Васов Град (археолошко наоѓалиште)
Изглед
„Васов Град“
| |
Местоположба | 41°10′12″N 22°02′12″E / 41.17000°N 22.03667°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Мрежичко |
Општина | Кавадарци |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Васов Град (или Власов Град) — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Мрежичко. Претставува утврдена населба од доцноантичко време.
На оддалеченост од 5,5 км од селото, на падините на Кожуф, на истоимената палеовулканска купа (рид) со зарамнет врв се гледаат грамади од градежен камен, фрагменти од керамички садови, питоси и згура од топена руда. И. Микулчиќ укажува и на најдени монети од III и IV век.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Васов Град — ридот на наоѓалиштето
- Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 155. ISBN 9989-649-28-6.