Голема Страна (Возарци)
Голема Страна — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Возарци. Претставува некропола од доцноантичко време.
На левиот брег на Црна Река, од спротивната страна на наоѓалиштето Кале, кај самиот влез во клисурата се гледаат делови од камени плочи од гробови од типот циста.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Кале — утврдена населба од доцноантичко време спроти ова наоѓалиште
- Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 145. ISBN 9989-649-28-6.