Основен суд Струга

Координати: 41°10′40″N 20°40′52″E / 41.17781918829335° СГШ; 20.681237631154627° ИГД / 41.17781918829335; 20.681237631154627
Од Википедија — слободната енциклопедија
Основен суд Струга
Поглед на судот
Карта
Основан1959
НадлежностОпштина Струга и Општина Вевчани
Местоположбаул. “Струшки кепенци” б.б.
Струга, Македонија
Координати41°10′40″N 20°40′52″E / 41.17781918829335° СГШ; 20.681237631154627° ИГД / 41.17781918829335; 20.681237631154627
Composition methodОсновен суд
Мрежно местоhttp://sud.mk/wps/portal/osstruga

Основен суд Стругасуд со основна надлежност сместен во градот Струга и го опфаќа подрачјето на општините Струга и Вевчани.[1] Воедно, овој суд има и проширена надлежност за подрачјето на судот во Струга.

Судот во Струга ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатите општини. Основниот суд во Струга одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините.

Историја[уреди | уреди извор]

Основниот суд во Струга, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година. Прв претседател на Општинскиот суд Струга бил Митко Донески дипломиран правник од Ресен.[2]

Општинскиот суд во Струга бил основан малку подоцна од другите органи на власта, така да лицата кои ја вршеле судската функција до војната биле вработени на други работни места, а во судската зграда биле сместени други органи. Судскиот одддел во состав на тогашниот околински одбор работел во едно одделение од зградата на Бившиот Околинско начелство, а со формирањето на судот за неговоте потреби била слободена стабената зграда на семејството Мисовци. Од 1951 година до 1952 година, а потоа од 1956 до 1974 година судот бил сместен во просториите на национализирана станбена зграда на семејството Белчеви. Со укинувањето на Струшката околија 1 мај 1952 година, дошло до укинување на општинскиот суд во Струга, а истиот повторно е создаден 1956 година.[2]

Судот добил нова зграда во 1974 година која на 26 јуни 1974 година било нејзиното свечено отворање. Меѓутоа, судската зграда изградена во текот на 1974 година, која содржела 27 канцеларии не ги задоволувала потребите за извршување на надлежноста, бидејќи од 1997 година сите кривични, прекршочни предмети, работни и стопански спорови преминале од окружните и специјализираните судови во надлежност на овој суд. Заради тоа прекршочното одделение било дисциплинирано и сместено во друг дел од градот. за овој проблем, во функција на подобрувањето на условите за работа бил донесен заклучок од страна на Врховниот суд на Македонија за дополнително анагажирање на републичките судски органи во надградбата на судската зграда за што биле изработени неопходните проекти. За финансиската конструкција на целокупниот проект постоела поддршка од Министерството за правда, Судскиот Буџетски Совет и Проектот за модернизација на судството во Македонија. Новата судска зграда со современ архитектонски изглед, современи писарници, судски кабинети и репрезентативни судници свечено била отворена на ден 27 декември 2004 година од страна на Претседателот на судот, Никола Спасески, во присуство на Претсеателот на Врховниот суд на РМ и претставници на Проектот за модернизација на судството во Македонија.[2]

Внатрешна организација[уреди | уреди извор]

Основниот суд во Струга е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение.

Претседатели на судот[уреди | уреди извор]

Од неговото основање во 1945 година, претседатели на ОС Струга биле следниве:

  • Митко Донески

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Закон за судовите“ (PDF). Министерство за правда на Македонија. Службен весник на Република Македонија. Посетено на 11 октомври 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Општи податоци (надлежности и историјат)“. sud.mk. Архивирано од изворникот 2022-11-10. Посетено на 10 ноември 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]