Рожден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рожден
Панорама на Рожден.jpg

Панорама на селото

Рожден is located in Македонија
Рожден
Местоположба на Рожден во Македонија
Координати 41°11′12″N 21°57′10″E / 41.18667° СГШ; 21.95278° ИГД / 41.18667; 21.95278Координати: 41°11′12″N 21°57′10″E / 41.18667° СГШ; 21.95278° ИГД / 41.18667; 21.95278
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Kavadarci Municipality.svg Кавадарци
Област Мариово
Население 21[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1437
Повик. бр. 043
Надм. вис. 920 м
Рожден на општинската карта
Рожден во Општина Кавадарци.svg

Атарот на Рожден во рамките на општината
Commons-logo.svg Рожден на Ризницата


Рожден — село во Општина Кавадарци, во областа Мариово, во околината на градот Кавадарци.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Селото се наоѓа во крајниот југозападен дел од Општина Кавадарци, под источната падина на планината Козјак, а чиј атар се издига високо и се допира со државната гранична линија со Грција.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 920 метри.[2]

Има мошне голем атар, што зафаќа простор од 81,9 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 6.939 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 436 хектари, а на пасиштата 270 хектари.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Рожден било седиште на село истоимената нахија во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Рожден имало 984 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Рожден имало 640 жители.[4]

Од селото се иселил поголем број од населението и тоа преминало од средно во мало село, населено со македонско население, но денес доведена во фаза на раселување. Така, во 1961 година селото броело 681 жител, додека во 1994 година бројот се намалил на само 27 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Рожден имало 21 жител, од кои 19 Македонци и 2 Срби.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 984 640 846 1.028[7] 681[7] 446 188 30 27 21
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Спас“
Споменик на НОБ

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Рожден, во која влегувале селата Клиново и Рожден.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Мрежичко, во која покрај селото Рожден се наоѓале селата Бојанчиште, Клиново и Мрежичко.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0712 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Мајден, Р’жаново и Рожден, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница.[9]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 45 гласачи.[10] На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 43 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[12]
Споменици

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Во Рожден од 1980 година редовно на Ѓурѓовден се одржуваат „Рожденски средби“ на кои доаѓаат сите иселеници од местото. Во присуство на две до три илјади луѓе се спроведуваат црковни обреди со јавни наддавања за донирање на разна стока од чија продажба се собираат средства за црквата. На овие средби учество земаат и естрадни уметници, а се држи и говор за загинатите од НОБ, по што следи полагање венец крај споменикот на 11. жртви од НОБ со кои Рожден е второто село од Општина Кавадарци по бројот на загинати војници по Ваташа. Средбите се со долга традиција и тоа е прилика во која се среќаваат роднините и пријателите по потекло од ова село, кои живеат во странство и специјално доаѓаат за средбата.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Од 2016 година, низ селото поминува патеката за долгиот маратон во планински велосипедизам на дводневниот фестивал на отворено Алшар - допри го сонцето, кој се одржува во текот на јуни.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 10 декември 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 261. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 10 декември 2017 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 155.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. 7,0 7,1 Податоците од населените места Мајден и ’Ржаново, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1953 и 1961 година, се вклучени во податоците за населеното место Рожден.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  9. „Описи на ИМ“. конс. 10 декември 2017. 
  10. „Локални избори 2017“. конс. 10 декември 2017. 
  11. „Претседателски избори 2019“. конс. 5 мај 2019. 
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]