Основен суд во Гевгелија со седиште во градот Гевгелија за подрачјето на општините: Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, со судско одделение во градот Валандово;
  6. Основен суд во Гостивар со седиште во градот Гостивар за подрачјето на општините: Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша;
  7. Основен суд во Дебар со седиште во градот Дебар за подрачјето на општините: Дебар и Центар Жупа;
  8. Основен суд во Делчево со седиште во градот Делчево за подрачјето на општините: Делчево и Македонска Каменица;
  9. Основен суд во Кавадарци со седиште во градот Кавадарци за подрачјето на општините: Кавадарци и Росоман;
  10. Основен суд во Кичево со седиште во градот Кичево за подрачјето на општините: Кичево, Пласница и Македонски Брод, со судско одделение во градот Македонски Брод;
  11. Основен суд во Кочани со седиште во градот Кочани за подрачјето на општините: Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево;
  12. Основен суд во Кратово со седиште во градот Кратово за подрачјето на општината Кратово;
  13. Основен суд во Крива Паланка со седиште во градот Крива Паланка за подрачјето на општините: Крива Паланка и Ранковце;
  14. Основен суд во Куманово со седиште во градот Куманово за подрачјето на општините: Куманово, Липково и Старо Нагоричане;
  15. Основен суд во Крушево со седиште во градот Крушево за подрачјето на општината Крушево;
  16. Основен суд во Неготино со седиште во градот Неготино за подрачјето на општините: Неготино и Демир Капија;
  17. Основен суд во Охрид со седиште во градот Охрид за подрачјето на општините: Охрид и Дебарца;
  18. Основен суд во Прилеп со седиште во градот Прилеп за подрачјето на општините: Прилеп, Долнени и Кривогаштани;
  19. Основен суд во Радовиш со седиште во градот Радовиш за подрачјето на општините: Радовиш и Конче;
  20. Основен суд во Ресен со седиште во градот Ресен за подрачјето на општината Ресен;
  21. Основен суд во Свети Николе со седиште во градот Свети Николе за подрачјето на општините: Свети Николе и Лозово;
  22. Основен суд Скопје I во Скопје со седиште во градот Скопје за подрачјето на општините: Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари, Чучер-Сандево, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Илинден и Арачиново;
  23. Основен суд Скопје II во Скопје со седиште во градот Скопје за подрачјето на општините: Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари, Чучер-Сандево, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Илинден и Арачиново;
  24. Основен суд во Струга со седиште во градот Струга за подрачјето на општините: Струга и Вевчани;
  25. Основен суд во Струмица со седиште во градот Струмица за подрачјето на општините: Струмица, Василево, Босилово и Ново Село;
  26. Основен суд во Тетово со седиште во градот Тетово за подрачјето на општините: Тетово, Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце и Теарце и
  27. Основен суд во Штип со седиште во градот Штип за подрачјето на општините: Штип, Карбинци и Пробиштип, со судско одделение во градот Пробиштип.

Судските одделенија на основните судови вршат надлежност на основниот суд за подрачјето на општината за кои е основано.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]