Прејди на содржината

Општина Кавадарци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Кавадарци
Општина
Знаме на Општина КавадарциГрб на Општина Кавадарци
Карта
ДржаваМакедонија
РегионВардарски
Година кога е основана1913 (во рамки на Кралство Србија)
СедиштеКавадарци
Населени места
Управа
  ГрадоначалникМитко Јанчев (ВМРО-ДПМНЕ)
Површина
  Вкупна992,44 км2 (383,18 ми2)
Население (2021)[1]
  Вкупно35.733
  Густина36/км2 (93/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+043
Регистарски табличкиKA
Мреж. местоkavadarci.gov.mk

Општина Кавадарциопштина во јужниот дел на Повардарието, чии граници допираат до границата со Грција (Општина Меглен, егејскиот дел на Македонија). Голем дел од обработливото земјиште во општината е со лозови насади и Кавадарци е познат во Европа и светот по квалитетното вино и грозјето. Седиште на општината е градот Кавадарци. Градоначалник на Општина Кавадарци е Митко Јанчев.

Географија

[уреди | уреди извор]
Карта на општина Каварадци со атарите/катастарските општини.

Општината ги зафаќа Тиквешијата и висорамнината Витачево и Тиквешкиот (Кавадаречкиот) дел на Мариово. На територијата на општината се наоѓа и познатот рудник Алшар (познат по реткиот минерал лорандит) и фабриката „Голден Игл“ (порано именувана како Фени и Еуроникел. Според површината, со 992,44 км2, Кавадарци е втора најголема општина во Македонија, единствено помала од соседната Општина Прилеп.

Историја

[уреди | уреди извор]

Населбата Кавадарци првпат се споменува во 1519 година, како мала рурална населба во состав на Ќустендилскиот санџак.

Во 1664 година, Евлија Челебија го посетил Кавадарци, кој оставил запис за кавадаречката чаршија, која тогаш организиран градски живот. Наведува дека гратчето е центар на каза со 70 живи села и има 300 покриви со куќи од ќерамиди. Има четири маала, три џамии и една убава бања. Има два ана за трговци и чаршија со околу 74 дуќани.[2]

Како град Кавадарци почнува да се развива во почетокот на XIX век, меѓутоа во околината се наоѓаат археолошки ископини што укажуват дека овде постоела населба уште во античко време и во средниот век. Како сведоци од средниот век се многуте прекрасни средновековни цркви и манастири во околината особено околу пештерите на бреговите на Тиквешко Езеро.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Демографска карта на Општина Каварадци, според пописот од 2002 година.
Густина на населеност на Општина Кавадарци, според пописот од 2002 година.

Според пописот од 2002 година, општината имала 38.741 жител.

НародВкупноУдел (%)
Македонци 37.863 96,79
Албанци 0 0
Турци 47 0,43
Роми 245 1,75
Власи 10 0,07
Срби 142 0,56
Бошњаци 1 0,01
останати 83 0,38
Вероисповед Вкупно
православни 37.332
муслимани 1.164
католици 25
протестанти 4
останати 216
Јазик Вкупно
македонски 38.204
албански 0
турски 47
ромски 245
влашки 10
српски 150
бошњачки 1
останати 84

Во состав на општината влегуваат приградските населби Глишиќ и Ваташа и 38 села: Бегниште, Бојанчиште, Бохула, Брушани, Бунарче, Возарци, Галиште, Гарниково, , Горна Бошава, Грбовец, Дабниште, Добротино, Долна Бошава, Драгожел, Драдња, Дреново, Кесендре, Клиново, Конопиште, Кошани, Крњево, Куманичево, Мајден, Марена, Мрежичко, Праведник, ’Ржаново, Радња, Раец, Ресава, Рожден, Сопот, Страгово, Фариш, Чемерско, Шешково и Шивец.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Градоначалник на општина Кавадарци е Митко Јанчев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил повторно избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[3]

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 19 члена.[4]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. Евлия Челеби. „Пътепис“, София, 1972, стр.267-268.
  3. „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во прв круг за Локалните Избори 2025 година“. Државна изборна комисија на Македонија. 29 октомври 2025. Посетено на 8 ноември 2025.
  4. „Дејуре, платформа за консолидирање на закони“. dejure.mk. Посетено на 2025-11-08.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]