Конопиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Конопиште
Поглед на Конопиште.jpg

Поглед на дел од селото

Конопиште is located in Македонија
Конопиште
Местоположба на Конопиште во Македонија
Координати 41°14′49″N 22°4′35″E / 41.24694° СГШ; 22.07639° ИГД / 41.24694; 22.07639Координати: 41°14′49″N 22°4′35″E / 41.24694° СГШ; 22.07639° ИГД / 41.24694; 22.07639
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Kavadarci Municipality.svg Кавадарци
Област Бошава
Население 55[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1437
Повик. бр. 043
Надм. вис. 660 м
Конопиште на општинската карта
Конопиште во Општина Кавадарци.svg

Атарот на Конопиште во рамките на општината
Commons-logo.svg Конопиште на Ризницата


Конопиште — село во Општина Кавадарци, во областа Бошава, во околината на градот Кавадарци.

До 2004 година, Конопиште претставувал административно седиште на истоимената општина, која ги опфаќала селата во областа Бошава.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Конопиште е стара населба, која порано го носела името Врбница.[2]

Името најверојатно го добива по дивиот коноп којшто расте во изобилство во овој крај.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, во горното сливно подрачје на реката Бошава, на регионалниот пат од Демир Капија за Мариово, а чиј атар се издига високо и се допира со државната гранична линија со Грција.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 27 километри.[3]

Има мошне голем атар, што зафаќа простор од 82 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 5.529 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.551 хектар, а на обработливото земјиште 251 хектар.[3]

Низ селото поминува реката Бошава, кое е сместено на самите падини на планината Кожуф. Достапно е по асфалтен пат од Кавадарци преку висорамнината Витачево и од Демир Капија по земјен пат преку селата Барово и Долна Бошава.

Селото се наоѓа на ниска тераса на десната и осојничава страна на реката Бошава, во подножјето на планината Кожуф. Има збиен тип и издолжен облик. Било поделено на Горно и Долно Маало.[2]

Атарот на историското село Градиште е преземен во рамките на утврдениот атар на селото Конопиште.

Историја[уреди | уреди извор]

Бугарски војници во Конопиште, Прва светска војна (15 мај 1918 г.)

Во XIX век, Конопиште било село во Рожденската нахија во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Бугарското воено разузнавање во 1908 г. вели за селото:

Конопишта [е] чифлик до 150 куќи. Летно време тука доаѓаат Власи за да продаваат сирење или пак преку овде заминуваат за Кавадарци и за железничката станица Демир Капија.[4]


Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција.[3]

Селаните живееле од стока и од планината. Нивите се ретки и неплодни.[2]

Во селото се полни, прочистува и пакува „Горска Вода“ почнувајќи од 2004 година, од страна на претпријатието „Кодинг“, кое е основано во 1987 година. Производниот погон на претпријатието се наоѓа во близина на изворите кои доаѓат од Кожуф, во селото Конопиште. Станува збор за современо опремена фабрика и капацитет на производство до 200 илјади литри дневно.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Конопиште имало 742 жители, од кои 710 Македонци христијани, 18 Албанци христијани и 14 Роми.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Конопиште имало 920 жители.[6]

Од Конопиште потекнува значителна емиграција на населението. Така, селото во 1961 година броело 666 жители, од кои 622 биле Македонци, 35 Срби, петмина Хрвати и двајца жители Црногорци, а во 1994 година само 87 жители, од кои 82 биле Македонци и петмина Срби.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Конопиште имало 55 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[7] 1905[8] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 742 920 707 636 666 392 222 106 87 55
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови[уреди | уреди извор]

Како родови во Конопиште се споменуваат:[2]

  • Староседелци: Пулијовци-Бачовци (3 к.), Аврамовци-Китевци (6 к.), Велковци (6 к.), Колчевци-Андовци (2 к.), Чочковци (1 к.), Барјактаровци (2 к.), Миновци (1 к.), Пецовци (6 к.), Кралевци (3 к.), Бојковци-Витановци (2 к.), Крстевци (6 к.), Камчевци (2 к.), Спасевци (1 к.), Ѓетовци (2 к.), Димковци-Лажовци-Андонијовци (6 к.), Чоковци (2 к.), Видевци (2 к.), Грбевци (2 к.), Галевци (2 к.), Шпртевци (2 к.), Мемчевци (2 к.), Еленовци (4 к.) и Гоцовци (5 к.).
  • Доселеници: Арнаути-Илевци-Весковци (7 к.) доселени се однекаде од планина; Лазарковци (1 к.) доселени се од Рожден во почетокот од 19ти век; Стојовци (1 к.) дошол дедо Стојо од Клиново во почетокот од 19ти век; Џиковци (4 к.) доселени се од селото Бохула; Саблевци (1 к.) доселени се од селото Стрмашево; Димитријовци (1 к.) доселени се од селото Марковјани кај Костур (Егејска Македонија) околу 1872 година; Андоновци (2 к.) доселени се од костурско (Егејска Македонија) околу 1877 година; Вангеловци (2 к.) доселени се од селото Омотско кај Костур (Егејска Македонија) во 1877 година; Цуцулешковци (1 к.) доселени се од селото Куманичево околу 1880 година; Павлевци-Шапкарине (1 к.) доселени се од селото Гарниково; Пановци (1 к.) доселени се од селото Катунди кај Корча (Албанија) околу 1886; Илковци (1 к.) доселени се од Мрежичко; Бојковци (1 к.) доселени се од Куманичево; Степановци (1 к.) доселени се од селото Чемерско; Голевци (1 к.) доселени се од селото Стрмашево; Анѓелевци (1 к.) и Ѓоргевци (1 к.) доселени се од селото Горна Бошава.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Центарот за лечење на наркозависници
Споменик на НОБ
Главната селска црква „Св. Стефан“
  • Амбуланта
  • Пошта (1437)
  • Центар за лечење на наркозависници, отпочнат со работа во 2005 година

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било административно седиште на некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бојанчиште, во која влегувале селата Бојанчиште, Конпиште и Куманичево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Крњево, во која покрај селото Конопиште се наоѓале селата Барово, Бохула, Бунарче, Горна Бошава, Долна Бошава, Крњево, Радња, Страгово, Стрмашево и Чемерско.

Во периодот 1955-1965, селото било седиште на тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0704 според Државната изборна комисија, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 38 гласачи.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 35 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[13][14]
Споменици
Природни реткости
  • Кањите — геолошки локалитет со природни карпести столбови во висина од 20-тина метри
Реки[15]

Личности[уреди | уреди извор]

Занимливости[уреди | уреди извор]

Во хумористичниот серијал „К-15“, ликот Цацко Конопишки е родум од Конопиште.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 14 декември 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 302-305. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 155. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 14 декември 2017 г. 
  4. Материали за военно-географическия обзор на Македония, ІІ Тиквешки район, Печатница „Военен журнал“, София, 1908, стр. 18.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 155.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  10. „Описи на ИМ“. конс. 14 декември 2017. 
  11. „Локални избори 2017“. конс. 14 декември 2017. 
  12. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  14. „Цркви во Ваташката парохија“ (македонски). Повардарска епархија. конс. 9 декември 2017. 
  15. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 14. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 
  16. 16,0 16,1 16,2 Žrtve rata 1941-1945. II. Beograd: Muzej žrtava genocida Beograd. 1996. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]