Мајден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мајден
Сретсело во Мајден.jpg

Улица во селото

Мајден is located in Македонија
Мајден
Местоположба на Мајден во Македонија
Координати 41°9′13″N 21°56′36″E / 41.15361° СГШ; 21.94333° ИГД / 41.15361; 21.94333Координати: 41°9′13″N 21°56′36″E / 41.15361° СГШ; 21.94333° ИГД / 41.15361; 21.94333
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Kavadarci Municipality.svg Кавадарци
Област Мариово
Население 8[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1437
Повик. бр. 043
Надм. вис. 780 м
Commons-logo.svg Мајден на Ризницата


Мајден — раселено село во Општина Кавадарци, во областа Мариово, во околината на градот Кавадарци.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Влез во рудникот „Алшар
Селската чешма во селото

Селото се наоѓа во областа Тиквешко Мариово, јужно од Кавадарци, во крајниот југозападен дел на денешната Општина Кавадарци. Атарот се издига високо и се допира со државната гранична линија со Грција.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 780 метри.[2]

За селото не била водена посебна катастарска евиденција.[2]

Историja[уреди | уреди извор]

Најголемиот подем рудникот го имал во XV и XVI век и во тој период овој регион се развил како рударски и бил познат не само на Балканот, туку и пошироко. Рударската населба Мајдан почнала да се формира од 1877 година. Во тој период рудникот бил даден под концесија на англиско-француска компанија со седиште во Солун.

Во XIX век, Majden било дел од нахија Рожден во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во рамките на атарот на селото се наоѓа познатиот рудник Алшар.

Население[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во фаза на наполно раселување. Тоа во 1961 година броело 306 жители, а во 1994 година само четири жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Мајден имало 8 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[3] 1905[4] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 105 [5] [5] 39 12 5 4 8
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во изборно место бр. 0712 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Мајден, ’Ржаново и Рожден, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница.[7]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 45 гласачи.[8] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 43 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Реки[10]
Ендемски видови

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 12 декември 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 187. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 12 декември 2017 г. 
  3. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  4. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  5. 5,0 5,1 Податоците од населените места Мајден и ’Ржаново, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1953 и 1961 година, се вклучени во податоците за населеното место Рожден.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  7. „Описи на ИМ“. конс. 12 декември 2017. 
  8. „Локални избори 2017“. конс. 12 декември 2017. 
  9. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  10. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 13. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]