Возарци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Возарци
Панорама на Возарци 2.jpg

Панорамски поглед на селото

Возарци се наоѓа во Republic of Macedonia
Возарци
Местоположба на Возарци во Македонија
Координати 41°25′48″ СГШ 21°55′28″ ИГД / 
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Kavadarci Municipality.svg Кавадарци
Област Тиквеш
Население 910[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1424
Повик. бр. 043
Надм. вис. 160 м
Слава Ѓурѓовден
Commons-logo.svg Возарци на Ризницата


Возарци — село во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Селото се наоѓа во северниот дел од Општина Кавадарци, непосредно од десната страна на Црна Река, како истек на вештачкото Тиквешко Езеро.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 160 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 8 километри. Селото е сместено на самиот регионален пат Кавадарци-Прилеп.[2]

Атарот зафаќа простор од 7 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 303,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 296,3 хектари, а на шумите само 3,4 хектари.[2]

Селото се наоѓа во рамница на десниот брег на Црна Река. Селото има правоаголен карактер.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото за време на Првата светска војна (француска разгледница)

Селото било христијанско од чифлички тип.[3]

Во XIX век, Возарци било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Згура исфрлена од комбинатот „Фени Индустри“ во близина на селската црква

Селото има полјоделска функција.[2]

Селаните биле орачи и чифчии за време на турското ропство на чифликот на Синановци од Кавадарци. Во близина на селото поминувал штипско-прилепскиот друм, а во близина на населото се наоѓал и Возарчански Хан. До 1890 година од селото па до Кавадарци се одржувал голем панаѓур за Ѓурѓовден.[3]

Денес, населението главно се занимава со земјоделство, особено со лозарство. Во селото се наоѓа најголемиот метарлуршки погон во Македонија, фабриката „Фени Индустри“. Во селото постојат повеќе продавници и угостителски објекти. Покрај Фени, во селото постојат погони на компанијата „Урбан Инвест“ и „Мозаик Стоун“, седиштето на бензинските пумпи „Црна Река“, винарската визба „Кит-Вин“, електричната централа „ХЕЦ Тиквеш“, земјоделската задруга „Гоце Делчев“, „Евро млин“ и други.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Возарци имало 195 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Возарци имало 136 жители.[5]

Возарци има позитивен популациски биланс. Селото, во 1961 година броело 386 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 884 жители, од кои 878 биле Македонци, а пет жители Срби.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Возарци имало 910 жители, од кои 904 Македонци, 5 Срби и 1 останат.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 195 136 338 331 386 652 857 878 884 910
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Родови[уреди | уреди извор]

Како родови во Возарци се споменуваат:[3]

  • Старинци од старото село: Тренчевци 3 к.; Димовци 2 к.; Мицовци 3 к.; Камчевци 2 к.; Аневци 1 к. и Саздовци 1 к..
  • Понови доселеници: Андовци 3 к.; Андовци 1 к.; Лазовци 1 к.; Ѓошевци 1 к.; Лазевци 1 к.; Димковци 1 к.; Гочевци 1 к.; Јованчевци 1 к.; Ѓорѓовци 1 к. и Ризовци 1 к..

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Возарци, во која се наоѓале селата Брушани, Возарци и Шивец.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дреново, во која покрај селото Возарци се наоѓале селата Брушани, Галиште, Грбовец, Дебреште, Добротино, Драдња, Дреново, Кесендре, Мрзен Ораовец, Праведник, Раец, Фариш, Шешково и Шивец.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Богородица“

Селото е опфатено во склоп на изборното место бр. 0698 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Шешково, Драдња, Галиште, Праведник и Возарци, кое е сместено во основното училиште во село Возарци.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 755 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[12][13]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото постои фудбалскиот клуб ФК Црна Река.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од селото се имаат иселено 10 муслимански куќи во Мала Азија во периодот пред Првата светска војна.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 10 февруари 2018 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 57. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 10 февруари 2018 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 445-446. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 154.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  9. „ООУ Страшо Пинџур“. http://www.ou-strashopindzur.com/content.php?cat=1. посет. 10 февруари 2018 г. 
  10. „Описи на ИМ“. http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html. посет. 10 февруари 2018 г. 
  11. „Локални избори 2017“. https://rezultati.sec.mk/Local/Results?cs=mk-MK&r=r&rd=r1&eu=All&m=35&ps=879#. посет. 10 февруари 2018 г. 
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  13. „Цркви во Маренската парохија“ (на македонски). Повардарска епархија. http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=378&Itemid=55. посет. 10 февруари 2018 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]